Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
 
Знае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
Мирна, малечка, нова населба, не многу отсечена од централното градско подрачје. Помеѓу Ново Село и Волково, и иако не е којзнае колку инфраструктурно развиена, во близина ги имаш веќе постоечките објекти од Ново Село и Волково, и скоро се ти е на дофат на рака. На 5 минути од Стопански Двор, кај пругата помеѓу Ново Село и Волково е основното училиште од Ново Село. Алтернативно: има основно училиште и во Волково, само што тоа е малку подалеку. Во Ново Село има амбуланта, стоматолошка ординација има на самиот излез од Стопански Двор кон Волково, дополнително - постојат уште две стоматолошки ординации и две амбуланти во Волково, на само 5 минути возење (15-20 минути пеш). Во Волково има неколку поголеми маркети, плус и еден куп маалски продавнички и во Ново Село и во Волково. Спортската сала во Ново Село е исто така кај пругата помеѓу Ново Село и Волково, на само 5 минути пеш од Стопански Двор. Тука е и автобуската станица на која застануваат 22ка и 64ка. 22ката е доста честа линија - имаш автобуси на секои 5 минути, понекогаш дури и почесто од тоа. Плус, нема никаква индустрија во близина - сметај на тоа дека воздухот е далеку почист отколку во централното градско подрачје. Исто така, ја нема и бучавата од автомобилите - навистина мирно место.

Заборавив - во близина на Стопански Двор е и приклучокот за на обиколницата кон Тетово, кој се наоѓа над Волково, што значи - од таму можеш многу брзо да се приклучиш на автопатотите Скопје - Тетово или Скопје - Велес, притоа избегнувајќи го градскиот метеж. Според мене - совршен избор! (y)
 
Знае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
Јас живеам во Стопански, супер место, мирно, инфраструктура хмм, зависи за кој дел збориме, од ширинката лево е средено убаво се до црквата горе, сега ја средија клучката го асфалтираа патот убаво и право нагоре накај Галафарм е позабаталено, то ест до Галафарм има асфалт. Канализација има, струја, вода се што е потребно. Продавнички имаш на 5 минути, исто и автобуската е на толку, редовно 22 ка си поминува.
Има младеж ако си со деца ќе има со кого да се социјализираат и да играат надвор.
Не е лошо како и да е. :)
 
Луѓе има ли некој да каже што се е потребно за да се направи спуштен плафон и колку одприлика би чинело тоа.Добро би било да ми препорачате и некој саглам мајстор за овие работи.
 
Јас живеам во Стопански, супер место, мирно, инфраструктура хмм, зависи за кој дел збориме, од ширинката лево е средено убаво се до црквата горе, сега ја средија клучката го асфалтираа патот убаво и право нагоре накај Галафарм е позабаталено, то ест до Галафарм има асфалт. Канализација има, струја, вода се што е потребно. Продавнички имаш на 5 минути, исто и автобуската е на толку, редовно 22 ка си поминува.
Има младеж ако си со деца ќе има со кого да се социјализираат и да играат надвор.
Не е лошо како и да е. :)
Па тука некаде околу Галафарм... фала на инфо...
 
Здраво дечки ми треба помош.
Имам тавани на старата куќа со трска, е сега сакам на две соби да ги турнам тие тавани со трска бидејќи се потпукнати на неколку места и да ставам други. Се мислам помеѓу гипсени плочи или другата опција мислам дека било со абрид (ми рекоа се поставувало мрежа и готов малтер или така нешто). Ај од вас совет што би ме чинело поефтино да изберам, но ако не се работи за голема разлика што е подобра опција (за гипсените плочи слушам дека доста го сушат воздухот. Ви благодарам однапред на помошта.
 
Мене ако ме прашуваш најдобро е да поставиш Ал профили врз кои ќе поставиш стаклена волна, а сето тоа ќе го затвориш со гипс картон или ОСБ плоча. :)

Во однос на твоите понудени јас би одел со гипс картон:)
 
Денес бев во општина Г.Петров да прашам како иде процедура за добивање дозвола за градење во Стопански двор. Од општината ми рекоа дека тој дел кај што ми е плацот, нема ДУП, дека е во процедура и го опфака мојот плац... ама сеуште не е готово. Можно е да биде готов до година или понатаму. Е сега прашањето ми е дали е можно да градам без таа дозвола? Кои се последиците доколку почнам така, и дали е можно да ме фатат?
Знам дека куките што се веке таму, пола имаат дозволи пола немаат...
Но како е најдобро да направам?
 
дуп моментално има само за градско подрачје, се што е село се поништени плановите и тоа рокот од година дена е знак прашање. можеш да почнеш да си градиш но некој може да те пријави па да те срушат, а и да не те срушат објектот ќе ти остане дива градба нема да можеш да го спроведеш во катастар со што автоматски нема да имаш имотен лист а и опција за легализација нема да имаш.
 
А доколку градам, после тоа можам ли сите документи да ги средам... значи ако градам сега, а после неколку години го средат ДУП?
 
А доколку градам, после тоа можам ли сите документи да ги средам... значи ако градам сега, а после неколку години го средат ДУП?
дуп е детален урбанистички план, и на него се вцртува "идеално" организирање на објекти и улици зеленило и други содржини. Еве да речеме и да изградиш и да имаш било каква ситуација утре да го направиш легален објектот може по дуп да излезе да ти поминува уличка или намена да биде индустрија и слично. Сепак не постои такво нешто како сега градам а утре го правам легален објектот, а тоа е направено така зашто пред се објектот треба да биде планско урбанистички димензиониран т.е. да задоволува одредени закони кои се однесуваат на соседите ( 3 метри одалеченост од сосед со прозорски отвори, 1.2 метри одалеченост од сосед без прозорски отвори итн.) платени комуналии према државата , а доколку не ги исполнуваш основните правила нема ни да можеш да го запишеш објектот во катастар а со тоа да добиеш и валиден документ дека објекот е во твој посед итн.............
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom