Помош - сакам да градам!

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Видете сега..... сакам да правам некои измени кај кровов....... се мислев помеѓу лим и керамида и конечно се одлучив за керамида.

Епа се двоумам помеѓу керамидите на Bramac и Tondach....., па ако некој знае нека ми каже кои се подобри и поквалитетни? :)
 
Вистина ли е дека куќите градени како коцка (пример 10x10) се поиздржливи и постабилни при земјотрес во однос на другите чија форма е правоаголник или нешто слично?:)
 
не .. во прашање е математика т.е. статика на објектот а прашањево беше во стил : дали 1+1+1 е исто што и 1+2 !!!!
 
Во план сум да градам куќа но имам замисла во мојата глава па би сакал да го направам во 3D да имам јасна слика како тоа ќе изгледа.

Дали има некој тука кој знае некаков програм тоа да го направам?
 
Тоа може да ти го направи проектант а за самостојно ти треба таков програм и графичка со 3д
Види овде
 
ај баш ќе пробам со овие да видам дали ќе завршам работа... мене битно ми треба да добијам некоја слика како тоа би требало да изгледа.. потоа ако навистина се решам секако ќе дадам на лице кое работи со такви работи...
 
Јас го користев ChiefArchitect X3 и е добар... нормално кракнат.
 
Во план сум да градам куќа но имам замисла во мојата глава па би сакал да го направам во 3D да имам јасна слика како тоа ќе изгледа.

Дали има некој тука кој знае некаков програм тоа да го направам?
Сликај ги скиците и прати ги овде и ќе ти ги направам.
 
Ај едно прашање... се јавив денеска на еден дечко за градба. Му викам дека имам план за 80м2, подрум, 80м2 приземје и 80м2 поткровје... тоа е 240м2 лаички собрано. Дали знае некој како се рачуна квадратура за градба и слично? Дечково на оваа квадратура ми стави уште 100тина квадрати, стопи, ова она, кров, вака така ми вика тотално 350м2?????
како иде мамтематиката за квадратурата?
 
може би ти зборел за бруто површина а тоа е затворената надворешна линија во која се вклучува и дебелини на ѕидови ... тебе ако ти е нето 240 со бруто би испаднала 300+ сигурно.
нето е корисна површина и се рачуна од внатрешните агли на секоја просторија поединечно без ѕидови.
 
Па ако одам по таа математика ке ми испадне преку 25.000е само за карабина? А познавам дечко што наместо 80м2, има 60м2 без подрум, и комплет карабина со покрив му излегла 14.000е.
Така да не е можно за подрум и плус 3 по 20м2 да ме кошта 10.000?
 
Темелите и кровот се рачунат како половина квадратура на спратот, значи ти имаш 4 х 80 = 320, не знам пак како стигнал до 350 м2.
320 х 70 евра=22400 евра ќе ти искочи тебе.
 
Ај едно прашање... се јавив денеска на еден дечко за градба. Му викам дека имам план за 80м2, подрум, 80м2 приземје и 80м2 поткровје... тоа е 240м2 лаички собрано. Дали знае некој како се рачуна квадратура за градба и слично? Дечково на оваа квадратура ми стави уште 100тина квадрати, стопи, ова она, кров, вака така ми вика тотално 350м2?????
како иде мамтематиката за квадратурата?
Ти ставил +100 квадрати зашто сака да ти украде
Квадратура си е квадратура и не може поголема да излезе.
На 80м2 кога ќе ги собереш надворешните и внатрешните ѕидови ја губиш таа квадратура.
Темелите и кровот се рачунат како половина квадратура на спратот, значи ти имаш 4 х 80 = 320, не знам пак како стигнал до 350 м2.
320 х 70 евра=22400 евра ќе ти искочи тебе.
Каде има за 70 евра квадрат жити се одма да го земам да ми работи.
Испод 90 евра м2 нема шанси да најдеш некој да ти работи.
 
@puno претпоставувам дека ти збореше за изведба на карабина. Да има такви кои работат за 70 евра за квадрат, еве ти пример за такви, но знаеш..... колку пари толку музика.........., сигурно за тие пари не би добил квалитетни материјали и изведба.
:)
 
Тоа се подразбира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom