Темава не е воопшто за она за кое се фативте.
Се работи за вештачка индоктринација, се работи за уништување на креативноста, се работи за потреба од создавање на еднаквост, на места каде не ја бива.
Не може просечноста да е принцип по кој ќе се водиме, а секој кој го бива повеќе да биде казнет поради тоа.
Има еден текст, приказна од
Kurt Vonnegut, Harrison Bergeron во кој пишува типот за создавање на општество каде сите би биле еднакви. Тоа еднакви, значи еднакво глупи, или ај просечни, за да може да живееме во перфектен систем, без војни, без конфликти, без предрасуди.
Политичката коректност, позитивната дискриминација, секојдневното перење на мозок за се и сешто, имаат тенденција да не донесат до некое вакво општество, ако не и сме и веќе таму.
Како европско-американскиот-комунистички систем сака да ги направи сите еднакви.
Со обидот да го променат светот по нивен замислен фашистички терк.
Мелтинг пот го викаат американците, уништување на се кое некој човек го прави посебен, елиминирање на културата и традицијата.
Сите да сме исти, да размислуваме исто. На секого да му следи еднакво, да нема попаметни и поглупи, да нема разлика во приходите.
И за да го постигнат тоа, замислата е да се направи нешто од тип на Шведска со тешки прогресивни даноци, кој повеќе заработува, повеќе да биде таксан, кој е попаметен да не се експонира до толку, за сите да има пчелички и ѕвездички во прво одделение.
Тоа нема да им успее. Најважно нешто за некој човек е она кое го прави поинаков од другите.
Нема никогаш да постои нешто како еднаквост, наместо кон еднаквост треба да се стремиме да создаваме општества со еднакви можности за сите, па кој како го бива, така нека се развие.
Но очигледно, многу од луѓето сакаат некој друг да им го уредува животот.
Премногу е комплицирано сами да замислат што би направиле следно.
Погледнете го филмот инспириран од текстот Harrison Bergeron (1995)(1h:40min)