Нестор Алексиев Мирчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Нестор Алексиев Мирчевски е роден во селото Осој, Мала Река. Датумот на неговото раѓање не конкретизиран, но се претпоставува дека е роден во 1873 година а исклучително богатиот животен век го завршил во 1969 година. "Мајка му Елена, била внука на Петре Филиповиќ - Гарката, односно е ќерка на Стојана, која е ќерка на Јован Филиповиќ. Роден брат на Петре Гарката", забележуваат авторите на книгата, наведуваќи дека Нестор својата наклоност кон резбарската уметност ја почувствувал при една посета, заедно со татка му на неговите роднини - резбари.

Тоа била фамилијата Филиповци кај кои ќе го учи занаетот. "Познато е дека мајсторите Филиповци граделе и беговски конаци во Дебарско, Тетовско, во Гостиварско, а во резбарскиот дел учествувал и Нестор. На 18 години, се вели во книгата, се здобил со мајсторско-резбарско уверение, а набргу потоа стекнал и уверение за столарски занает. Во 1888 година, неговиот татко, исто така резбар, го носи со себе во Софија на печалба каде посетува и основно училиште, но и работи заедно со брат му Лазар, на столарска резба за стилски мебел, тавани, иконостаси и др. Тие работеле во манастирите во Грција, оплеменувајќи ги со иконостаси, просхирнитари и друг потребен мебел, го изработиле исконостасот во црквата "Свето Вознесение" (Свети Спас) во битолското село Брусник, иконостасот во "Свети Јован" во Крушево и др.

Мајсторот резбар, според податоците во книгата, во 1908 година во Бугарија работел заедно со групата на Петар Јосифов Филипов, изработувајќи иконостаси во селата Брацигово и Челопечани а во 1910 кај професорот Иван Травницки, изработувајќи ги сите столбови на иконостасот "Св Параскева" Нова" во Софија. Од тој период датираат и податоците за изработка на икностас во црквата "Света Богородица" во с. Дупени - Љубојно.


m98wp4.jpg



Поради својата активност во Битолскиот револуционерен округ, Нестор бил прогонувал од турските власти и заминал во Франција каде работел во резбарско ателје и во фабрика за изработка на мебел во барок и рококо стил, а се споменува и неговата работа и во Белгија. По враќањето, резбарска активност Нестор ја продолжил во Македонија, но и во Бугарија, работејќи заедно со својата тајфа, каде како главен копаничарски мајстор, бил нарекуван "устабашија".

Од Бугарија во Македонија, се преселил во 1923 година, оформувајќи ја својата позната работилница сместена на сегашната улица "Орце Николов" каде ја продолжил резбарска дејност, работејќи на просторот од тогашна Југославија. Во 1946 година, го изработил саркофагот во резба за пренесување и привремено сместување на моштите на Гоце Делчев, а во неговата биографија стои податокот дека изработил над 40 разни иконостаси, бројни икони, мебел и разни пригодни предмети. Авторите на книгата, со особено задоволство ја потенцираат и неговата работа во мермер: "Несторови дела се големиот број изработени скулптури, делови од иконостас како што се на пример, плочите во манастирот во Горно Нерези, мермерните елементи од црквата ’Свети Александар Невски’ во Софија и други".

Сопружниците Несторовски поради недостаток на финансиски средства, не успеале да проучат голем број дела работени на територијата на Бугарија, а останал непроучен и престојот и работата на Нестор во Грција, неговата дејност во Романија. Работејќи на книгата, се соочиле и со фактот дека при посетата на повеќе институции во држава, не можеле да добијат одредени податоци за работата на големиот мајстор.

"Нестор мечтаеше да има своја резбарска школа. За таа цел изградил училишна зграда во селото Сарај крај Скопје, а се обиде и да направи мала хидро - централа за потребата на училиштето со наши средства. Но по извршениот атентат на крал Александар, изостана подршката на државата, а со тоа остана неостварена желбата. Нестор предаваше во Училиштето за применета уметност во Скопје, каде со својот личен пример, настојуваше на учениците да им всади љубов кон резбата. Во нашата работилница поминаа голем број чираци, но сите главно сакаа столарство, а скоро никој не сакаше да научи резбарство" - вели Борис Несторовски.

Неговиот татко, во текот на својата исклучителна резбарска дејност соработувал и со тогашните зографи, со ликовните уметници меѓу кои се наведуваат и Димитар Андонов Папрадишки, Данаил Несторов, Михајло Шојлев, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски и др. Во книгата е забележана и изложбената активност на Нестор почнувајќи од Првата земска стопанска изложба во Скопје во 1928 година, на која Нестор го изложил иконостасот изработен по порачка, на крал Александар, за Караѓорѓевата задужбина во Топола, при што заедно со брат му Лазар бил награден со медал за успех во резбарството. Учествувал и на Првата пролетна изложба на југословенските уметници во 1929 година, на втората изложба на Здружението на ликовните уметници од Вардарска бановина, во 1931 година, а во 1938 на Меѓународната занаетчиска изложба во Берлин, каде тој се споменува под име Нестор Алексиевиќ.


2n66iyq.jpg


"Нестор Алексиев(ски) редовно се споменува во релевантната стручна литература како име со кое се заокружува историски определената и високо вреднуваната генерација македонски копаничари. Низ својот осумдесетгодишен работен век, оставил голем број дела во дрва и мермер , не само во Македонија туку и во Бугарија, Грција, Романија, Југославија, Франција и Белгија со што го одбележал континуитетот на одделните творечки достигнувања како и залезот на резбата во Македонија", потенцира меѓу другото и д-р Владимир Величковски кој заедно со д-р Елизабета Димитрова, се рецензенти на книгата "Нестор Алексиев Мирчевски - Резбар".
 
С'здаден е от мајстор Макри Негриев Фр'чковски от градчето Галичник, Деб'рско и четиримата си синове (двама - иконописци и други двама - скулптори).

През 1895 година изгорјала част от колонката на централната врата на нашија иконостас, но но четири години по-к'сно мајстор Нестор Алексиев от село Осој, Деб'рска околија отново ја изработил, точно в стила на другите части на иконостаса.

13.jpg
 
Е тоа не го знаех. Интересно,човек се учи доде е жив.
 
Трну, абе но се претпоставува дека е роден во 1973 година а исклучително богатиот животен век го завршил во 1969 година.
види прочитај реченицата и види болдираното, да не е некоја печатна грешка? :P напрај му едит таму...
 
Печатна грешка е да...ама нема опција за едит...некој или од админите или модераторот ако може нека измени на почетокот. Наместо 1973, треба да стои 1873
 
Браво за ова, сликата ја барав насекаде.
 
Најдобро да се запознаете со животот и делото на Нестор е да ја побарате книгата напишана од неговите наследници, насловна страна од книгата (слика доле)

nestor002ny7.jpg


nestor001kf9.jpg


На долната слика е семејното стебло на Нестор.

nestor003sa2.jpg
 
Е кајганаџии ај добро утро.Ај да се севтисам на форумот.За овој Нестор не знам по стеблото или ке да е Влав или Евреин или во најдобар случај Мијак(што најверојатно и е).
 
Луге, зарем не гледате од текстот на Трнот дека Нестор е роднина со Гарката, зарем Гарката е евреин или влав. Страшно е што сме влезени во стапицата со имињата. Зарем денешниве деца со име ТЕА, ТЕОНА, МИО, ЛЕО, после 100 години ќе бидат странци и неМакедонци.

Ајде малку слики за да се расчистат работите.

nestor005ea7.jpg


Од оваа слика многу добро се забележува припадноста на Нестор и Сирма. Жените имаат златна срма, мажите кафеаво елече и бели панталони. Еве да се освежиме со тазе слика (доле)

nestor007ju1.jpg


Споредете со горната слика, златна срма и марама за жените, бели панталони и кафен елек. Повеќе не објаснувам на кој етнос му припагаат.

Зарем евреин и влав ќе се мачат со резбање на дрво ????????

Постојат документи каде Нестор е оквалификуван како лош трговец.
 
Нестор, да, е роднина со Петре Гарката, уште еден великан во резбањето, за кој ќе отворам посебна тема.

Инаку, Нестор е чисто Македонско име. Во сите села, луѓето се поделени на кланови, фамилии, најзабележливо е тоа во западна Македонија. Јас потекнувам од фамилијата Несторовци, ама немам линк со Нестор Алексиев...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom