Склекови

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу тешко ми иде со слековиве .. Совет некој да ми даде како да се подобрам ? :)
Ако неможеш да направиш ниту еден склек пробај како типкава на сликата и со тек на време спуштај се се повеќе и повеќе додека не успееш да правиш правилни склекови :)

smith-push-up1.jpg
 
Ако неможеш да направиш ниту еден склек пробај како типкава на сликата и со тек на време спуштај се се повеќе и повеќе додека не успееш да правиш правилни склекови :)

smith-push-up1.jpg

Абе не сум до толку да не можам да направам ниеден склек, али после 12-13- тиот склек немам сила, ми се тресат рацеве.
 
Абе не сум до толку да не можам да направам ниеден склек, али после 12-13- тиот склек немам сила, ми се тресат рацеве.
Тогаш прави пример 3 пати по 5 склека. Или 4 пати по 5 склека... 4 пати по 7 склека... Значи повеќе серии по помалце склекови, со повеќе одмор, со тек на време, ќе го намалуваш времето на одмор, ќе ги намалуваш сериите и ќе ги зголемуваш репетициите.
 
Абе не сум до толку да не можам да направам ниеден склек, али после 12-13- тиот склек немам сила, ми се тресат рацеве.

Можеш да земеш едни како рачки се купуваат од било кои продавници за билдинг, со нив ќе научиш да правиш правилни склекови те. поубаво ќе ги вежбаш мускулите зошто си 20ина сантима повисоко и повеќе се истегнуваш кога се спушташ надоле. Во Орка ти се 400 денари, на други места ти се поскапи.
Порано правев по многу склекови, 2-3 серии дневно по 60-70 склека ама ја скршив раката и после ми правеше проблеми многу кога вежбав. Пред 3 недели некаде си земав такви рачки од Орка и правам скоро секој ден. Почнав со по 7 серии некаде по 15 склека, сега правам 2-3 серии (зависи како ме држат мускулите) од по 25 и останатите од по 20 до одприлика 150 склека дневно.
 
Нешто сум настинат и сега едвај реализирам 30% од склековите што ги правев пред да настинам :mad: Најдобро ќе биде да не вежбам додека не ми помине ова...
 
Со склекови лесно се постигнува plateau. Иако има и напредни верзии на склекови, сепак и тие се ограничени. Единствено ако земете ранец на грб и го наполните со тегови....али мора некој да ви помага цело време.
 
Ако зголемуваат број на повторувања нема да има plateau..

Склековите и вратилото многу се потценуваат.. тие вежби можат многу добро тело да направат само треба редовност и многу труд..
 
Прај ги од стој на раце и нема да има плато долго време а коа ќе дојде веќе ништо нема да ти треба зашто цела своја тежина ти станала лесна.
 
Ако зголемуваат број на повторувања нема да има plateau..

Склековите и вратилото многу се потценуваат.. тие вежби можат многу добро тело да направат само треба редовност и многу труд..
Точно! Треба редовност, многу труд и менување на разните форми на склекови и згибови! Пр. 1ден нормални склекови 2.ден склекови со нозе на столица 3. склекови со споени раце 4. склекови со раширени раце 5.ден "јапонски" склекови 6.ден на топка 7.ден пауза,...
 
Може и така.. Јас мислам подобро е вака..
1 ден максимум склека за пола сат.. 2 ден одмор.. 3 ден максимум склека преку цел ден.. и се така.. На кој како му одговара нека прави се дур има напредок..
 
Може и така.. Јас мислам подобро е вака..
1 ден максимум склека за пола сат.. 2 ден одмор.. 3 ден максимум склека преку цел ден.. и се така.. На кој како му одговара нека прави се дур има напредок..
Не сум го пробал овој начин но мислам дека е добар! Најбитно е да се вежба да не се прекинува процесот на тренинг и секој ден да се оди повеќе и повеќе, не постои максимум за телото.
Утрешната битка се добива на денешниот тренинг.-И.Д.
 
Прво ја ко што знам еве да наречам почетници треба да се прават склекови секој втор ден.
Второ какви се овие јапонски склекови?:)
 
Вака постојат повеќе програми за вежбање, но речиси секоја кажува дека се потребни најмалку 5 дена во седмицата да се вежба.
Јапонски склекови се склекови кои ги користеле воините во феудална Јапонија за зацврстување на нивното тело. Нив на нејапонската популација им ги пренесува првиот нејапонец со црн појас во Нинџутсу, израелецот Doron Navon. Се изведуваат така што треба да се рашират нозете како за шпага, да половиот орган ви биде од 25 до 40 цм од тлото, од оваа позиција со горниот дел на телото склекате нормално и откога ќе ја достигнете најниската позиција го истегнувате целото тело нанапред и одите горе( ова движење треба да наликува како движење на елипса) и повторувате поново и поново додека можете.
Не се за почетници бидејќи потребен е голем напор за нив!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom