Белгија се распаѓа (апдејт: победија сепаратистите на локалните избори 14-10-12)

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Навистина има Фламански политичари кои би се задоволиле со “автономија’’, но народот предводен од Flemish Interest party, која доби 20% од гласовите во 2007ма бараат независност т.е. рушење на Белгија! Водачот им е Gerolf Annemans, кој отворено зборува за распад на Белгија.

Додатна компликација е што во 2003та ги избришаа внатрешните, ајде да ги наречеме “републички’’ граници, па сега се уфкаат кое е чие.

Важно владата падна, иако кралот не ја прифаќа оставкат ана премиерот Летерм.
 
Da,ama sakam da se primeni Balkanskiot model vo cela Evropa i tie malce neka se zhezhnat i vidat kako e da se rasparcuva drzava.
 
Ако се примени тој модел Франција како прва заедно со Шпанија се на кино... за другите веќе да не зборувам.

Гледајте Тур Де Франс, секоја година се повеќе ги има „локалните знамиња“ отколку тие „државните“... и на нив не им е лесно.
 
Богатите Фламанци повеќе немаат волја да живеат со Валонците

Белгија сигурно ќе се подели?


Двете заедници водат битка за тоа кому би му припаднал Брисел, додека во ЕУ се погласно се зборува дека не треба да се чека крајниот расплет, туку Унијата итно да побара друго седиште

ABAE6DDF85D304449384A2F5149E5011.jpg
Времето забрзано работи против постоењето на обединета Белгија и нема дилеми дека земјата ќе се подели, пишува лондонски "Обсервер", пренесувајќи изјава на Каролин Сегасер, експерт во Центарот за социолошко-политички истражувања од Брисел. Во прилог, направен по повод националниот празник на Белгија, весникот го пренесува мислењето на Сегасер дека "повеќе не постои волја кај двете етнички заедници за изградба на систем што ќе може да опстане на подолго време".
"Обсервер" вели дека некои песимисти во Брисел прогнозираат оти годинашниов национален празник е можеби последниот што по 178 години постоење Белгија ќе го прослави како единствена држава. Главните политички партии засега не заговараат независност, но една фламанска крајно десничарска партија, тврди дека дури 25 отсто од Фламанците се согласуваат со отцепување од Белгија.
Богатата Фландрија на северот каде се зборува холандски јазик, не сака повеќе да плаќа повисоки даноци заради побрз развој на посиромашната Валонија на југот, каде се зборува француски јазик. Годишно за развојот на валонските краишта се издвојуваат 3,6 милијарди долари, па некои белгиски политички аналитичари навестуваат дека на Белгија и претстои мирно раздружување според моделот што го направи поранешна Чехословачка.
CE5EF28920989347BCD39536FE2C17A7.jpg
Главен проблем во сите сценарија за "растурање" на Белгија е сегашниот главен град Брисел, кој иако географски е лоциран во Фландрија, само 11 отсто од неговите жители се Фламанци. Двете заедници водат битка за тоа кому би му припаднала богатата престолнина, додека во меѓународните институции се погласно се зборува дека не треба да се чека крајниот расплет на белгиската внатрешна криза и дека институциите на Европската унија уште од сега би требало да побараат некоја друга локација.
 
Двете заедници водат битка за тоа кому би му припаднал Брисел, додека во ЕУ се погласно се зборува дека не треба да се чека крајниот расплет, туку Унијата итно да побара друго седиште.
Берлин?

Судејки по картата црвените го земат Брисел... но знаејки ги Французите и нивната вековна желба за доминација, верувам дека во Брисел има МНОГУ (ако не и мнозинство) Французи.
 
http://kajgana.com/statija_2167.html

Најновата статија на Кајгана.

Ќе биде *многу* јако во иднина. Живо ме интересира како ќе успеат да го решат овој проблем, и дали.

А ако се распадне седиштето на Европската Унија, кој знае што ќе се случува понатаму со ЕУ...
 
Па веќе рекоа, со сила ќе држат.

Всушност играат на карта на висок БНД, плати и бенефиции, помош од ЕУ -- значи поткуп. Најверојатно ќе се “тетураат’’ така дисфункционални.

Ама не е за занемарување фактот дека петина од населението е ОТВОРЕНО за распшад на Белгија, а во реалноста повеќе. Тоа е многу јак вирус во еден организам. Исто така не е за занемарување ни фактотот дека се вовлечени во производство на дрога, па некој има интерес Белгија да е расклимана, нефункционлана држава.

За Белгија важи поговорката - “ниту лета, ниту оди’’ (веројатно ќе се тркала?)...
 
Одамна се крои капата за Белгија ама дали ке ја докројат незнам :toe:
 
Цела Европа може да се распадне,тоа Шпанија,Франција,Италија,Британија,на сите тие европски сили им се заканува распад
 
све се распадна уштре малце и кина ќе распадне, Грција никако да се распадне!!!
 
Ај нека им е со среќа! Се надевам дека во скоро време и другите земји што имаат проблеми со малцинства ќе ги снајде исто...
немој така а што праиме со нашиве тогаш:ija:
 
Се тоа ќе се распадне ама баш ќе го следиме што како ќе биде. Се кладам дека толкава бучава нема ни едната страна ни другата страна да направи со ветоа и слично за разлика со грциве што се бунат. А баш знам таму имало и некое место кое се викало исто како белгија и слично во некоја трета држава и баж да видиме дали вета ќе паѓаат таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom