Дефиниција
Тип 1 диабетес , исто така познат како инсулино-зависен дијабетес е хронична состојба во човековото тело каде што панкреасот дава многу малку или воопшто не дава инсулин, хормон потребен за да влезе во клетките да произведува енергија.
Различни фактори може да придонесат до појава и развивање на тип 1 диабетесот, вклучувајќи генетски и изложеност на различни вируси. Најчесто тип 1 диабетесот се јавува кај адолесцентите, но се разбира не мора да значи дека може да се појави покасно или подоцна во текот на животот.
Покрај активните истражувања тип 1 диабетесот нема лек сега за сега, но се разбира голема е шансата да се одржи во нормала. Со правилен третман лицата со тип 1 диабет се очекува да живеат поздрав и подолг живот од порано.
Симптоми
·[FONT="] [/FONT]Зголемена жед и постојано уринирање.
·[FONT="] [/FONT]Екстремна глад
·[FONT="] [/FONT]Губење на тежината
·[FONT="] [/FONT]Умор
·[FONT="] [/FONT]Заматен вид
·[FONT="] [/FONT]Сува уста
Консултирајте се со доктор ако често ви се случуваат некои од овие симптоми.
Причини на добивање на диабетесот
Точната причина се уште не е точна. Научниците веруваат дека самиот имунолошки систем е виновен за појавата на тип 1 диабетесот. –Кога самиот имунолошки систем се бори против некои бактерии или вируси тој по некоја грешка ги уништува и клетките во панкреасот кои се специјализирани за производство на инсулин. Генетиката исто така може да има улога во овој процес, и изложивање на одредени вируси може да дојде до поттикнување на диабетесот.
Ризик фактори
·[FONT="] [/FONT]Фалмилијата, историјата на фамилијата (Ако било кој од вашата фамилија го имал пред вас диабетесот, можно е да дојде до негово повторување во поновите генерации, иако шансите за ова се релативни)
·[FONT="] [/FONT]Генетиката
·[FONT="] [/FONT]Локацијата (Бројот на опфатени од диабетесот се зголемува се повеќе ако се движиме подалеку од екваторот)
·[FONT="] [/FONT]Недостаток на витамин Д (Најновите истражувања покажуваат дека витаминот Д има голема улога во превенција на појавување на диабетесот)
Тестирање
Нивото на шеќерот во крвта може да се проверува на неколку начини:
·[FONT="] [/FONT]Проверка на хемоглобин Hba1c (мерење на просекот на нивото на шеќерот на секои 3 месеци)
·[FONT="] [/FONT]Проверка со посебно конструирани апаратчиња за мерење на моменталното ниво на шеќерот во крвта /нормално е да се движи 5.5 – 6.6 mmol/l
Третмани и лекови
·[FONT="] [/FONT]Вбризгување на инсулин преку инсулинско пенкало (инекција)
·[FONT="] [/FONT]Инсулинска пумпа
·[FONT="] [/FONT]Редовна физичка активност
·[FONT="] [/FONT]Редовно мерење на нивото на шечерот во крвта
Само вака може да се добијат оптималните вредности на нивото на шеќерот во крвта воедно и да се заштитиме од подоцнежни компликации како што се:
-Болести на бубрегот
-Болести на срцето
-Проблеми со видот
Хипергликемија (зголемено количество на шеќер во крвта)
Хипергликемија е состојба кога нивото на шеќерот во крвта е зголемен екстремно. Значи нормално нивото на шеќерот треба да се движи околу 5,5 – 6,6 mmol/l. Се во границата на ова е нормално. Се разбира ако се крене 7 или 8 тоа не е нешто премногу опасно за разлика од тоа ако се крене околу 20 или 30, тогаш се јавуваат доленаведените симптоми.
Оваа појава се манифестира со следните симптоми:
·[FONT="] [/FONT]Зголемено уринирање
·[FONT="] [/FONT]Зголемена жед
·[FONT="] [/FONT]Заматен вид
·[FONT="] [/FONT]Глад
·[FONT="] [/FONT]Лошење
·[FONT="] [/FONT]Нецелосна концентрација
Хипогликемија (намалено количество на шеќер во крвта)
За разлика од хипергликемијата , хипогликемијата е драстично намалување на нивото на шеќерот во крвта. Ако нормалата се движи околу границите на 5,5 – 6,6 mmol/l и се случува нивото да падне на пример 2.3 mmol/l тогаш се работи за хипогликемија и мора веднаш да се ургира односно да се земе нешто благо во кое има шеќер со цел да се доведе во нормала.
Симптоми на хипогликемија:
·[FONT="] [/FONT]Зголемено потење
·[FONT="] [/FONT]Глад
·[FONT="] [/FONT]Слабост
·[FONT="] [/FONT]Вртоглавица
·[FONT="] [/FONT]Главоболки
·[FONT="] [/FONT]Заматен вид
·[FONT="] [/FONT]Надразливост
·[FONT="] [/FONT]Нервоза
Диабетесот и лицата со диабетесот и нивната улога во општеството
Пред се мора да се напомене дека диабетесот не е БОЛЕСТ туку состојба на организмот. Лицата со диабетес можат да ги прават истите работи што и останатите луѓе се способни, може да возат авион, да нуркаат, да бидат познати доктори, атлети, спортисти и сл. Диабетесот не е никаква пречка во тоа што сакаш да го исполниш во животот. Ако имаш диабетес не си инфериорен кон општеството туку си на исто рамниште со останатите. Предрасудите ги има, не викам не ама барем не се толку големи како кај останати лица од општеството. Пред се сите сме луѓе, кој со предности кој со недостатоци ама важно е тоа што го живееме овој живот заедно.