Devilish Angel
Лошотија по потреба
- Член од
- 7 мај 2005
- Мислења
- 1.451
- Поени од реакции
- 18
Како и повеќето жени, најверојатно и вие сте навикнати да им се воодушевувате на идеалните тела од модните ревии и насловните страници на познатите модни магазини. Но можеби не знаете дека поголемиот дел од жените, девојките па дури и мажите имаат стрии. Зошто? Поради тоа што тие се неизоставен белег на растењето. Доколку процесот на растење за време на адолесценцијата не ги предизвика овие тенки лузни на кожата, тие можат да се формираат во било кој период од вашиот живот доколку одеднаш се проширите, без оглед на тоа дали станува збор за зголемување на мускулната маса, здебелување или пак бременост. (90% од жените добиваат стрии за време на бременоста).
Што можете да направите во врска со стриите?
Најпрво, бидете стрпливи. Вашите розеви стрии евентуално со текот на времето ќе избледеат. Дали ќе исчезнат или не стриите во голема мера зависи и од видот на вашата кожа; длабочината на стриите и вашата решителност за нивното третирање. Доколку сакате веродостоен барометар за тоа како вашата кожа ќе се однесува кон стриите, присетете се колку брзо бледеат вашите лузни. Стриите всушност се бледи лузни, формирани со истегнувањето на долните слоеви на кожата, со оглед на тоа дека тие не се враќаат во првобитната положба со исто брзина како горните слоеви.
На некои луѓе им се потребни месеци или години за избледување на стриите со едвај видливи линии. Кај некои други пак стриите можат да бидат тенки и да останат на кожата како лузни или вдлабнатини. Докторите велат дека е можно посебните креми за оваа намена да го помогнат избледувањето на стриите но не постои гаранција дека нивните траги ќе станат невидливи. Доколку го изберете овој пат за нивното третирање најдобро е да започнете најрано што можете, посебно добри резултати ќе добиете доколку започнете со третманот веднаш по формирањето на стриите. Бидете истрајни. Повеќето произвоиди треба да се нанесуваат два пати или три пати дневно.