Матура...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ханзо
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еј, а што заокриживте кај тоа прашањето со тегови... што беше кој го зема златото како прво место... незнам дали ме сфаќате што сакам да кажам... али во одговорите и под а и под в беше точно... само што едниот беше со една рака, а другиот со двете раце...
јас таму го заогружив а... зашто него прво го пишаа а и со една рака дигнал... врска неам... хаха

Под а).
Јас се предводев според тоа како е поставено прашањето, а гласеше:
Кој победил или освоил златен медал на првиот светски шампионат во кревање тегови?

А за какаото првото? Шпанците или Мексиканците? :smir:
 
Под а).
Јас се предводев според тоа како е поставено прашањето, а гласеше:
Кој победил или освоил златен медал на првиот светски шампионат во кревање тегови?

А за какаото првото? Шпанците или Мексиканците? :smir:
аха.. па и ја под а заокружив... ќе видиме...
инаку за твоето јас заокружив за Мексиканците, зашто на почетокот во текстот пишуваше Шпанците од Мексико... а подоле почнаа да ги наречат Мексиканци... според тоа јас пишав Мексиканци... :toe:

Едит: инаку и двајцата победиле... и двајцата освоиле златен медал... само што овој со една рака, а другиов со двете раце... во прашањето воопшто не беше кажано кој се бара... дали тој со една рака или тој со двете раце... :toe:
 
meksikancite , i dosta vise so niv............

a inace mislam deka treba da se napise straotnost a ne stravotnost....a za vzaemno ne znam.....sum cital u matematika:''vzaemno normalni pravi" ...a mozda bea i ''zaemno normalni pravi'' ......

ma ne se zamaram, prvo kje gi pregleduvaat pa kje ja praat granicata pa kje vidime so kje stokmat........
 
аха.. па и ја под а заокружив... ќе видиме...
инаку за твоето јас заокружив за Мексиканците, зашто на почетокот во текстот пишуваше Шпанците од Мексико... а подоле почнаа да ги наречат Мексиканци... според тоа јас пишав Мексиканци... :toe:

Едит: инаку и двајцата победиле... и двајцата освоиле златен медал... само што овој со една рака, а другиов со двете раце... во прашањето воопшто не беше кажано кој се бара... дали тој со една рака или тој со двете раце... :toe:

Да да, јас најмногу се двоумев на тие прашањата од дадените текстови... Имаше неколку така двосмислени кои ги оставив за на крај.

Другото беше во глобала лесно, сепак за нијанса потешко од пробната.
 
јас супер поминав :vozbud: може да ми скинат по 2-3 бода за есејот и вест и писмото....ама не би требало, оти структурно ми е точно, и граматички, е сеа они како ќе оценат, дали има доволно вокабулар или не, тоа е друго...и од делата може 2-3 бода да ми фалат...се на се, очекувам негде 90 бода! 5 мора да ми дадат:se_ molam
сериозно мислите дека некој ќе читат 17 000 есеи на најглупата можна тема на светов...?:smir:
иначе, супер... положииииииииииввввввв:vozbud::vozbud::vozbud:
оценка не е битна...:baeh:
ај сабота англиски и за понеделник се договараме да ојме од класон на пејачка, т.е. на пијанка:cug::cug::cug:
едит - го зезнав то со мексиканците маме им ебем:kesa:
 
Абе специјално за тебе ќе брзаат за до утре:pos2: Јас слушнав дека дури после еден месец ќе кажат.


по брза постапка тоа .. си доплаќаш :pos2::pos2::pos2:

бтв ако се решат последните страници(тие за ретардирани) и имаш уште 8 бода поминуваш , така да не берете гајле, и сепак не беше толку тешко .. ке видиме за 1 месец резултати .. ајде поздрав:pukizv:
 
Требаше да се заокружат Мексиканци и тој првиот билдер, оти тој прв зел злато, без разлика на дисциплина.
И да си кажам дека од овој матурски испит научив некои нови работи. Не знаев дека барем двајца судии треба да палат бело светло за успех на билдерите, сега знам, не знаев за „схоколати“ дека Ацтеките така викале за какао напитокот, сега знам, не знаев дека во чајот е „теин“ сега и тоа знам, не знаев многу работи за чоколадото...:)
 
Требаше да се заокружат Мексиканци и тој првиот билдер, оти тој прв зел злато, без разлика на дисциплина
Некојси Леви Меви така нешто беше. Колку се сеќавам и тројцата имаа освоено златен медал : Леви на првиот светски шампионат, а другиве двајца имаа освоена на олимпијада, во категорија со една или две раце. Барем ја така помнам. А во врска со тоа прашањето за зборовите се направив “паметен“ и го потцртнав и стравопочит и взаемно. Да ставиле „свати“ и „офца“ ќе беше друга прикаска ама шо да прајме. ЈБГ мутави зборови ставиле. Идемо даље на втора утакмица во сабота со почеток од 09:00 часот. Ај пак нека ви е со среќа
 
pod A ) trebase za bilderite......

a za vtora utakmica poleka....ne znam so kje ima angliski, profesorkata ne ne spremase bas mnogu i ne znam so da ocekuvam.....ako znae nekoj pojse neka pise....ama mislam deka i tuka nema da pomineme mnogu tesko i deka kje bide istata atmosfera kako i denes ......
 
Таман беше матурата, ниту лесна ниту тешка, баш како што треба да биде.
 
Не беше тешко воопшто, се` напишав, само кај тоа веста и кај писмото имам по едно 3-4 збора плус, никако не ми стигаа предвидените :/

Патем,
а) какаото е кај Мексиканците
б) билдерот-прв првак е под а)
в) грешно напишан е “стравотен“, треба “страотен“ (ни ја не бев сигурна, ама сите така рекоа)

Иначе сега се видов на вести ме дадоа и тоа баш во момент како се вртам назад да се исконсултирам :)

За тие што полагаат математика (основно ниво), да си прашам:
а) дали стварно ќе бидат напишани некои формули што министерството ќе ги одреди, и ако има, кои се тие да знам да не ги учам?
б) дали треба да се знаат формулите за топкин исечок, отсечок и калота зошто ја не се сеќавам дека некогаш сум ги учела а еве сега ги глеам во “Математика за матуранти“?

п.с ова што пишувам со под а), б), в) е пошто сум под импресии :)
 
Математика основно мислам дека ги нема топкин исечок, отсечок...бла бла и ги нема потсечена пирамида и потсечен конус, коса пирамида и др. коси тела... И нас ни рекоа дека ќе имало некои формули, таму кај волумените и плоштините. За секој случај ќе си ги поднаучам (иако повеќето ги знам, веќе 2 години само со математика се занимавам, изборните тоа ми беа).

А за денеска, задоволна сум. Не беа тешки прашањата. Со делата никако не можеше да дојде до забуна, мислам дека секој знае дека “Божествената комедија“ припаѓа на ренесансата, “Чичко Горио“ на реализмот, “Т’га за југ“ и “Сердарот“ ги пишав дека припаѓаат на романтизмот, т.е. преродбата во Македонија. А за “Илијадата“ забележав дека имаше општи прашања, за целото дело, додека на пробната се однесуваа само на извадокот. На пр. дека во почетокот на епот Ахил одбива да се бори.

А инаку, погоре видов дека некој прашува што е мотивот на Конески за “Везилка“. Бидејќи основното училиште кај што учев се вика “Блаже Конески“, “Везилка“ ја учевме секоја година за патронатот, како “Оче наш“ ја знам. Мотивот напишав дека е долговековното ропство преку црната и црвената боја, бои кои преовладуваат на македонските традиционални везови.
 
А што беше со празната страница? Не е баш празна ако на неа пишува дека е празна...:pos:
 
Со делата никако не можеше да дојде до забуна, мислам дека секој знае дека “Божествената комедија“ припаѓа на ренесансата, “Чичко Горио“ на реализмот, “Т’га за југ“ и “Сердарот“ ги пишав дека припаѓаат на романтизмот, т.е. преродбата во Македонија.

„Божествена комедија“ припаѓа на хуманизам, претставници на хуманизам се Данте, Бокачо и Петрарка, а на ренесанса Шекспир и Мигуал Де Серевантес. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom