Што се случува со македонските автори?

  • Креатор на темата Креатор на темата anfilohija
  • Време на започнување Време на започнување
кој си ти тоа букаро, некое монструмче кое седи пред компјутер и нема со кого да се искара или да направи муабет па деградира се и секого,а тоа со пушењето претпоставувам за себе зборуваше затоашто ти си студентскиот граѓанин?и се прашувам на кого сега ти му го пушиш?И уште нешто ако моето прашање т.е тема ти е бајата која ти е потребата да реплицираш?
 
Не ми е јасно што ви смета на вас критиката на Букаро? Сосема е оправдана и легитимна. Едни отидоа во една насока- дека кај нас не се чита- па затоа немаме добра литература а Букаро отиде во друга насока- нешто по неблагородна и над све “politically incorrect“ насока - а тоа е да се преиспитаме ние самите и да не урнеме некои табуа.

Јасно е тоа дека литературата ни е у криза и тоа сериозна и дека само може некои нови генерации да продрмаат нешто и внесат некоја обнова. Тие ценетите метузалеми / академици се жалат како ете више не се повикувани по меѓународни конкреси, конференции и сл. министерството за култура ни е у колапс. Додека порано , кај све не шетале и каде све не ја ширеле ’нашата култура’ , но порано биле црнила и сме биле под опресија но сега не сме ама како да сме (?) .. и сеа не е јасно , каде е проблемот , што е тоа што не сјебува. За ова можам и да продолжам ама аj не е ова најбитното.

Анфилохија... претпоставувам ја сакаш литературата.. Е па некој што ја сака литературата - свесен е дека таа практично и нема некакви граници, оклопи, правила или шеми. Но поради тоа што игра и малку поинаква улога од другите уметности во општеството таа баш треба секогаш да биде доведена во прашање, да биде критикувана, линчувана, затоа што тогаш се прават интелкетуални бури и тоа доведува до една нова креација и се оди едно ниво понапред. Ако ти не си спремна да прифатиш нечија критика врз нашата книжевна гарда која стагнира , која е во некој вакум простор и идејно е у 19век ама не 19век на Достојевски, Ман, Балзак, Вајлд или Кафка .. туку на ниво , романсиер аматер со неразвиен стил кој поради недостаток на концепт или што ли прибегува кон барање метафори , нови непознати зборчиња итн. е сеа, ко што реков, ако ти не си спремна да ја прифатиш критиката кон овие наши мали и големи великани, тогаш играј и седи у пасива. Нека ти бидат они генијални и најсупер , пошто се наши. Гарант ти би го ставила и монструмчето Горан стефановски у карантин кога ги читаш неговите драми полни со скопски пцости и сочно користење на пи*кии , пениси ...

И мак. писателите не се читани затоа што кој побогу тоа може да чита??? А да не зборуваме колку е кај нас самата книжевност елитна. Романи пишуваат само типци со диплома од филолошки и само они се меродавни нели за пишување ... не знам што би се десило да низ другиве земји истото би се дешавало.. ?? чак што више мислам дека низ другиве земји 80посто писатели се луѓе без филолошки фак.

И како да ме чуди тогаш што кај нас владее таква стерилност таква форматираност во пишаниот збор. ?
Е да, уште нешто,
најинтересен момнет е тој кога нашиве писатели си даваат рецензии едни на други. Тоа е пишурија. Катица на Венко.. пола текст иде у стил В.А. е роден, бла бла, па напишал збирка песни,збирка раскази,збирка мудрости и тоа со се годините на издавањето , исто ко што у школо моравме така да пишуваме (а никој у свет више не прави такви рудементирани рецензии).. а другиот дел рецензијата е у стил “ Таа инверзија на културната и етнокултурната идентификација се одвива во универзален, антрополошки смисловен и херменевтички контекст“ што може да заинтересира само некој филолог или самиот автор што пак докажува во некоја рака дека си пишуваат дури и цели книги едни за други да се само рецензии...

затоа луѓево по саеми на книги купуваат хрватски , српски , бразилски романи и бар прават апстракција од ова локалново во нели поширока смисла:).
 
Isabelle, nekolku prasanja, koi gi nacnuvash a ne davash odgovor: zoshto e nasata knizevnost vo potreba za promena?

Vtoro - koj da kritikuva? I koj e merodaven da kritikuva?

Treto - shto treba da se kritikuva? Delo ili licnost?

Od koga ke go najdesh odgovorot na gore navedenite prasanja, preprocitaj go Bukaro, pa mozebi ke ti stane jasno od kade 'problemot' so negovata (ti miluvash da reces kritika, ama jas nemozam taka da go oslovam) /negovoto skrabanje.

Da, da ima kritika, ama konstruktivna, i toa od lugje koi se na nivo, ili iznad nivo, nikako ispod.

I 4to - Ti shto velis, Pavlovski, Muhic, Andonovski pisateli se?

Ima kritika, samo nekoj zajde, pa ni skina od kondicija.
 
Toтално неточни критики за македонските автори.Па добро бе луѓе кај живеете?Т.е дали воопшто ја читате македонската литература? Овде во МК живеат и творат едни од најдобрите автори не само на балканов туку и пошироко. Македонските драми на прво место - ретко каде може да се сретне таква драма која е инспирирана целосно од реалноста и минатото или сегашноста а сепак литературно да е толку издржана. Па и македонската поезија-Блаже Конески (Земјата и Љубовта)...Мене се на се ми личи дека и тука се вади на виделина македонскиот комплекс на пониска вредност кој и натаму продожува да плука по се што е made in Macedonia без разлика колку е тоа добро или не.
Ако направиме ретроспектива од минатото со самото тоа што писменоста потекнува од наши луѓе и од овој регион доволно зборува за писменоста барем на одреден дел наши писатели и академици кои што можат и тоа како да се пофалат со своето творештво.
Неможам да ги набројам сите но еве неколку кои што ги иам читано по 3 пати и кои што и ден денес ме фасцинираат-
-Црнила-Коле Чашуле
-Македонска крвава свадба-Војдан Чернодрински
-Пиреј-Петре М.Андреевски
-Големата Вода-Живко Чинго
-Додека го чекавме Андреја-Србо Ивановски
-Црвениот коњ-Ташко Георгиевски
-Подвижни гробови-Божин Павловски
и така натаму...
Треба да се цени она што го имаме тука.Овој склоп на околности од историја,култура,традиција довеле до тоа да творештвото на ова поднебје биде далеку побогато од она на другите народи и најважно од се 80% да се базира на нешто што е вистина и што ја одсликува нашата земја.
 
Toтално неточни критики за македонските автори.Па добро бе луѓе кај живеете?Т.е дали воопшто ја читате македонската литература? Овде во МК живеат и творат едни од најдобрите автори не само на балканов туку и пошироко.

Не бе!!!

Црнила-Коле Чашуле
Додека го чекавме Андреја-Србо Ивановски
-Црвениот коњ-Ташко Георгиевски
-Подвижни гробови-Божин Павловски

Не бе!!!

Треба да се цени она што го имаме тука.Овој склоп на околности од историја,култура,традиција довеле до тоа да творештвото на ова поднебје биде далеку побогато од она на другите народи и најважно од се 80% да се базира на нешто што е вистина и што ја одсликува нашата земја.

Не бе!!!

:pop:

А сега троа посериозно...

Дани штукче едно, ти ова не дупчиш, не подебаваш со некоја скриена иронија или ти ова шо го изнадрнда го мислиш озбилно?
(со целото срце!) А?

Епа, види вака.

Неможев ни во најлош литерарен кошмар да замислам, дека неколку мои зафрканции на сметка на (нашите пфф) автори ќе предизвикаат мобилизација на сите глупаци кои ќе тргнат токму од најглупиот можен ”националистички” аспект.

Се што е македонска литература е добро - пошто е наше.

и

Секој оној кој ќе има слоновски јајца да се подигрува, да се зеза со овие извикани, и напумпани авторски фигури пати од некаков си комплекс на ниска вредност?

Боже, боже, толкави лајнарии во неколку реда неможе ни пловниот Вардар да поднесе...


И внимавајте шо ќе напишам, само рудиментирани, провинциско затапени, и филистарски мозочиња сакаат и имаат за цел од нив да створат ”зациментирани” авторитети на ”нашата” култура без право да се доведуваат во прашање ионака нивните сомнителни книжевни вредности!

П.С. Јебала вас ”Црнила” тркала низаедни!
 
i da... koga sme kaj "Crnilata" da dodadev... (ebes kirilica, si eba mater kompjuterov)

Tokmu vo najnovata pretstava na Unkovski so naslov "Crnila 005" imame odnovo citanje i na istorijata i na toa "klasicno makedonsko delo".

Vo pretstavata na Unko, imame galerija marginalci,kurvi, droga, ubistva, mafijasi, nesta koi se sostaven od ovaa tranzicona epoha.

Tokmu i dodavkata 005 aludira na 2005, no i od druga strana reziserot si poigruva so "naivnosta" so koe e napisano... go osloboduva deloto od napikanite ideoloski gomna vo nego, gi vadi pedagoskite pouki, pervertira "idealizacijata" na glavniot lik, koja e vmetnata politicka umisla od strana na avtorot K. Casule.

So drugi zborovi, prosto megu nas receno, si igra so "istoriskata poraka" na ebanoto delo. Si igra kurtasak. Za da go napravi toa "hrabro" dovolna mu e reziserskata sloboda koja mu dozvoluva svoja licna i nezavisna interpretacija. (vo smisol nezavisna, ne e primoran da go tolkuva deloto niz edna "nacionalna ideologija" za kakva kokodakaat so konzervativnite so priprostite i neuki t.n. branaci na makedonska kauza vo delata na "nasite avtori" (pateticno!)

Arno ama... pogoduvate... spomenativi "forumdziski nazi-dejci" ne se gledaat sebesi povikani primer da ja osporat ovaa (spored nivni parametri) veruvam "vulgarna, bezobrazna, pickejsimaterska i neznam kakva" interpretacija.

Toa e taka dragi forumdzii... posto se mediokritet u dusa...

posto slusnale deka treba da se brani "makedonskata knizevnost", "edinstvoto na makedonskata nacija, drzava i sl."

Da za zal... i toa go pravat taka shabanski, so prosto i ne zasluzuva vakvi "seriozni" objasnavki.:ne:
 
Букаро јасно ми е што те мачи тебе:pop:
Ама не верувам дека јас и ти воопшто ќе можеме да имаме асална дискусија додека ти не седнеш добро да се запрашаш себеси-дали јас афирмирам македонски вредности и она што е навистина добро у сред гомната у кои што е пропадната нашава држава или ти имаш проблем со прифаќање на фактот дека и кај нас има нешто што вреди и што тоа нешто по некоја "случајност" е од полето на литературата....
Јас не бранам Македонски вредности тука зошто живеам тука а по некоја случајност не сум ни Македонка туку знам да препознаам кога нешто е добро без да бидам водена од предрасуди . Навистина ме импресионираше кога видов дека си отворил тема за Буковски и ти дадов зелено квадратче што би се рекло по нашки,ама искрено ме разочара сеа бидејќи предпоставувам дека отвори тема за Буковски и дека воопшто го поштуваш Буковски само поради фактот што е екстремен во своите дела и што не е од нашава убава земја а просто се сомневам дека си допрел до големината на неговот пишување.
Епа имам една новост за тебе-и тука во МК можеш да најдеш автори кои ќе стојат рамо до рамо со Буковски иако за тебе тоа е невозможно.Тргни го тој превез на очите што го имаш а што е напраен од тотален антипатриотизам и предрасуди и можеби :se_ molam ќе разбереш дел од македонските автори.

П.С Иако ти се служеше со невиден цинизам во твојот пост кој што ретко кога не делува навредувачки јас во мојот немав таква намера и се трудев што пообјективно да ти ја опишам реалноста ...
 
Анфилохија , душо, пријавуваш лошо мислење за Букаро повикувајќи се на неговите вулгарни изрази. Суетата која ја манифестираш со тоа дава впечаток дека сакаш да критикуваш а не сакаш ( и не знаеш) да примиш критика. Јас како модератор можам да ги едитирам постовите на Букаро со бришење на вулгарните изрази и нивна замена со сродни, поцивилизирани изрази, но.....ставовите на Букаро остануваат исти. Можеби е премногу млад и ја нема совладано самоконтролата и тактичноста при реагирањето на провокации, ама во неговите постови (покрај вулгарноста) има многу вистина. Се согласувам со дел од неговите мислења изнесени на темава, а за добар дел сметам дека се предимензионирани и одраз на огорченост како млад автор во обид. Но сепак, тоа си се НЕГОВИ мислења, и има право да ги изнесе истите баш како што и ти го направи тоа со своите мислења. Дури, со оглед на незгодниот табиет на Букаро реакцијата и не му е толку остра (го именуваш како монструмче ). Ти посвети дури 3 поста на неговата страница. :))))))))))))))))))))))))))))))
А сега, Буки........ немој со вулгарности и навреди. Ако не се согласуваш со некои ставови елаборирај го незадоволството на покултивиран начин, ок? Ова е опомена. ;) :)
 
Прличев

Стале Попов

Владимир Костов

и еден куп други...

џабе фрла чифтиња букарски, или па толку научи в гимназија и на факс...

море „дрогаш и наркоман„ ; шише битолско ; во право си до негде, ама ептен многу куросваш...

не сваќаш дека има луѓе кои шо не сакат на секое кур да им е в уста или в очи? :baeh:

+...

не секој член во друштвото на писателите на Македонија дошол таму зато шо бил „паметен и примерен титов пионир„ (лижач...)

има некои кои шо навистина го сакаат тоа шо го прават, и напишале доста убави дела
 
venera001 напиша:
Анфилохија , душо, пријавуваш лошо мислење за Букаро повикувајќи се на неговите вулгарни изрази. Суетата која ја манифестираш со тоа дава впечаток дека сакаш да критикуваш а не сакаш ( и не знаеш) да примиш критика. Јас како модератор можам да ги едитирам постовите на Букаро со бришење на вулгарните изрази и нивна замена со сродни, поцивилизирани изрази, но.....ставовите на Букаро остануваат исти.

Очигледно е дека ниту вие г-ѓо венера ниту пак тој ваш буки очигледно не сте ја разбрале поентата на мојот пост, јас ниту во еден момент не се најдов критички нападната од нечии размислувања туку се најдов затекната од вулгарностите на едно мало дете кое мисли дека ако опцуе и ако ги нарани сите со некакви пикантерии дека го достигнал врвот,поради ваквото недоразбирање јас се одјавувам од вашиот простор без граници кој му задава граница на некој друг.
 
Македонските автори се потценети и ставени на маргините од културата во нашава држава. Штета. Има толку убави книги со поезија, поеми, романи, драми.......
Многу убаво образложи ОБДН.
Треба да се направи превод на делата на нашите автори и да се промовираат надвор од границите на Македонија, но прво треба тука, дома, да се делува на читателите да почнат да ги вреднуваат делата на нашите автори. Голем маркетинг се прави на странските автори, додека нашите се ставаат настрана, во сенка. Подготвени сме да пишуваме блескави критики на некои комерцијални (странски) дела- затоа што имаат силнен маркетинг, а нашите(иако со универзални литературни вредности) да ги посипеме со пепел - само затоа што се наши!
Се случува нашите автори на меѓународна сцена да бидат наградувани и признаени, а тука потценети.
Треба прво сите ние да си го промениме односот кон нашите автори, да ги почитуваме повеќе, па потоа да бараме почит и од другите.[/QUOTE]



едноставно морав да ве цитирам г-ѓо венера затоа што колку што јас се сеќавам ова беше вашето изјаснување во однос на темава, а сега?
 
anfilohija напиша:
Македонските автори се потценети и ставени на маргините од културата во нашава држава. Штета. Има толку убави книги со поезија, поеми, романи, драми.......
Многу убаво образложи ОБДН.
Треба да се направи превод на делата на нашите автори и да се промовираат надвор од границите на Македонија, но прво треба тука, дома, да се делува на читателите да почнат да ги вреднуваат делата на нашите автори. Голем маркетинг се прави на странските автори, додека нашите се ставаат настрана, во сенка. Подготвени сме да пишуваме блескави критики на некои комерцијални (странски) дела- затоа што имаат силнен маркетинг, а нашите(иако со универзални литературни вредности) да ги посипеме со пепел - само затоа што се наши!
Се случува нашите автори на меѓународна сцена да бидат наградувани и признаени, а тука потценети.
Треба прво сите ние да си го промениме односот кон нашите автори, да ги почитуваме повеќе, па потоа да бараме почит и од другите.



едноставно морав да ве цитирам г-ѓо венера затоа што колку што јас се сеќавам ова беше вашето изјаснување во однос на темава, а сега?[/quote]

Тажно луѓе. Многу тажно. Ме фати грижа на совест. Ламентажата на другарката анфилохија длабоко допре до темните кошиња на моето младешко срце.

За авторите... (кои деноноќно скршум по подруми и тавани на една сиромашка свеќа плодно творат)

Са ќе се затрчам и ќе појдам до книжарница да купам какво било книџе само да биде македонски автор. По можност од овие не доволно забележаните.

Нормално, очекувам да пишува за полињата житородни, шарените зелени ќилими, големата плевна во која авторот за првпат се сретнал со домашните говеда, за неговите палавштини и бељи на останатите боси другарчиња од долната маала како и незаобиколните борбени тепачки со камења со “покварените“ деца од Горната маала (пази, идни колаборациони соработници на фашистичкиот окупатор!):pos:

анфилохија срце... а шо пишман си. Де кобајаги увреѓена даваш оставки, де потоа се враќаш усилена со апел во стилот “купувајте македонски производи - и тоа глупи книги“.

Ко за некоја баба (ме потсеќаш на оние “напредни“ бабички кои додека се емитува “шпанската“ серија, читаат на глас без да внимаваат на интерпукција за да не им “избега“ преводот, во комшиски амбиент со други бабачки кои истовремено ја тумачат фабулата) ебате, пребрзо ги менуваш расположенијата :baeh:
 
Букаро зошто не сфатиш дека тука никој не пропагира читање на Македонска литература само затоа што е Македонска?Она што барем јас сакам да ти кажам е дека и тука постојат автори кои напишале прекрасни дела! Генерализацијата од типот-наше е па нечини или наше е мора да е добро- се надминати.Ако навистина се потрудиш,а глеам дека читаш многу,можеш да најдеш многу книги од тука кои што едноставно ќе те фасцинираат...
 
Dani^^^ напиша:
Букаро јасно ми е што те мачи тебе:pop:
Ама не верувам дека јас и ти воопшто ќе можеме да имаме асална дискусија додека ти не седнеш добро да се запрашаш себеси-дали јас афирмирам македонски вредности и она што е навистина добро у сред гомната у кои што е пропадната нашава држава или ти имаш проблем со прифаќање на фактот дека и кај нас има нешто што вреди и што тоа нешто по некоја "случајност" е од полето на литературата....
Јас не бранам Македонски вредности тука зошто живеам тука а по некоја случајност не сум ни Македонка туку знам да препознаам кога нешто е добро без да бидам водена од предрасуди . Навистина ме импресионираше кога видов дека си отворил тема за Буковски и ти дадов зелено квадратче што би се рекло по нашки,ама искрено ме разочара сеа бидејќи предпоставувам дека отвори тема за Буковски и дека воопшто го поштуваш Буковски само поради фактот што е екстремен во своите дела и што не е од нашава убава земја а просто се сомневам дека си допрел до големината на неговот пишување.
Епа имам една новост за тебе-и тука во МК можеш да најдеш автори кои ќе стојат рамо до рамо со Буковски иако за тебе тоа е невозможно.Тргни го тој превез на очите што го имаш а што е напраен од тотален антипатриотизам и предрасуди и можеби :se_ molam ќе разбереш дел од македонските автори.

П.С Иако ти се служеше со невиден цинизам во твојот пост кој што ретко кога не делува навредувачки јас во мојот немав таква намера и се трудев што пообјективно да ти ја опишам реалноста ...

Како? Да сум се најдел во големината на делата на Буковски? И сум го сакал само затоа што не е од нашата убава земја? Јас, Букаро заслепен од тотален антипатриотизам и предрасуди неможам да разберам дел од мак. автори?

Амори чупо!!!

Се збираш со другарките на оговарање? Глеаш на кафе? На јогурт можи.. напрај манџа? Мажот ти кај е мора? Го собра од меана? Кажи пратиш “Есмералда“? До кај е Енрике? Дозна ли дека е син на слугинката а слугинката му е швалерка на шоферот кој пак ја коел мајката на синот на газдата?

Дани бе ова е форум за литература, култура, шо не заебаваш сите. Не не заебавај ебаго.:ne: Греота сме.:pos:
 
Букаро напиша:
Како? Да сум се најдел во големината на делата на Буковски? И сум го сакал само затоа што не е од нашата убава земја? Јас, Букаро заслепен од тотален антипатриотизам и предрасуди неможам да разберам дел од мак. автори?

Амори чупо!!!

Се збираш со другарките на оговарање? Глеаш на кафе? На јогурт можи.. напрај манџа? Мажот ти кај е мора? Го собра од меана? Кажи пратиш ”Есмералда”? До кај е Енрике? Дозна ли дека е син на слугинката а слугинката му е швалерка на шоферот кој пак ја коел мајката на синот на газдата?

Дани бе ова е форум за литература, култура, шо не заебаваш сите. Не не заебавај ебаго.:ne: Греота сме.:pos:

Зошто?Се најде повреден од тоа што го пишува?Или единствено ти читаш книги,пратиш критики,пишуваш критики? Те молам... во недостаток на одоговор почнуваш да пишуваш навредувачки работи кои што фала богу не ме допираат особено од човек кои што од една страна се прави доста начитан а од друга страна доаѓа до ситуација да напише нешто волку ниско ко ова...:raz:
Твојот-wanna be Братислав Димитров стил на пишување според мене е далеку од она што уствари ти би сакал да биде а твоите критики повторно според мене вредат само затоа што се надевам си ги прочитал делата па знаеш да искритикуваш одреден писател или негово дело...
Следно е тоа што можеби некој ден ќе ти пратам делови од мојата книга па да напишеш критика за неа..нормално ако сакаш.. и тогаш да оцениш дали јас гледам шпански серии,готвам по дома,чувам деца и такви глупости...
Мој совет-воздржи се од се она што те прави да изгледаш помалку паметен од тоа што навистина си...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom