Матура...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Математика не ми беше тешко, иако повеќето што ги прашав како поминале се жалат дека тестот бил тежок. За англиски пак, немаше некој што кажа дека тестот бил тежок. Еден другар ми вели во 9:45 излегол, а пред тоа си проверил се од а до ш, а ние математичарите заглавивме до 12. А и кај нас не дадоа ни дигитрон, ни празни листови за решавање. Го прашав овој што не надгледуваше дали може да шарам на празната страница, ми вика не, не, во никој случај, а имаше некои задачи на заокружување кај што требаше и малце да порешаваш за да дојдеш до резултат, а немаше место. Како и да е, мислам дека поминав прилично арно. Сега може да се кулира :tv: :cug:
 
Математика беше прелесно,основни познавања беа потребни и не беше во никоја тема подлабоко навлезено.Сите што бевме на математика од кај нас излегоа прилично задоволни,дури позадоволни и од македонски.Зошто за математика си сигурен според резултатот дека ти е точен,зошто само еден е,а македонски не е баш така.
 
Дефинитивно математика беше полесно од македонски. Напишав се`, и колку што проверив само на едно од тие со дополнување згрешив, т.е грешка го препишав од листот на кој решавав (дека даваа празни листови кај нас), а дигитрони не беа дозволени.

Од друга страна ми е малце криво дека сите до еден се` испрепишаа, кој од листови шо стави под клупа, формули под тастатура... и после ајде, сите положиле со 5ка.
Браво, интелегенција на кило.

Всушност после ова што го видов во саботата... незнам која беше воопшто целта на матурата.
 
i sto ke kazete, kako pominavte vcera na polaganjeto. jas polagav matematika osnovno nivo, ne bese tesko, osven taa edna zadaca so vietovite formuli, 100 pati probav so moliv da ja resam, listot go istanciv, a ne mi ispagase nikako (doma od prva ja resiv :S ). vo globala lesen bese.
 
Мислам дека државнава матура се одвиваше на тотално разочарувачки ниско ниво. Водечки момент не беше да се постигне зрелоста како што барем јас очекував, туку да се препише колку што се може. А тоа верувајте, не е државно и ама баш ич субјективно. На регуларните тестови поминати овие 4 години немав видено толку масовно препишување колку на дрќавната матура. И следствено на тоа, сите аргументи кои ќе ги изложат теткивите и чичковците од бирото за образование паѓаат во вода и за тоа можеме да им се смееме во фаца, не само ние матуратите туку и сите останати.

За нивото на прашањата, тестот по македонски имаше некаде околу 5-7 двосмилени прашања, осносно елиминаторни, кога се работи за бодовите потребни за упис на факултет. Како за пример, сите зборови кои ги имаше во задачата со подвлекување на неправилно напишаниот збор, се содржат како такви во речникот на македонски јазик.

Сепак, задоволна сум од постигнатото, не заради бодовите кои ќе ги освојам на тестот, туку затоа што научив и зацврстив многу работи кои ќе ми помогнат при студирањето.

П.С. Јас го потцртав взаемно, поради познавањето на дефинициите по математика, каде што викавме заемно нормални прави, а не взаемно нормални.
 
абе јебига... јас се на се едно прашање по македонски ми кажаја и толку... све сам си решив...:toe: знам дека можам да положам...:pipi:
а за ова последново и јас го потцртав взаемно...
 
А да не знае некој кога ќе ги стават на интернет тестовите и точните одговори, како што ги има од пробната??

За пробната ги ставија по резултатите, некаде во февруари...
Некаде крај на јули сигурно ќе ги стават...
 
Мислам дека државнава матура се одвиваше на тотално разочарувачки ниско ниво. Водечки момент не беше да се постигне зрелоста како што барем јас очекував, туку да се препише колку што се може. А тоа верувајте, не е државно и ама баш ич субјективно. На регуларните тестови поминати овие 4 години немав видено толку масовно препишување колку на дрќавната матура. И следствено на тоа, сите аргументи кои ќе ги изложат теткивите и чичковците од бирото за образование паѓаат во вода и за тоа можеме да им се смееме во фаца, не само ние матуратите туку и сите останати.

Не знам колку ќе биде смешно ако некој “препишувач“ ти го земе местото на факултет...

Матурава беше заебанција, воопшто не беше важно кој колку знае, туку кој повеќе препиша....
Ама каква-таква помина, па сега со среќа за упис...
 
не е помината има уште 2 предмети за полагање .. така да не се опуштајте прерано ..
 
не е помината има уште 2 предмети за полагање .. така да не се опуштајте прерано ..

Абе на овие демек строгите, со набљудувачи се препишуваше ептен, има некои деца кои по цели тестови препишале, замисли што ќе биде на интерните?
 
Навистина не ви ја гледам позитивноста во препишувањето. Зошто да му дадам на некој да препише? Утре истиот тој ќе ми биде конкуренција за на факултет и за на работа. Самите си го потценувате знаењето и трудот со тоа што сте им поткажувале на другите, вие сте учеле можеби недела дена деноноќно, а тој/таа/тие затворале кафичи и сега оп ајде браво имаат од кого да препишат, книга не фаќаат и си спијат на таа карта. И на крај знаете што најчесто излегува? Тие личности ќе ја положат матурата со повеќе бодови.
Едноставно не е етички да се препишува на државна матура. Тест, ајде, разбирам, сите препишуваме, ама за вакви сериозни работи во странство има кодекс на честа, ако го прекршиш можно е бркање и од училиште, во овој случај од цел матурски испит.

Не знам колку ќе биде смешно ако некој “препишувач“ ти го земе местото на факултет...

Фала богу некој нормален. Не гледам причина зошто да му поткажете на некој што си го/ја ладел/а додека вие сте се потеле за матура и за тие 4 години средно образование.
За матурава според вашите коментари, можам да заклучам... Добра идеја, лоша реализација.
 
Абе сите се нормални и сите го знаат тоа, само што ќе им текне кога ќе се запишуваат.
Не е работата за 2-3 прашања, некој не е сигурен па ќе му кажеш, или па тебе ќе ти кажат, работата е што некои препишуваа по цели тестови и тоа не така тивко, суптилно, туку на глас, со станување итн. Добра беше идејата, добра беше и реализацијата, проблемот е што премногу попуштија.
 
Се тоа за вештачки да се создаде слика дека се било беспрекорно. Од идната година ќе стегнат, задачите ќе бидат потешки, многу потешки и се така ќе си играат курташак со идните генерации матуранти.
Но, тоа е. Главните, се чини, го немаат положено испитот на зрелоста.
 
Тоа со препишувањето зависи од надгледувачот... Јас ни на двата испита не смеев да се свртам, камоли да кажам нешто на глас...
А на англиски, таа се лутеше ако го оставиш листот со одговори до тебе, да не случајно препишат позади... :D
 
и јас сметам дека беше на мн ниско ниво............супер беше идејата и можеше да се реализира , ама проблемот беше во набљудувачите.тие беа премногу "добри",така да и најслабите ученици ќе имаат се точно одговорено, но земете предвид дека сепак за текстовите никој неможел да им каже,а тие носат најмногу бодови,а посебно кај англиски..така да, колку и да беше нефер,сепак на тој начин барем малку повеќе ќе се докажат подобрите ученици....кај мене на пр имаше такви случаи што си заминуваа без да ги напишат есеите пошто си немаа врска....ама тоа е тоа, во македонија што др може да се очекува....хм...:pipi::pipi::pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom