Ваши приоритети?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
1. Бебето.
2. Телефонот.
3. Ѕвончето.
4. Чешмата.
5. Облеката.

Едно не ми е јасно само. Што врска има облеката со сексот ?
 
1. Секако бебето
2. Ќе ја отворам вратата
3. Ќе се јавам на телелфонот
4. Ќе ги соберам алиштата
5. Ќе ја затворам чешмата
 
Имот
Пријатели
Кариера
Секс
Фамилија
 
Oва повеќе ми личи на тест за практичност. Според мојот редослед, прво одам по беебто, потоа со бебето во рака проаѓам од чешмата и ја гасам, одам по телефонот, за на крај, со бебе во едната и телефон во другата рака, да видам кој е на вратата. Облеката како се намокрила, така и ќе се исуши.:)
 
1. прво ќе го земам бебето --> фамилија
2. па телефонот во другата рака --> кариера или работа
3. ќе ја затворам чешмата --> имот
4. трчам надвор да видам кој ѕвони --> пријатели или роднини
5. и ионака сум надвор ќе си ја земам облеката --> секс
 
1.bebeto
2.Cesmata
3.telefonot
4.zvonceto
5.oblekata
 
Што знам, не ми оди во глава тоа со вешот, па до тука бива.
Нејсе, земајќи ги предвид поставеноста на работите во мојата куќа (убаво кажа некој дека се работи за ергономија), прво зимам телефон и викам - бидете на линија, одејќи накај бебето. Исто така, бавтајќи се со бебето урлам - влагаааај! (вратата никогаш не ми е заклучена). Го зимам бебето под мишка, со една рака одговарам на тој на телефонот, а на тој што влегол дома во межувреме му велам да ја изгаси чешмата. За вешот - имам машина за сушење, а и да е надвор, баш ме заболе.
 
бебето
водата
телефон
ѕвончето
облеката

Тие си ги запишав, зашто се тоа ужасно ме нервира, па највише од тоа детскиот плач и е на прво место. Водата и телефонот ми беа на исто место некако, ѕвонцето после а облеката може пак да се испере и да се исуши.

Ама вака со објаснување некако не ми е како во тестот, приоритети ми се
кариера или работа
фамилија
пријатели
имот
секс

горе долу слични се.:smir::helou:
 
Ќе го земам прво бебето и потоа ќе ја отворам вратата. ако е некој познат ќе го замолам да се јави на телефон и да им пренесе порака дека ќе им се прејавам. потоа заедно со бебето ќе ја затворам чешмата и одкако ќе го смирам ќе ги соберам алиштата, на крајот ќе му се извинам на гостинот/гостинката и ќе му сварам кафенце!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom