Белгиската вицепремиерка предвидува распад на земјата
Актуелната вицепремиерка, министер за социјални прашања и здравство Лорет Онкелинкс, од редовите на франкофонските социјалистите, предвидува колапс на Белгија.
„Веќе не можеме да ја игнорираме (независноста на Фландрија, најразвиениот економски и најнаселен регион на Белгија) желбата на најголемиот фламанската население. Тоа би значело дека мора да се подготвуваме за крајот на Белгија“, вели министерката Лорет Онкелинкс, цитирана од белгиските медиуми, пренесува AFP.
Белгискито крал Алберт Втори во саботата со декрет го ослободен од должноста лидерот на франкофонската Социјалистичка партија, Елио Ди Рупо по негово лично барање, од мисијата што му беше доделена од суверенот да ги води прелиминарните разговори за формирање нова федерална влада на Белгија. Наместо тоа, посредниците во преоварачкиот процес дојдоа до ќор-сокакот, кој од вторник 7-септември ќе треба да го решаваат назначените претседавачи на Домот на пратеници и на Сенатот, Андре Фало и Дани Петерс, преку консултации со политичките лидери.
Ди Рупо, од своја страна претходно изјави дека се обидувал да „ги помири непомирливите“ -, фламанските политички партии, особено на Новата фламански алијанса предводена од лидерот на националистичките „нидерландофони“ - (холандскозборци) Барт Де Вејвер, кој оствари голема победа на парламентарните избори на 14-ти јуни, кој продолжува да инсистира на реализација на редефинирање на федералната структура на Белгија во конфедерација, додека политичките здруженија на франкофонските Белгијци се против промена на постојната административно-територијална поделба на земјата. Во меѓувреме, франкофоните и Новата фламанска алијанса се во преговори да формираат мнозинство за формирање влада.
По оставката на главниот преговарач Ди Рупо кој предвиде политички превирања, сепак е добредојдено назначувањето на посредници во преговорите, вклучително и ангажманот на Де Вејвер.
Аналитичарите во Белгија сметаат дека можна е ескалација на политичката криза во Белгија и во оваа ситуација не ја исклучуваат можноста за одржување нови предвремени избори за составнот на Сојузниот парламент.
Одлуката да се одржат избори во јуни 2010 г., по коишто досега пропаѓаа обидите да се формира влада, беше донесена по оставката на поранешниот премиер, но членовите од неговиот кабинет продолжуваат привремено да ги извршуваат министерските функции. Причината за оваа оставка беше неуспешниот обид на белгиските политичари да се реши проблемот со административната поделба на двојазичната изборна единица од Брисел-Хале-Вилворде, која има специјелен стаус, кој фламанските и валонските партии веќе подолго време безуспешно се обидуваат да го решат.
Инаку, и по параламентарните избори во 2007 г., Белгија функционираше без нова влада речиси девет месеци.