Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Што е работава сите Велешани почнаа да трчаат, на стадион 400 метри со пречки се трча :pos:

се спремаат за џандари.. 3200м за 13:30 мин не се трчаат така лесно,
други слабеат,
трети заради кондиција ..итн итн :)
 
Вчера бев цел ден,на Велешко езеро.Наполнето е т.с. преполнето
со вода. Секоја година ги носам внуците по неколку пати.Одиме на
разни страни-плажи.Вчера сефте отидовме пред „романтик“.Само што
влеговме во вода (со Страв),еве ти еден недокастрен ни вели да излеземе од вода.Ај јас искачам да видам што е работава,да не е нешто „со Стравот“
-Оваа плажа е на „романтик“,вели недокастрениот, - не е за вас.
Се вмешува женами, - А ова кучињава смеат да се бањаат.....
-Тие се на гостите.( Гости на „романтик“-на поминување или на едно кафе.)
Е баш тоа беше СТРАВОТ, кучиња од кое едно како црно магаре,беа во
водата на таа плажа,а сопственикот фрла едно тениско топче во водата,
и оваа џукелава со голема глава-сурат и образи,а богами и заби го носи
пак назад и тоа се повторува.И оди влези со мали деца во вода.
.....Се собравме отидовме,на првата плажа до бродот.
Ќе го продолжам во НОВА ТЕМА
 
Ве молам да се најде Фигаро! Мачето е персиско, сиво со едно око! Ве молам доколку некој го пронашол, во околината кај Првомајска (Багремче во Велес)да ме контактира на 076 340 084.
Мачето не би преживеало со други луѓе, веќе еднаш е селено и има менувано околина, така што секоја промена за него би била фатална! Ве замолувам ако го има некој да ме контактира - Сашка.
Ве молам споделете, со цел што повеќе луѓе да видат.
Благодарам однапред.
Еве слика од мачето
401110_303817702997138_1630141113_n.jpg
 
Вистина ли е ова некаде во градот имало електронски отпад?
 
инаку детето што пред една недела бегаше од кучињата и беше удрено од кола, од денеска е дома, направена му е операција на главата која траела шест часа, трошоците за операцијата и понатамошното лекување ќе ги покрие општината.
Колку џукели има кај гимназија не е нормално.А гледам доста луѓе со бебиња се шетаат таму.:facepalm:
 
Добро де институцииве што прават???

Пред неколку месеци авионски пуштаа вакцини против беснило,значи имале пари за тоа а немаат за да го средат проблемот.

Last effort треба организирано засегнатите граѓани да се обратат до општина и до здружението на ловци,па да се разгледаат опциите за решение,или стационар или два вечери од 11-04 никој на улица освен ловџии и...чиста сметка.
 
Јеее да се пофалам и овде.... Ми ја средиле улицатааа, нема веќе калдрма туку сега е рамна и без дупки. Совршена е за трки со мотори:cautious:
Иначе станува збор за горништето каде се наоѓа градскиот саат :)
Поздрав, ве сакам сите :LOL:
 
Е одамна е средена :icon_lol: инаку и кај мене сега откако ја направија во 2-3 саатот ноќеска идат на 1 тркало да возат тука :rolleyes:
 
Е одамна е средена :icon_lol: инаку и кај мене сега откако ја направија во 2-3 саатот ноќеска идат на 1 тркало да возат тука :rolleyes:

Па добро ја немав видено, и баш кога си дојдов во Велес пријатно се изненадив. А кај живееш ти???
Море да го пофалам граоначалников се разбуди конечно после две години.
Избори се ближат, газови се лижат... :pos:
 
Кај мене кога ќе ја напраат туба зејтин во црква ќе оставам. Само ветуваат никако да ја средат, па батер од патот за на кај Јаболчиште е ....
 
Па добро ја немав видено, и баш кога си дојдов во Велес пријатно се изненадив. А кај живееш ти???
Море да го пофалам граоначалников се разбуди конечно после две години.
Избори се ближат, газови се лижат... :pos:

Погоре сум јас малце на Којник одприлика, инаку направени се тие од Којник до Мегдан.. од Мегдан до црквата горе и доле до основното училиште Кирил и Методиј, а пред 20тина дена одприлика и тоа кратко уличе од јаворот доле до ани 96 некаде .. а коцките што ги вадеа од тие улици ги ставаат сега во големиот парк на тие патеки за шетање што се ако не се лажам.
 
Добро де институцииве што прават???

Пред неколку месеци авионски пуштаа вакцини против беснило,значи имале пари за тоа а немаат за да го средат проблемот.

Last effort треба организирано засегнатите граѓани да се обратат до општина и до здружението на ловци,па да се разгледаат опциите за решение,или стационар или два вечери од 11-04 никој на улица освен ловџии и...чиста сметка.

Фашист! Лигло и провокатор лицемерен! Срам да ти е!
 
langzaam.

Што е фашистичко,лицемерно и провокаторски??

инаку детето што пред една недела бегаше од кучињата и беше удрено од кола, од денеска е дома, направена му е операција на главата која траела шест часа, трошоците за операцијата и понатамошното лекување ќе ги покрие општината.
 
Да не му се наоѓа на некој по дома графичка со AGP слот, 128МБ или троа појака?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom