Начинот на кој Никола си го изнесува мислењето отсекогаш бил, а очигледно уште долго време ќе биде, ШОКАНТЕН за широката маса конформисти на кои од навика, пријатно им е само кога во уши им влегуваат звуци од мед и млеко како течат на малите екрани; а ФРУСТРИРАЧКИ за малата маса вечно гладни за машка деградација феминистки.
Се сложувам со таа финта. Со терминот 'финта' не алудирам на тоа дека човекот намерно прави шок-сурови муабети за да постигне поента, бидејќи можеби и навистина размислува така; но не го коментирам више тој дел бидејќи не го познавам лично, многу јасно.
Добро е за шокирачот кога луѓето ги примаат информациите на неговиот шокантен начин, така убаво ќе им влезе во глава, ќе се соочат веднаш со самата суштина, без пердиња шминки и вртење, и дефинитивно мислата ќе му остане забележана.
А за жал јас темава не ја исчитав цела. И кој би ја читал воопшто, кога уште од првите 5-6 страници може да се сфати дека премногу се крека, и тоа се крекаат истите зборови, истите муабети, истите компарации. Од секогаш. Веројатно уште од кога човечкото суштество станало самосвесно и почнало да ги забележува своите диференцијации од остатокот.
И затоа морам понизно преку забелешка да му честитам на мојот убав пол, за одличното искажување на страшната интелигенција и способност за водење нормална, културна, ПРАВОПИСНА, длабока и АРГУМЕНТИРАНА дискусија кое го видоа сите тука. Лошо читате, горе пред 'интелигенција' и пред 'способност' стои едно огромно црвено НЕ!
-Со забелешката не им се обраќам на сите жени кои коментираа во темата, туку на сите пеперуги, ангели, разноразни грлови, и остала компанија што не ги вади шпоретите и каишите од уста, и не кажува никаква корисна поента но пак успешно создава очобол од проклетата латиница и уште повеќе простор за оправдана IQ-дискриминација од машкиот свет.
И не можам да издржам а да не прашам: Добро бе, како е возможно на пост напишан од автор кој очигледно држи некаква интелигенција и рационално размислување, и во кој се добро смислени или прочитани па исплукани факти и цели парадигми на многу прост, дури вулгарен но јасен начин, вие драги цурици дури и постари од мене (алал да вие ако сте стасале ја да ве учам на памет.), да налетате како рој муви без глави и да се изнајадете гомна толку инстинктивно и патетично-емотивно, без ич да се навратите на здраво размислување па да си го испотите газот ама да се информирате и да му нашлапате некое добро издржано размислување ако веќе толку сакате да јуришате за женска правда?!
Па после немало да не етикетираат како нестабилни.
Несвесни, глупави, ветрушки.
Епа ја прва ќе ви ја лепнам етикетата на чело како едно скромно браво за актов.
Или па поарно извреѓајте колку шо имате сила или истурете се од директно бунтување против мислењето што било изложено, барем тоа ќе биде искрено, наместо уште да се обидувате да му сервирате некоја мувлосана нааанананааа-иронија од типот "Извини што пишувам на темава(мислам дека си шупак) и Извини што го дишам воздухот кој припаѓа на о благословените мажи(мислам дека си шупак)." која се користи во четврто.
Со некои делови од постот на Никола ќе се согласував, но доколку родовите денес беа, чисти. Како што сите сакаат да спомнуваат, а надвор во светов ама ич не е така.
Под чист род, мислам на археотипот Маж-моќ&енергија кои дури му создаваат и доминантна аура околу него. Таков треба да биде нели? Оној ќе знае да создава, да заштити и брани и да почитува. Така е замислата и тенденцијата на природата, не?
А такви ли сте, молам?
Па жените го сакаат тоа. Да, го сакаме! Природата зборува и во нас. Ја знаеме улогата на мажот и ја сакаме. Буквално се восхитуваме кога наидуваме на такво суштество.
Ама пред да се чукнете во гради, размислете прво убаво за денешната млакост на целиот ваш сопствен род. Бидејќи неможат да не задоволат само поединци и исклучоци во целата декадентна ваша состојба.
А си има еден фин куп социолошко-општествени а особено и технолошки фактори што го предизвикаа тоа.
Значи јас го гледам тоа така: индивидуалноста и слободата-каква таква но голема во капитализмот неминовно предизвикала мешање на се и сешто и насекаде, отворени машки прозорци за жени, отворени женските прозорци за мажи, идентитети, козметички добра, и така натаму, и со тоа се разводни и напола одлета во други правци, и некој начин изгуби, силниот корен во чие име се крстите како мажи.
Па штом ги нема мажите како такви мажи, како нема да излезат жените од контрола? И они одамна начуја нешто за слобода, парчиња небо, секс од чиста страст, рударство. Кој би ги спречил? Крелето што на едномесечна врска пишува по 34 пораки за добро утро?
Жените се разгалија. Ги разгалија глупавите мажи, кои не си ја сфаќаат својата функција во светот. И кои тие со својата женска интелигенција и неверојатен осет ги експлоатираат до макс.
И враќање, тешко.
Ама пак сите често знаеме да бркаме погрешни поими. Комплицираме до бесвест.
На темава се замрсиле сите можни клопчиња, и скоро никој незнае како да ги одмрси но сите ги јадат гомната со сласт до бесконечност и назад.
Жените, зошто па они толку лаат? Зарем не ја научија досега својата вредност? Зарем сеуште не изградија силна самодоверба, стабилност и не најдоа задоволство од тоа што се? И покрај тоа што имаат дури и премногу нешта на кои треба да се горди? Дури и сеуште дозволуваат да ги исфрли од рамнотежа некој си сосема небитен господин х кој им стапнал на живец со тоа што го искористил правото да го изрази своето мислење на јавен форум.
Жените се далеку поинтелигентни од мажите во одредени сфери на животот, и имаат далеку повеќе способности во други (раѓањето за пример нели), и треба тоа да го знаат и да го негуваат. Плеткање во работи кои ама ич не им лежат и не ги интересираат само за инат на мажите е работа која им личи само на малите деца кои не научиле поинаку да се справат со конфузните ситуации.
Значи, жените имаат и можат во она за кое природата ги надарила ним, а не мажот. Луѓето основале цели масовни религии на култот на Божицата, во времето кога биле сеуште блиску до својата суштина. А жените го сакале она што се и она што го имаат, и успешно го користеле.
Но бидејќи мора да има баланс, поседуваат и поголема емотивност и деликатно реагирање на светот што кога станува најизразено од целиот карактер, пречесто ги води во пропаст.
Засилувач е и премногу-то што го нуди отворениот свет денес, кое знае да ги збуни и да ги наведе да го прават она што знаат да го прават таму каде што не треба, а млаките мажиња воопшто да не забележат кога требало да се појават во својата моќна фигура, и да им го дадат вистинскиот сигурен поттик.
Ама светот неможе да се враќа назад, затоа ние можеме да се приспособиме на него денес и да размислиме како да продолжиме од овде.
Уживајте во разликите.