Што се случува со македонските автори?

  • Креатор на темата Креатор на темата anfilohija
  • Време на започнување Време на започнување
И по 7 години, темава не даде конкретен одговор. Кој филм го тепаат македонските автори?...Има ли некаков „филм“?...
 
Што мислите за актуелните македонски писатели? Дали се добри и кои нивни дела ви оставиле впечаток?
Што мислите, зошто читаме повеќе книги од странските писатели, дали тоа би можело да се промени и како?
 
Јас мислам дека има доста квалитетни писатели. Мене ми е омилен: Горјан Петревски.
 
Постарите писатели се вистински добри, имаат свој квалитет во пишувањето и човек додека чита ужива, додека пак меѓу денешниве писатели исто така има добри, но сепак тоа е мала бројка.
:)
 
Резервен живот од Лидија Димковска.

Стравотно, тешко, дефинитивно книга која е mood changer! Според мене најдобрата книга во последните неколку години произлезена од македонски писател.
 
Венко Андоновски (почит за него).... Дури и Ден Браун може да му носи вода...Книгата вештица ми е омилена од него.
 
Имаше слична тема. Споени.

Читнете наназад чисто да видите разлика во дискусијата. :cenzura:
 
Со Македонските автори се случува тоа што не би требало да му се случи на ниеден автор.

Ме радува фактот што во Македонија има армада од свежа креативна крв(особено во поезијата) која е на едно завидно светско ниво.

Не растажува исто така фактот што во Македонија ако не си брцнеш сам во џебот-твојата креативност и талент нема да ја видат светлината на денот - реализиран автор.

Се надевам дека во блиската иднина работите ке се променат на многу подобро кога конечно некои луге(од старата генерација авторска кои ги држат сеуште полу- затворени пенџерињата на издавачките куќи) ке ги отворат ширум портите за талентираниот млад Македонски автор и заедно со министерството ке ја повторат лекцијата од минатото- дека една нација и народ го прави неговата писменост и литература(авторите).

Секако секогаш постои опцијата да се понуди личниот авторски труд на надворешна издавачка куќа, ако веке неможете во сопствената.
 
Што знам, во последно време зачестено е издавањето на дебитански книги. Не сакам да бидам арогантен, ама во овој пост ти е полн со основни грешки, од типот на пишување споено сеуште, неможете. ( Ти враќам на мислењето, зашто јас бар читам во твоето мислење дека и ти се броиш во тие поети, прозаисти кои биле одбиени, и во контекст на писменоста и литературата ).
 
Nikogash ne sum ziveel podolgo vreme vo Makedonija iako sum po poteklo od (a I obrazovanieto go imam zavrsheno na stranski univerzite)tamu no gi znam prilikite vo stranstvo I vo makedonija p amozam da napravam nekoja sporedba.

Jas mojata poezija ja ponudiv na stranska izdavachka kukja vo Amerika.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom