TpH_Bo_OkO
Трноризец
Нестор Алексиев Мирчевски е роден во селото Осој, Мала Река. Датумот на неговото раѓање не конкретизиран, но се претпоставува дека е роден во 1873 година а исклучително богатиот животен век го завршил во 1969 година. "Мајка му Елена, била внука на Петре Филиповиќ - Гарката, односно е ќерка на Стојана, која е ќерка на Јован Филиповиќ. Роден брат на Петре Гарката", забележуваат авторите на книгата, наведуваќи дека Нестор својата наклоност кон резбарската уметност ја почувствувал при една посета, заедно со татка му на неговите роднини - резбари.
Тоа била фамилијата Филиповци кај кои ќе го учи занаетот. "Познато е дека мајсторите Филиповци граделе и беговски конаци во Дебарско, Тетовско, во Гостиварско, а во резбарскиот дел учествувал и Нестор. На 18 години, се вели во книгата, се здобил со мајсторско-резбарско уверение, а набргу потоа стекнал и уверение за столарски занает. Во 1888 година, неговиот татко, исто така резбар, го носи со себе во Софија на печалба каде посетува и основно училиште, но и работи заедно со брат му Лазар, на столарска резба за стилски мебел, тавани, иконостаси и др. Тие работеле во манастирите во Грција, оплеменувајќи ги со иконостаси, просхирнитари и друг потребен мебел, го изработиле исконостасот во црквата "Свето Вознесение" (Свети Спас) во битолското село Брусник, иконостасот во "Свети Јован" во Крушево и др.
Мајсторот резбар, според податоците во книгата, во 1908 година во Бугарија работел заедно со групата на Петар Јосифов Филипов, изработувајќи иконостаси во селата Брацигово и Челопечани а во 1910 кај професорот Иван Травницки, изработувајќи ги сите столбови на иконостасот "Св Параскева" Нова" во Софија. Од тој период датираат и податоците за изработка на икностас во црквата "Света Богородица" во с. Дупени - Љубојно.
Поради својата активност во Битолскиот револуционерен округ, Нестор бил прогонувал од турските власти и заминал во Франција каде работел во резбарско ателје и во фабрика за изработка на мебел во барок и рококо стил, а се споменува и неговата работа и во Белгија. По враќањето, резбарска активност Нестор ја продолжил во Македонија, но и во Бугарија, работејќи заедно со својата тајфа, каде како главен копаничарски мајстор, бил нарекуван "устабашија".
Од Бугарија во Македонија, се преселил во 1923 година, оформувајќи ја својата позната работилница сместена на сегашната улица "Орце Николов" каде ја продолжил резбарска дејност, работејќи на просторот од тогашна Југославија. Во 1946 година, го изработил саркофагот во резба за пренесување и привремено сместување на моштите на Гоце Делчев, а во неговата биографија стои податокот дека изработил над 40 разни иконостаси, бројни икони, мебел и разни пригодни предмети. Авторите на книгата, со особено задоволство ја потенцираат и неговата работа во мермер: "Несторови дела се големиот број изработени скулптури, делови од иконостас како што се на пример, плочите во манастирот во Горно Нерези, мермерните елементи од црквата ’Свети Александар Невски’ во Софија и други".
Сопружниците Несторовски поради недостаток на финансиски средства, не успеале да проучат голем број дела работени на територијата на Бугарија, а останал непроучен и престојот и работата на Нестор во Грција, неговата дејност во Романија. Работејќи на книгата, се соочиле и со фактот дека при посетата на повеќе институции во држава, не можеле да добијат одредени податоци за работата на големиот мајстор.
"Нестор мечтаеше да има своја резбарска школа. За таа цел изградил училишна зграда во селото Сарај крај Скопје, а се обиде и да направи мала хидро - централа за потребата на училиштето со наши средства. Но по извршениот атентат на крал Александар, изостана подршката на државата, а со тоа остана неостварена желбата. Нестор предаваше во Училиштето за применета уметност во Скопје, каде со својот личен пример, настојуваше на учениците да им всади љубов кон резбата. Во нашата работилница поминаа голем број чираци, но сите главно сакаа столарство, а скоро никој не сакаше да научи резбарство" - вели Борис Несторовски.
Неговиот татко, во текот на својата исклучителна резбарска дејност соработувал и со тогашните зографи, со ликовните уметници меѓу кои се наведуваат и Димитар Андонов Папрадишки, Данаил Несторов, Михајло Шојлев, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски и др. Во книгата е забележана и изложбената активност на Нестор почнувајќи од Првата земска стопанска изложба во Скопје во 1928 година, на која Нестор го изложил иконостасот изработен по порачка, на крал Александар, за Караѓорѓевата задужбина во Топола, при што заедно со брат му Лазар бил награден со медал за успех во резбарството. Учествувал и на Првата пролетна изложба на југословенските уметници во 1929 година, на втората изложба на Здружението на ликовните уметници од Вардарска бановина, во 1931 година, а во 1938 на Меѓународната занаетчиска изложба во Берлин, каде тој се споменува под име Нестор Алексиевиќ.
"Нестор Алексиев(ски) редовно се споменува во релевантната стручна литература како име со кое се заокружува историски определената и високо вреднуваната генерација македонски копаничари. Низ својот осумдесетгодишен работен век, оставил голем број дела во дрва и мермер , не само во Македонија туку и во Бугарија, Грција, Романија, Југославија, Франција и Белгија со што го одбележал континуитетот на одделните творечки достигнувања како и залезот на резбата во Македонија", потенцира меѓу другото и д-р Владимир Величковски кој заедно со д-р Елизабета Димитрова, се рецензенти на книгата "Нестор Алексиев Мирчевски - Резбар".