Дефинирајте го Господ!

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување
Site nie na nekoj nachin veruvame vo neshto.. inaku nasheto postoenje ke bide besmisleno...nekoi duri veruvaat deka ne veruvaat vo nishto (ateistite) jas veruvam vo Bog... i koga mi e najteshko i koga nemozham so nekogo da ja spodelam tagata.. edinstveno e TOJ nemiot svedok koj sekogash e tuka da me soslusha! i nikogash ne mi zameruva deka go zamoruvam!!
Немора да веруваме за да има смисла нашето постоење. Можеме да постоиме за да ги реализираме нашите идеји, за да го добиеме она што го сакаме..нели? Каде има верување тука?
Атеистите знаат дека не веруваат, знаат дека сакаат да знаат. Тука нема верување.
 
Човек кој што не верува ама баш во ништо, не само во Бога туку ни во пријатели, роднини, партнер, па ни во себе, си е свој бог на некој начин, под услов да не е разочаран од тоа неверување и согласно на тоа да не бара нови илузии. Всушност, човекот се ослободил од верувањето во илузиите и верува во Ништо! Ништо не е ништо во тој случај туку напротив Вистина којашто максимално исполнува, всушност тоа е Бог. Нема потреба а не ни треба со сила да се верува во таа вистина бидејќи тоа само може да створи погрешна слика за неа. Потребно е само ослободување од илузиите, пустите надежи, верувања и желби и таа сама ќе дојде.
Ако правилно сум го сфатил Лао Це.
 
Значи сепак веруваш во нешто а тоа нешто за тебе е верување во сам себе... затоа и напоменав дека сите ние веруваме во нешто

значи ако не веруваме во нешто Како тогаш ке ни успее да ги реализираме нашите идеи ако не веруваме во успехот... :wink:
 
Верувај слободно, само не прави проблем од тоа. На пример ако не успее не треба да бидеш разочаран, а тоа им се случува на многу луѓе што се разочарале во се и сешто и потонале. Важен е успехот, но не и најважен, ослободи се од императивот и дај се најдобро од себе да успееш, но не ја условувај својата лична среќа од тоа. ОК е нели? :)
 
Човек кој што не верува ама баш во ништо, не само во Бога туку ни во пријатели, роднини, партнер, па ни во себе, си е свој бог на некој начин, под услов да не е разочаран од тоа неверување и согласно на тоа да не бара нови илузии. Всушност, човекот се ослободил од верувањето во илузиите и верува во Ништо! Ништо не е ништо во тој случај туку напротив Вистина којашто максимално исполнува, всушност тоа е Бог. Нема потреба а не ни треба со сила да се верува во таа вистина бидејќи тоа само може да створи погрешна слика за неа. Потребно е само ослободување од илузиите, пустите надежи, верувања и желби и таа сама ќе дојде.
Ако правилно сум го сфатил Лао Це.

Си земам за право да цитирам еден дел од Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи кој во еден дел со наслов: во што верувате .. пишува.
Заблагодарувајки му на верувањето односно менталното прифаќање на она во што верувате....следи успех... Законот на животот е закон на верување, а верувањето најкусо може да се опише како мисла никтната во умот на човекот. Од начинот на кој размислува, чувствува и верува зависи состојбата на неговиот дух, тело и состојба во која живее....

.. јас не го измислив :nesum::smir:
 
Е па супер де... ментално прифаќање на она во што верувате е клучниот израз, не пуста верба и надеж. Агрид! :)
 
Значи сепак веруваш во нешто а тоа нешто за тебе е верување во сам себе... затоа и напоменав дека сите ние веруваме во нешто

значи ако не веруваме во нешто Како тогаш ке ни успее да ги реализираме нашите идеи ако не веруваме во успехот... :wink:
Не не, не е тоа верување.
Верување би било тогаш кога во твојот мозок би имал слика за реалноста и вистината, различна од реалната и вистинската. За да сакаш нешто, доволно е да го сакаш, немора да веруваш.

Како? Само ќе сакаме да ги реализираме, како што кажав, без да веруваме.

Со верувањето само можеме да веруваме дека сме ги реализирале. Доколку почнеме да веруваме на тој начин, тогаш шансите фа го реализираме нашите идеја стануваат помали, да не речам дека исчеснуваат...
 
А јас ќе си дозовлам да го цитирам Св. Јован Дамаскин, кој вели дека „...верувањето е знаење без премногу испитување...„.
 
Епа Дамаскин може знаењето да си го стави во фурна и да распламти оганот бидејќи не му е допечено. Знаење без испитување и без сомнеж и прашања секој пат одново, не е знаење.
 
Знаење, кое никаква врска нема со реалноста, или поголемиот дел од него...
Што ќе ми е такво знаење, кога сакам да знам се` за она околу мене?
 
значи ако не веруваме во нешто Како тогаш ке ни успее да ги реализираме нашите идеи ако не веруваме во успехот... :wink:

А зошто би верувал во некоја натприродна сила за која знам дека нема да влијае на мојот успех???
 
Човек кој што не верува ама баш во ништо, не само во Бога туку ни во пријатели, роднини, партнер, па ни во себе, си е свој бог на некој начин, под услов да не е разочаран од тоа неверување и согласно на тоа да не бара нови илузии. Всушност, човекот се ослободил од верувањето во илузиите и верува во Ништо! Ништо не е ништо во тој случај туку напротив Вистина којашто максимално исполнува, всушност тоа е Бог. Нема потреба а не ни треба со сила да се верува во таа вистина бидејќи тоа само може да створи погрешна слика за неа. Потребно е само ослободување од илузиите, пустите надежи, верувања и желби и таа сама ќе дојде.
Ако правилно сум го сфатил Лао Це.

Да го потенцирам само тоа што го напишав, ослободувањето од желбите не значи нивно отфрлање туку да не се биде зависен од нив, да не те фрлат во беда ако не се остварат. Малку го отупев но мислам дека сега сме јасни со Кафе Лате. :)
Всушност ова е во контекст на познатите зборови - барајте го најпрвин Царството небесно па се друго ќе ви се придодаде. Алелуја.
 
Бог е невидливо семоќно суштество со огромна творечка моќ
 
Епа Дамаскин може знаењето да си го стави во фурна и да распламти оганот бидејќи не му е допечено. Знаење без испитување и без сомнеж и прашања секој пат одново, не е знаење.

А што ти, лично и персонално, имаш кажано а кое може да се нарече совет, мудрост, поука, од кое и другите би можеле нешто да научат?
 
Знаење, кое никаква врска нема со реалноста, или поголемиот дел од него...
Што ќе ми е такво знаење, кога сакам да знам се` за она околу мене?

Желбата за занење за се околу себе е специфика за оние поединци на кои умот им е насочен „надворешно„. што значи дека стрелката од интересот е насочена од нив самите кон нивната околина: таквите поединци, можат да поседувата многу земски сознанија а воедно и да немаат поим за самите себе и за нивната духовна, душевна и телесна состојба.
Веерните пак, имаат ум кој е насочен кон нив самите, тие се т.н. „внатрешни луѓе„, кои внимаваат на своето вкупно однесување: со помисла, со збор и со дело.
Не ми е познато дека досега се родил смртник кон знае(л) се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom