Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )


  • Вкупно гласачи
    88
Не само религиите, туку и сите здраворазумни научни и философски умови од различни времиња, кои ја имаат истражувано Вселената и „во мало„ и „во големо„ (од атом до Универзум) имаат дојдено до еден и ист заклучок: се во Веселената е така добро и правилно уредено, шпо е невозможно само од себе да настанало-НЕКОЈ тоа НАМЕРНО го создал!
Во православието, таквиот заклучок се нарекува „Закон на природната креација„, според кој, се што е создадено, има и свој Создател.
 
Дали земјата е рамна или не, дали сонцето се врти околу земјата или не, не е прашање на разгледување на ниедна религија и такво нешто не пишува во ниедна света книга, ниту во библијата...

Бидејќи Библијата е отворена за интерпретација (од таму и различните христијански и јудејски деноминации), одредени стихови од Библијата често се користат како аргумент за геоцентричноста на Универзумот.

Палењето научници на клада, инквизицијата и наплатувањето за простување гревови - не се дел од христијанската религија, туку биле применувани од католичката црква во средниот век.

А што рекол Исус, тоа е најмалку предмет на слепо верување или манипулација. Неговите зборови се запишани, секој може да ги прочита, и сам да процени колку вистина има во нив.

Црквата ја водела инквизицијата како своја политика и нема врска со христијанската религија... се сложувам со тоа. Црквата исто така е официјалното тело што има одлучено што Исус кажал, а што не (како што дискутиравме претходно).

Изворната идеја на Христијанството е убава работа. Но толку е валкана и извитоперувана идејата низ вековите од луѓе што ги наметнувале личните убедувања, што не остава премногу простор да се согледа правата Божја вистина.
 
Не само христијаните, туку сите монотеистички религии кажуваат дека сета природа е создадена од Бога. Громот е природна појава, па нема причина зошто би бил разгледуван одделно.

Дали земјата е рамна или не, дали сонцето се врти околу земјата или не, не е прашање на разгледување на ниедна религија и такво нешто не пишува во ниедна света книга, ниту во библијата, ниту во коранот, ниту во талмудот, риг ведите или книгата за Тао. Палењето научници на клада, инквизицијата и наплатувањето за простување гревови - не се дел од христијанската религија, туку биле применувани од католичката црква во средниот век. Овие постапки не произлегуваат од религиозното учење, туку биле одраз на претерано големата политичка и финансиската моќ на папата и католицизмот во периодот по пропаѓањето на Македонската Империја под турско ропство. Папата е единствен верски поглавар кој воедно е и шеф на држава и има реална власт, и не треба да се изедначува државната политиката на Ватикан со христијанските верувања.

А што рекол Исус, тоа е најмалку предмет на слепо верување или манипулација. Неговите зборови се запишани, секој може да ги прочита, и сам да процени колку вистина има во нив.

Пак истото што рекол исус.. Си го чул кога рекол такво нешто , си го видел ,имаш некаков доказ дека некој воопшто го чул..
Неговите зборови се запишани хммм... а да земеш да прочиташ нешто како волшебното самарче или зоки поки и тоа е запишано

Значи на какви факти се потпирате просто неверојатно......
 
Бидејќи Библијата е отворена за интерпретација (од таму и различните христијански и јудејски деноминации), одредени стихови од Библијата често се користат како аргумент за геоцентричноста на Универзумот.





Црквата ја водела инквизицијата како своја политика и нема врска со христијанската религија... се сложувам со тоа. Црквата исто така е официјалното тело што има одлучено што Исус кажал, а што не (како што дискутиравме претходно).

Изворната идеја на Христијанството е убава работа. Но толку е валкана и извитоперувана идејата низ вековите од луѓе што ги наметнувале личните убедувања, што не остава премногу простор да се согледа правата Божја вистина.

- Како може Универзумот да е „геоцентричен„?
- За инквизицијата на форумов е многу пишувано па досега требало да стане јасно чија е таа и со која намера е создадена. Пред 2-3 г, покојниот папа Јован Павле јавно зе извини за постоењето од инквизицијата па јасно е од чиј двор е дојдена истата.
- Посочи пример, во што, каде и како „некој„ ги ннаметнува своите а не религиозните ставови во однос на изворното христијанско учење?
 
- Како може Универзумот да е „геоцентричен„?

Незнам. Еден мудрец на форумов кажа:

Сонцето се врти околу Земјата и тоа е точно оти е очигледно дека е така! А дали Сонцето се врти околу Земјата или е тоа обратно, треба да се примени принципот „тертиум цомпаратиноис„ а не принципот „Коперник/Галилео кажал...„ т.е. принциот „рекла-кажала„.

... па јас го земав здраво за готово.
 
Хмммм...
Ајде да обајснам некои работи.
„Геоцентричност„ значи состојба кога планетата Земја (ге=земја) е гравитационен центар околу кој се се врти, Според тоа, неможе Универзумот да е геоцентричен, кога самиот израз „ге„ значи „земја„ а не „Универзум„. Кога Универзумот би бил геоцентричен, тогаш се би се вртело околу Земјата.
Дека СОнцето се врти околу Земјата, тоа е ОЧИГЛЕДНО: моето око ми вели дека наутро. Сонцето изгрева на исток, се врти околу Земјата, достигнувајќи го својот зенит а попладне заоѓа на запад. И сето тоа моето око ми го пренесува НЕПОСРЕДНО а не што таму некој нешто кажал, дека, наводно Земјата се вртела околу Сонцето. А за тоа што е вистинито, дали Земјата се врти околу Сонцето или е тоа обратно, наведов по кој принцип се расудува: тоа е принципот „споредување со трет„ а не принципот „рекла-кажала„
 
Мики ..извини вака да не згрешив ..ама дали ти тоа велиш дека нашето Сонце се врти околу Земјата..затоа што тебе така ти изгледа кога ќе погледнеш низ прозор...
Се надевам ова не е некоја православна доктрина...Ај можеби погрешно рабрав..
 
Не, не е доктрина, а не е ни православна туку принципиелна. Тоа е она на кое алудирам цело време: начинот на кој се осознаваат верските и световните вистини. Атеистите примфааќат вистни „од 16-та рака„, што таму некој нешто кажал, а верските вистини се примааат непосредно, на пример, со непосрредно читање на Писмото, без посредници.
Дека Сонцето се врти околу Земјата, тоа е точно само доколку и Сонцето и Земјата се набљудуваат од некоја трета позиција (принципот „споредување со трет„). Од таа трета точка ќе може точно да се утврди кој околу кого се врти. Гледано од Земјата, Сонцето се врти околу Земјата а гледано од Сонцето, нормално, Земјата се врти околу Сонцето.
 
Мики незнам што ти се случува ама од добро објаснети постови на почетокот премина во нејасни и невистинити работи и постови кои немаат врска еден со друг....(она чисто ми фалиш за дебата како на почетокот)не дека другите се понебитни али и ти си битен дел од дискисујава барем беше едно време.....
 
И во што е мојата нејаснотија? Посочи случај.
 
Пријател не мислам да ти држам предавања за тоа како терба да се изразуваш и што пишуваш мислам дека си веке возрасна и созреана личност, прочитај доколку имаш време се што си напишал скоро секој нов пост се коси со предходниот и да сакам да те разберам неможам а мислам и другите би се сложиле со мене...

Извини за офтопик
(Марцус нека постои постов некои 10 мин па после ако одлучиш дека треба бриши)
 
И пак не ми посочи во што ми е грешката...
Во секој случај, нема проблем. И мене ми требаа месеци и години за да ми „налегнат„ работите па сега ситуација е поинаква. Ќе ти текне и тебе...
 
Абе МИКИ-ца , Сонцето се врти околу Земјата ... алал да ти е ... не стварно , алал да ти е ..едно докажа дека поима немаш за светот окол тебе ... И МИКИ-ца, гледам си напишал громот е создаден од Бог, тогаш , ај објасни ми ги човечките жртви и пожари секојдневно ...
 
Абе МИКИ-ца , Сонцето се врти околу Земјата ... алал да ти е ... не стварно , алал да ти е ..едно докажа дека поима немаш за светот окол тебе ... И МИКИ-ца, гледам си напишал громот е создаден од Бог, тогаш , ај објасни ми ги човечките жртви и пожари секојдневно ...


Типстер, читај ги моите постови во целина, а не да вадиш делови од нив и да се „фаќаш„ за истите, оти и пред и после извадокот имам нешто напишано. Таков е и случјаот со Сонцето, за кое е јасно напишано кој околу кого се врти и во кои услови некој е центар на вртењето а некој е вртен околу центарот.
Ај ти, лично, дај одговор на твоето прашње: зашто и од каде се човечките секојдневни жртви?
 
Типстер, читај ги моите постови во целина, а не да вадиш делови од нив и да се „фаќаш„ за исите, оти и пред и после извадокот имам нешто напишано. Таков е и случјаот со Сонцето, за кое е јасно напишано кој околу кого се врти и во кои услови некој е центар на вртењето а некој е вртен околу центарот.
Ај ти, лично, дај одговор на твоето прашње: зашто и од каде се човечките секојдневни жртви?

Посочи кои жртви ,од војни , од громови ...

Од природните жртвите се по случајност , пример Кина се наоѓа во тектонска област и често се случува да дојде до земјотрес...

Чиле спаѓа во “Огнетиот прстен“ , па од таму има и чести ерупции на вулкани ...па по случајност т.е коа ќе се собере доволно лава под земјата и под притисок се излива на површината ...

Војните се дело на човекот ...


За громот не ли пиша дека е дело на Бог?

Болдираното ,си се менат Земјата и Сонцето ,околу ротацијата, не си јасен...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom