Апел за подобро утре

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурна сум дека си сигурен дека мојот коментар ќе биде полезен. Но бидејќи обожавам да измачувам, а и бидејќи ти едвај чекаш да прочиташ што ќе ти кажам, ќе одложам за подоцна. Да запалам една цигара, да испијам кафе, да размислам околу темава малку. Не е едноставна, искрено кажано.
 
апел за подобро утре:::????
глуп сум или глупа е темава,или не ја разбирам.
дај бе мајкаму стара апел за подобро утре се знае што е.
што сте се запнале по жениве.:toe:
 
Во ред, како што му ветив на Никола, еве да си кажам што имам во врска со темава.
Си испив кафе, испушив половина кутија цигари, ми заврши смената, вечерав, пак пијам кафе и уште не сфатив што значи насловот.
Апел за подобро утре ... апел ... зошто баш апел?
За да се повика на апел треба и самиот повикувач да е засегнат со проблемот (по некоја логика де), а во случајов, барем колку што сум успеала да сфатам, Никола не е таков. Но добро, може грешам. Сеедно.

Туку како да не грешам ...
Другари, до кога ќе трпиме суштества со мозок ко брбушка од коза, да не заебаваат и да не ни даваат?
Абе јас сум маж, јас не треба да барам, треба да земам.
Ќе ми се лигави некоја, да си збориме, да се разбираме.
...ова значи кажува дека сум во право. А од кога не ти "даваат" жените? Туку ајде, не си ти тема на разговор, иако почесто морам да ти се обраќам бидејќи за твој став дискутираме.
Тука сакам да искоментирам повеќе за болдираниот збор. Даваат. Многу често сум сретнала размислувања дека не треба веќе да се користи тој израз, но како, кога вие мажите тоа го правите дури и повеќе од нас жените.
Зошто вие мислите дека ви даваме нешто? По некоја логика, мене повеќе ми оди дека вие нас ни давате. Да не навлегувам во перверзно објаснување, ме сфаќате зошто, нали?
Друго ... суштества со мозок ко брбушка од коза ...бидејќи звучи како генерализирање, сакам и тука да те прашам нешто. Ако немаш сестра замисли да имаш и кажи ми дали и неа за тоа би ја сметал? Ако немаш, сигурно имаш мајка, па дали и неа за тоа ја сметаш? Дали се` женско во твоја фамилија го сметаш за суштество со мозок ко брбушка од коза?
Не дека сакам нешто да постигнам со ова, ама страшно ме интересира, дека не се жени само тие што ти или не ти даваат. Значи сите муабети кои ги врза на оваа тема и на сите останати, ме интересира дали им ги мислиш и на своите. Дали би ти било интересно и современо доколку некој на твоја (ај пак ќе речам, без оглед дали имаш) сестра и каже "Мори соблекувај тоа гаќите да ти го бапнам, ме здоболе за глупостите кои ги тропаш." Дали сакаш тоа да го прифати таа, за да бидеш и ти дел од ЕУ или некоја просперитетна земја?

А и ова ...
Истепај ја жената кога ќе се вратиш од работа. Ти не знаеш зошто, но таа добро си знае. Во жена верба да немаш.
Што ако ова и го прави татко ти на мајка ти, или зетот на сестра ти или кој и да е на твоја блиска личност. Ќе го лежиш или ќе го потапшаш по рамо?

Без маж, жената е ништо.
А мажот без жената што е?

...машкото има памет и сила, жената дава поткрепа и деца.
Поткрепата (доколку е само тоа на жената) е мала работа? А децата?

Ти поставив многу прашања, па за да не те блокирам, одговори ми на овие и ќе продолжиме со дискусија, доколку си заинтересиран.
 
Туку што прочитав нешто од темава што сте ја започнале и иде во некои чудни насоки. Колку што го разбрав почетокот мене ми изгледа на поприлично жесток начин на почнување со цел.............јасна е целта.И добро осмислена.
Како прво се сложувам за повеќето работи посебно за изедначувањето на мажот и жената. Која глупост е тоа, мислам и на вас жените ви е јасно дека не сме исти.
Второ, точно е дека модерното општество во кое ние живееме а кое е толку многу фалено посебно од мас медиумите всушност е деморализирачко за ортодоксните семејни начела кои ние како држава сме ги прифатиле.
Трето, сексот..........еееее сексот за кој толку зборувате е крајно обезличен и е толку преупотребуван (во секакви теми) што човек едноставно почнува да мисли дека треба да има секс со сите што одат на две нозе.Па после болести, па абортуси (убиства), па растурени бракови, трудни тинејџерки итн...
Четврто, насилство искрено не подржувам освен мали грубости во кревет ако се побарани секако.:back:
 
Кога ја видов темава не заприметив во кој подфорум е, си помислив во политика, помислив дека конечно народов ќе почне да се залага за подобро утре, ќе заборави на насилство, измами, крадење, дрога, пијанчења....Кога го прочитав првиот пост, се загледав во датата, мислев дека сме 1808, а не 2008.
Вакви мислења одамна веќе не држат вода, барем во Чек Дис Аут да ја отвореше темава, вака Дивајн над мене ти објасни се` Никола, нема што да се додаде. Ме интересира само што ќе реплицираш. Очигледно си разочаран од женскиот пол, па сега си ја истури нервозата на темава. Кажи ајде која те изнервира да ја тепаме :)
 
Ако не се лажам, во христијанството Господ ја создал жената од реброто на мажот, за да го усреќи дечково, кај муслиманите жената не се ни третира за човек.

Кратко кажано - се согласувам!
 
Леелее неми се верува што читам.:vozbud: ..вие драги мои маженца македонски изгледа не сте запознаени со реалната состојба....Колку само наши македонки се омажиле за странци...македонките во странство одат ко алва...зошто имаат атрибути убавина и квалитети работат домашни задачи кои странкињите не би ги ни пипнале...а да ли истото може да се каже и за балканските мажи..НЕ! сите што отишле се враќаат овде во Македонија да си земат кротко девојче македонско будалче што ќе има се покорува и ќе им ги мие нозете во леген и ќе им носи вода во кревет од причина што станќињите штом го слушнат поимот балканец одма ги асоцира на заостанат брадосан маж со пивски стомак и заостанат ментален развој каков што и впрочем го потврдувате на темава:baeh:
Не дека требе некоја да ми мие нозе ... и да ми е покорна ... но ги познаваш “европските“ жени?? Дали знаеш дека поимот љубов дури и да не постои во глупавата европа? Па зошто да трчам т.е заљубувам во некоја ЕВРОПЕЈКА кога единственото нешто за што таа мисли е договори и забава... љубов поретко скоро ич... а за разлика од то македонското девојче е мнооогу попаметно, поискрено и ако е сотебе ќе те сака и нема да трча по други... А тие македонки што заминале по еворпските мажи барем половина однив се како европјанкиве :) т.е каде има пари таму сум и јас :) не споредувај такви глупости само им штетиш на женската популација барем во Македонија
 
Ако не се лажам, во христијанството Господ ја создал жената од реброто на мажот, за да го усреќи дечково, кај муслиманите жената не се ни третира за човек.

Кратко кажано - се согласувам!

Или пак затоа што однапред знаел до каде може да стигне мажот без жената па несакајќи да пропадне се она што дотогаш создал ја создал и жената.Една варијанта.
Друга варијанта е тоа дека можеби господ ја создал жената за таа да владее и доминира со светот а мажот го создал за да трча по неа, да ја служи, задоволува и усреќува. Затоа ја создал и од реброто на мажот. Зошто? Затоа што очевидно повеќе ја ценел од мажот, па ја создал од нешто човечко, за разлика од мажот којшто го создал од обична глина.
 
Или пак затоа што однапред знаел до каде може да стигне мажот без жената па несакајќи да пропадне се она што дотогаш создал ја создал и жената.Една варијанта.
Друга варијанта е тоа дека можеби господ ја создал жената за таа да владее и доминира со светот а мажот го создал за да трча по неа, да ја служи, задоволува и усреќува. Затоа ја создал и од реброто на мажот. Зошто? Затоа што очевидно повеќе ја ценел од мажот, па ја создал од нешто човечко, за разлика од мажот којшто го создал од обична глина.
хехехехеех ме изнасмеа да непукниш ... :)

Сепак научно е докажано за еволутивниот настанок на човекот ...т.е нашите предци сепак биле човеколиките мајмуни а за жените - мајмунки :)
 
Хајлајтираното е опис на прикаска која што си ја прочитал не знам каде ирелевантно е сега за темава но сепак се работи за прикаска или некоја си хипотеза од не било кој туку американски комерцијален(не е за почит) писател со филозофски пристап...

еднакви можности,хмм придавката еднакви кон зборчето можности во овој контекст би симболизирала еден теоретски пристап кон проучување на еден од елементите кои го сочинуваат капиталистичкото општествено уредување ретко се среќава во практиката а доколку се сретне или е производ на среќна околност или е чиста случајност во секојдневниот живот(Пр.како резултат на квалитет да се вработи некој наместо друг кој се вработил како резултат на ВУЈКО ВЛАДИКА)....во твоето излагање на аргументите си потенцирал дека цитирам,,треба да создаваме општества со еднакви можности за сите, па кој колку го бива така нека се развие". Оваквиот опис на општество се нарекува капиталистички а секој кој познава елементарни сознанија за политика и воопшто секој кој е надарен со сетилото за вид и слух може да отвори ТВ и да слушне еден дневник на ТВ од кој што доколку поседува минимална интелегенција би извлекол заклучок дека и ние Р.Македонија преминала од социјализам во капитализам...е сега да се надоврзам на претходната мисла како што реков еднакви можности би постоеле за сите доколку не се прави дискриминација под било кој основ значи да не се прави дискриминација под основ на пол,раса, етничка припадност, вера и вероисповед итн. ова начело е едно од основните начела на повелбата на ООН чија членка е и Р.Македонија од осамостојувањето како посебна држава.
Мислам дека некои работи потребно е да се знаат за да не се доведе јавноста во заблуда...овие размислувања навистина би придонеле кон штетен исход не само за женскиот род туку општо за сите МАкедонци кои живееме овде.
А како за крај би додала дека постои многу едноставно решение за колегата Никола,и тоа се вика промена на етничката припадност и вероисповеста одмакедонско православна христијанска во албанска исламско муслиманска вероисповед...со најискрена желба дека сите овие барања ќе му бидат задоволени:smir:
Само да си додадам уште нешто како би ти било тебе НИкола како македонец доколку некој те омаловажува во случајов Грција тоа го прави не не признава за луѓе сите општо и мажи и жени како ти се чувствуваш..зошто и ти го правиш истото кон сопствениот народ кон половина од сопствениот народ најважната половина.Жената е столб на семејството...и ти си излегол од женска утроба пред 26 год сети се и ти си цицал од женска дојка дали е тоа во ред...ало жените не биле суштества немало да постојат женски богови пресвета Богородица мајката Божја како не ти е срам темава е богохулење да плукаш по жените тоа е срамота..жените се светост...жените се иднината на еден народ
 
Прво работиве што ги пишува Никола,биле актуелни во 1834. Денеска се сменети работите,така да во тоа што он го пишува ниту се пронаоѓам,ниту пак може да ме изневира.Само слатко да ме насмее.

А и безполезно е пишувањето.Работите се за 180 степени променети и нема зашто да го објаснувате тоа.Знаете кое е вашето место и положба и времето кога жената била малтретирана,кога служела само за готвачка и слично,поминаа и нема да се вратат.Затоа не се нервирајте со вакви коментари

Сменети се работите, како да не се сменети, баш за тоа збориме дека се сменети на полошо без да се створи општествен консензус за такви промени. Ни бутнаа тиха револуција од западот и ни го разорија семејниот систем кој не оддржал како народ со векови.

Денес, жените имаат нови, ајде да кажеме рамноправни улоги. Арно ама тие ги задржаа истите привилегии од стариот систем. Добија власт, економски можности, ги имаат истите привилегии, а слободата на однесување нема кој и со што да ја ограничи. Дигнати се и отуѓени.

Арно ама, за оваа нова општествена шема да успее, мажите мора бидат поттиснати да не бидат мажи ко што им налага прироата и ко шо било порано по договор. Мажите не само што го губат социјалниот и еконмски статус, туку ги губат привилегиите од стариот систем во односите со жените. Се поише се разочарани, апатични, повлечени, многу од нив стануваат папучари и педери.

Епа кога е така, некои од нас викаат нема што да бараме со вакви жени кои живеат по теркот на Сексот и градот. И како што вирусот на феминизмот се шири од запад наваму, западните мажи бараат спас во женење со наши жени. Некои од нас, а ќе не има се поише, почнуваме да бараме спас на исток со жени што не ја изгубиле женственоста и семејните вредности. Тајланд ли,мајланд ли, не е ни битно, сега е секој сам за себе, к’смет и среќа што би рекол Никола.
 
Има жени кои и покрај тоа што имаат успешни кариери,се грижат и за домот и пеглаат, прават ручек и слично.
Не може да очекуваат мажите дека на жената единствена амбиција и е да седи дома.
Жената е човек и таа има право да напредува и да има успех во животот.
Не значи дека ако има успешна кариера,нема да може да се грижи и посвети на семејството.Тоа е лага.
Мислам според некои мислења,испаѓа дека жената не треба ни да се образува.:toe:
Дека не можат да бидат исти...физички да.За физички работи да.
Но интелегенцијата не се одредува според пол,туку според индивидуата.Има и глупи мажи,има и глупи девојки.
Навредливо е сите жени да ги ставате во ист кош,како да се безвредни.Иако за некои работи признавам дека сте и во право.
Реков не се препознавам во постовите каде што викаат дека жената е глупа,ваква - таква,зашто знам дека не сум, па затоа и темава веројатно не ме нервира.:smir:
 
Кога жената ќе почне да се правда за тоа што го постигнала во животот и која е и што е, и кога крајно исфрустирани дебили ќе почнат да и солат памет, да, навистина ќе имаме потреба од „апели“ ... ги има таквите де, не дека не ...
Ама до тогаш, на темава, ќе морам да се послужам со .!.
Му благодарам на постоењето на к*рот, барем така мислите дека сте мажи.

Ебате будалите, ебате!:pos2:
 
јас се извинувам што како женско ќе пишам нешто...ај темава ајде нечиво мислење е (иако според мене е...немам збор да го опишам) не е насловот утнат. не треба да стои мажи по швалерки жени на шпорет или нешто така?
 
Ако не се лажам, во христијанството Господ ја создал жената од реброто на мажот, за да го усреќи дечково, кај муслиманите жената не се ни третира за човек.

Кратко кажано - се согласувам!

Ам во тој случај не ти е понижување да легнеш со суштество создадено од ребро? Што не одиш со мажи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom