Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.177
- Поени од реакции
- 4.133
- Локација
- Охрид
- Веб-сајт
- kladilnica.forumup.com
Кој се пишува на овој форум,тоа е стварно чудо.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Алоо, да сопре да функционира некое звено во државата им от това дека немат влада? И што ако немат влада - да не би да не работат државните им институции? Да не би да им сопраха платите или да нема коj да подпише един указ или што?Абе Бугар се читаш ли ти себеси???Највисоката институција во една земја(Владата) во Белгија не функционира 290 дена.Алооо!!!!
Се чувствувам повикана, пошто одма после мој пост ти е оваа изјава (ако не е така, длабоко се извинувам).Кој се пишува на овој форум,тоа е стварно чудо.
ССакаш да ми кажеш дека ќе те интересира политика ако сите твои потреби се задоволени? Кај нас проблем е дека се не интересира и за се сме експерти, причина - тешка економска состојба! Жителите на Белгија го немаат тој проблем, и затоа државата функционира и покрај тоа што не постои влада.
Прво тешката економска состојба не е најголемата причина за тоа што Македонците се критички настроени кон Европската Унија.Најголемата причина е следнава, кога ти се јавуваат Бугарин, Французин, Грк, и Белгиец и ти говорат за соживот и за намалување на корупцијата во државата, а и самите се тешки гнасотии.Најжалосно е тоа што европскиот народ како македонскиот е овца народ, па лесно го лажат нивните бирократи таму.Многу се лажеш со тоа дека „тешката економска состојба“ е најголемата причина за нашата негативна настроеност кон Европа.На Македонецот веќе му е смачено некој да му говори над глава веќе едно исто дваесет години а самите тие што го говорат тоа не се нешто подобри од Македонија.Првите многу добро знаеме зошто влегоа во Европа, не зошто имаат некакви си прекрасни резултати во Европа на полето на корупцијата.Второ, другите Французите на пример, истотака, кој ги сметам за најарогантниот народ ни продаваат приказни за соживот а и самите не можат да живеат со 100-ина Роми, ги депортираа каде стигнат само не во Франција.Исто и другиве што ги кажав, и они продаваат некои приказни за соживот и за подобра економија а и самите ги имаат истите проблеми.
Локалната самоуправа можеби и се грижи во Белгија, но грижата не е доволна и немањето влада 290 дена не прикажува воопшто добра слика на Белгија.Контраодговор на ова: ако им е толку добро на Белгијците, ќе избереа досега влада и ќе продолжеа со својот живот без омраза.Но, факт е дека тој вештачки балон во Белгија го одржуваат европските бирократи, исто како што го одржуваат тој балон во Македонија кога станува збор за Албанците.Ама тоа не е добра политика, прашање на време е кога ќе пукне тој балон.Еден ќе го повлече „орозот“, а кој ќе биде тоа и самиот не знам.Мене искрено како Македонец ми е смачено од приказните на Брисел, кај нас точно е дека не е совршено, ама не можат да ме убедат дека таму е истотака совршено типичен доказ за тоа им е Зоки Зоруле од Словенија кој за чудо беше обвинет за корупција. Трет случај, борбите во Ирска секоја година што се случуваат помеѓу Католици и Протестанти, таму христијани со христијани не се поднесуваат.......Нека си ги носат приказните, на Македонија доволно и е една покана за стратешки партнер со ЕУ, зошто ние не сме непријатели на народот на ЕУ и готово.
Сосема соодветно размислување, кога се однесува за европа во ситуациии кога не замара за меѓуетнички соживот. Имаше една тема, исто за Белгија, кај што пишав дека неможам да смислам нас да ни продаваат приказни за како ние да го средиме меѓуетничкиот проблем. Но во конкретнава тема се задржав чисто за моментот дека се без влада, а тоа не пречи да функицонираат.
Еве да се изјаснам убаво: многу мразам лицемерие, особено кога потекнува од т.н. „авторитети“! Пред да го посетам Брисел, бев убедена дека е прекрасно место за живеење. Фактот дека се мразат меѓу себе припадниците на двата најголеми народи, Французи и Холанѓани, не менува ништо во однос на тоа како функционира самата држава, и самиот Брисел без влада. Верувај ми дека тоа дури и нормално делува кога се работи за Белгија. Па побогу, французите едно време бараа да се присоединат кон Франција! Меѓутоа, главниот проблем што ние го имаме е со институциите во Брисел. Од таму доааѓаат сите лицемерни пораки за подобар соживот, а тоа не можам да го прифатам. Ама тоа не се белгијци, тоа не се ниту жители на Белгија, тоа се европските бирократски институции, кои мислат дека животот се одвива по одреден план, кои они го скроиле во нивниот мандат. Така да, фрустрацијата која ние ја имаме, не е спрема белгијците, туку спрема еврократите!
Па што тогаш ние се бутаме во ЕУ, кога и таму е исто срање, ако не и полошо:uvo:![]()
Мене токму тоа ми е поентата гледаш и ти самата знаеш.Белгијците се во едно балонче не зошто сакаат туку зошто други ги тераат на тоа.Ние веќе во Македонија го имаме осетено тоа на своја кожа, и не може ниту една бугарска, грчка, или француска приказна да ме убеди во спротивното.Токму тоа ми е поентата, во Белгија другите го одржуваат тој балон зошто ако не го одржуваат ќе пропадне европската идеја, еве ако може така да кажам.Нажалост, луѓето во некои предели од светот не се стигнати на тоа ниво да размислуваат, и за таа фаза е уште прерано да се разговара.Видовме еден СССР како функционираше, видовме една Југославија како заврши иако поделбата беше иницирана баш од таа ЕУ, а и ЕУ така ќе заврши порано или подоцна.
Нека си ги носат приказните кај нив, ние не сме непријатели на ЕУ секако, доволно е едно стратешко партнерство со ЕУ да си имаме, за да не бидеме изолирани како Белорусија на пример, и готово. Ние немаме ништо со таа унија, таа унија ништо ама баш ништо не и донела полза на Македонија а како тргнале работиве и како што запнале нашиве мафијаши домашни, ќе ја натераат и Македонија да си ја свитка кичмата и со свиткана кичма да влезе таму само поради тоа што некој имал воени бази во Егејското Море, а друг зошто имал порта кон Русија.
И најмногу ме иритираат лагите со тоа дека ни биле потребни европските пари за да си ја изградиме државата, ние и да ги добиеме тие пари пак ако не размислуваме со чиста совест пак нема да биде изградена таа држава.Што значи не се важни тука само парите, важно е и нешто друго.
А ако еден народ има чиста совест и паметно одигра, може да просперира и без помошта од некоја си доволно корумпирана унија како нас.
Белгија е внатрешно многу поделена земја,поподелена од Босна и Косово заедно.Фламанците и Валонците се мразат меѓусебе можда повеќе и од Израелците и Палестинците.Вештачки ги тераат на соживот,ама кога-тогаш ќе пукне во Белгија.
Ако сакаш за нас да збориме, еве јас што мислам. Ние сме ти едни пи*ки, на кои што не им треба свиткување на кичма пошто веќе 20 години ни е свиткана. Неможе да ми се праи мене власта дома фраер а да иде надвор и да лиже гз. Значи сакам чиста перспектива: или нека кажат дека по секоја цена идеме у ЕУ и сите за тоа да се стремиме, или нека кажат дека баталуваме евроаспирации, и дека се пренасочуваме кон други алтернативи (што и да се). Кога ќе имаме јасна претстава што е работа, полесно може да го добиеме тоа што ни треба. И во таков случај, кога од никој нема да зависиме, наша и единствено наша ќе си биде вината за што и да ни се случи.
Не само што сме го осетиле, го живееме тоа. Инаку ептен контрадикторно и дискутабилно прашање отворивме, ќе се расплинеме ептен, и има многу варијабли за што би било, а пошто забагаваме од темава, ќе оставам во некоја друга прилика да се доискажеме :smir:Прво да баталиш тотално евроаспирации не оди така, после тоа ти ќе испаднеш демон и ќе кркаш бомби со осиромашен ураниум како што кркаа на Косово српските фраери.Тоа така не се игра со земји кои се појаки од тебе и кои се полицемерни.Типичен пример е Србија.Европјаните играат на карта: бараат оправдување и кога ќе го добијат оправдувањето тогаш ништат се што е пред нив.
Тоа е веќе многупати докажано.А и реков, европскиот народ не ни е крив што бирократите нивни така се однесуваат со нас, и тие се овци како и нас тука.Затоа на Македонија најубаво и е едно стратешко партнерство, на еден начин тоа е неутрална позиција и готово.
Зошто ако го направиме тој потег, ние автоматски за Европјаните стануваме држава која може да се споредува со онаа на Лукашенко, па после ќе следат разгорувањата кај Албанците за војна, па ќе биде Албанците сакаат во Европа и ќе настанат триста глупости тука.Значи таа опција отпаѓа од тие причини за мене.Значи тука ги разбирам македонскиве демо(н)крати.
Друго, сега следи делот со страшливоста.Лошото е тоа што нашите се премногу страшливи, не знаат да најдат баланс во политиката со Европјаните па дозволуваат да не дриблаат како што они сакаат.
Премногу страшливост е штетна за здравјето на луѓето а и на државата, не треба и тоа да го дозволиме, што значи тука се согласувам со тебе.
Поентата ми беше во врска со темата, иако забегав малку и ти се извинувам за тоа но сакав да направам една паралела, зошто Белгија денеска е една цела држава.Македонците многу добро знаат зошто е тоа така, и која е причината и ние го имаме осетено тоа на сопствена кожа.
Дали реков дека Македонците се совршени? Не, реков дека Македонците не се совршени, ама преку глава ми е од приказните на Европа за тоа како тие биле совршени а ние не а кога ќе погледнеш не се нешто поразлични од нас во многу работи.....И да, одма да си ја повлечеме апликацијата зошто не сме за во демо(н)кратска Европа.