Diabetes Mellitus

  • Креатор на темата Креатор на темата izrod
  • Време на започнување Време на започнување
И што најчесто се превзема во такви случаеви?

дијабетичарите кои примаат инсулин знаат дека може да им се случи такво нешто и со себе носат коцки шеќер, и во такви ситуации треба да изедат една
 
Во зависност од тоа колку инсулинот е качен се сместува во група на дијабетичари, така? Ако е во некоја нормална граница може и со орална терапија да се среди или ...? До душа јас не ни знам која е таа нормална граница :).
 
за нормалните граници грубо кажани се 4,4 - 6,6 ммол/л± на гликозата
не се определува од тоа дали инсулинот е качен, туку од тоа дека нема инсулин да го разгради шеќерот
 
А нормалните граници на инсулин се од 3 - 17, на што укажува ако инсулинот е 21, а гликозата 5,3?
 
Ови бројки ги кажуваш од нечиј резултат? Не мора да значи дека ако еднаш инсулинот е повисок, секогаш ќе е повисок, тоа се моменти.
Но доколку има константно високо ново на инсулин, тоа ќе доведува до забрзано разградување на гликозата и ќе се јавува замореност, главоболка, а во екстремни случаи може да предизвика и кома.
Причината може да биде проблеми со панкреасот (како тумор), со ендокриниот систем, а може да биде и премногу вежбање или бременост и доење.
 
Да, реални резултати се и не е случај само еднаш.
Прашањето ми е, дали со пиење на Глукофаш може да се среди тоа, немора да значи дека ќе се третира како дијабет и дека мора да се премине на инсулин, така? Станува збор за едокринот систем, тумор не е пронајден.
 
па не е дијабет. Дијабет има кога инсулинот е на ниско ниво, а овде велиш дека инсулинот е висок. Панкреасот лачи инсулин и тој е дел од ендокриниот систем.
 
Голема утеха е. Ти благодарам, тоа значи дека брзо би се средило, нема да следува макотрпно лечење.
 
а бил некогаш шеќерот (гликозата) повисока од 5.3 ??

На обично испитување на гликозата, најмногу до 7 има стигнато. Но тогаш не се знаеше колку е инсулинот, т.е не го имаа испитано.
 
па добро не било дијабетес никогаш, со еднаш измерено малку повисока гликоза мислам дека не се дава метформин,

Ова веќе не е интересно:))). 4 месеци метформин (глукофаш) и тоа 2 пати дневно по 850мг. Има друг начин да се среди инсулинот, т.е да се доведе во нормални граници?
 
Значи со тоа што бил ПОКАЧЕН инсулинот имало опасност да настане резистенција на инсулин и ПОТОА да настане ДИЈАБЕТЕС, заради тоа докторот дал метформин, со цел да се НАМАЛИ гликозата, а со тоа да се НАМАЛИ и инсулинот.

Е сега, за покачениот инсулин, ако немало друга причина, освен зголемената гликоза, ќе се среди, а ако причината е друга, треба да се испитува. Во случајов иако гликозата е симната, инсулинот повторно е висок, што значи дека има веќе резистенција на инсулин и може да има дијабетес. Ако не се покачува гликозата и ако добро ја регулира со диета мислам дека нема да има проблем.
 
Ти благодарам за се објаснето до сега, се надевам и на некој друг ќе послужи. Препишаната терапија воопшто не е дадена во зависност за гликозата, туку дирекно за инсулинот, зошто и самата докторка смета дека гликозата е во супер граници, еднаш што е покачена е од многу фактори. Сигурно станува збор за друга причина, но како и да е и ова беше доволно објаснето.
 
citam ova i me zamisli malce, jas vo posledno vreme se osekjam umoren non stop ko utepan sum i sea gledam ovde deka moze da e od problemi so insulin ona ova. dali so obicna krva slika moze ova da se proveri ili pa kako?
 
Абе уморни сме сите од стресот:toe:

Нејсе земи си Б-комплекс и планински чај и мака немај:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom