Дај малце ти информирај се , кој владее кај албанскиот блок , зборам пред изборите , рејтинзи , анкети и тн и тн , на крај краева форумов нека ти биде пример за тоа . . . .одговор сакал нејкел од сите места ке ти биде ДУИ и тоа во убедливо водство , факт . Погледни ги резултатите , и ке приметиш огромна разлика пред и по изборите во бројот на гласови што е '' малце '' чудно , дај некој албанец нек ме демантира од форумов , иако и по нив гледам дека не грешам , . И верувај ми се информирав за инцидентиве , не се секирај , знаеш кој е главниот проблем сега на МВР , што треба да прави хајка по голем број активисти на ДПА кои правеле инциденти на избориве , нормално покрај оние на ДУИ , нешто што и неинтелигентен човек би го натерало да свати дека и едните и другите биле дел од нешто што и штети на целава Земја , зар убеден си дека само ДУИ е инволвиран во истово , ДПА се цвеќиња за мирисање ??? Смешно е и наивно е , мижиш пред очигледен факт .
п.с. Не се сите твои другари во земјава бе друже , на крај краева ако ти се другари , биди среќен , им светнало дека и тие се shit .
Мојот став пред изборите беше дека истите се тотално непотребни во Земјава токму поради тоа што бев убеден дека кај албанскиот блок ке има инциденти , иако не очекував дека ке бидат со толкави размери и со човечки жртви .
И самиот кажуваш дека изборите ја помижија земјава , ја изолираа , ја направија една од ретките во Европа , затоа и го поставувам прашањето : Зошто се впуштивме во толкав ризик , да поставиме критериум кој неможеме да го реализираме , тоа е поентата на моите постови . Зошто кога Груевски и Гордана знаеа дека кај албанците нема мирно да помине , и дека ке ни го оцрнат мислењето за нас како Земја бар не го пролонгираа датумот да се смират страстите или на крај краева да чекаат уште 2 години , да работат добро и тогаш повторно народот да ги изгласа на избори кои сакале нејкеле ке мораше да се одржат.
И сите велите албанците се криви , и дефакто сте во право , али оние од Запад не гледаат со исти очи како вас , они не велат : Вие бевте супер али оние албанчиштана ве резилат у секој можен поглед , не не , дал Македонец дал Албанец нив тоа не ги интересира , не вршат класификации , чим се дел од избори на земјата , правилата се универзални и важат за Сите , така да за нив е подеднакво важно и исто кој ги прави инцидентите , без разлика дал е Македонцец или Албанец .