Е тука лежи проблемот, во искривување на фактите од ваша страна!
Како прво во Албанците не се 80% ниту во градот Гостивар, ниту во старата општина Гостивар (каде градоначалник беше Руфи Османи), ни во новава - која ја добивте од Бучко и Макрадули, и со сила се намали бројот на Македонците, само за да не важи за нив бадентеровиот принцип на локално ниво, како цел кон полесно остварување на големоалбанските шовинистички идеали.
Руфи Османи беше во затвор за кршење на Уставот, кој во тоа време не дозволуваше истакнување на знамиња на други држави пред јавни објекти на Република Македонија, меѓу кои се разбира и општините. А тоа е така и во секоја нормална држава и денес, во вашата драга и сакана Албанија. Да не смее да се вее знаме на друга држава пред општинската зграда во Мала Преспа или Ѓирокастро? Значи секаде во свет е така, само за вас „светите Албанци“ се направи исклучок.
Во полицијата беа 5% МАКЕДОНСКИ полицајци од Албанско потекло (а не Алабански, зашто во Гостивар има македонска полиција, а не албанска, веројатно (?)) зашто немаше квалификуван кадар од Албанците, кои не сакаа да одат во полициската академија во Идризово, зашто таму се предавало на македонски, а воопшто и се живо бојкотиравте што е на македонски.
Никој не ве онеправдувал и понижувал, од секогаш сте ги имале најголемите малцински права, во цел свет!