Фан клуб - РК Вардар

Nisto ko taka sekako nemame trener neka si dojdi Milano kaj nas :pos:
Milanoooo Ckembarooooo :cujte:

konecno za nesto da se slozime. moze i dzabe da go zemete posto borko go isplati za slednata sezona, ali posle da nema kukanje ako igra kako sto ke mu kaze borko pa i od ohrid da pocnete da gubite.
 
Како што тргнало двајца се караат третиот добива, да не биде догодина Охрид шампион они барем ќе знаат да одберат играчи за ЛШ за разлика од Еурофарм :)) док да најдете тренер Охрид ќе биде шампион :)))
 
Од она што јас го имам како информација е дека нашите начелно биле на став дека одбиваат да ја продадат утакмицата и навистина немам замерка за никој од играчите, мислам дека изгинаа на терен. Утакмица во која можеби клучен момент е таква среќа да топката после одбиена во пречка повторно се врати во раце на Хосни, не е утакмица во која сите смислено учествуваат во местенка. Многу по балкански и сељачки би било изведено тоа ако учествуваат сите во задкулисни игри. И промашените зицери мене не ми личат на ништо намерно направено, едноставно промашувања што се случуваат на секој натпревар. Единствено за Јагуриновски и Танкоски не може човек да биде сигурен дали учествувале во штела, пошто квалитетот на нивната игра низ цела кариера е уствари дека играат ко да се платени од противничкиот тим. Така да не можеш да знаеш дали им е нормален ден или местат.
Е сега, пукањето на тиквата со Милано и нажалост најверојатно и со Столе веднаш после натпреварот е доказ дека сепак некој најверојатно решил да го послуша "советот" на Борко или бар дека Михајло се сомнева во тоа. Пошто колку што јас знам, Михајло до крај останал на став кој би го имала и фан-базата, дека не треба да се попушта во никој случај, без разлика дали Македонија имала или немала претставник во ЛШ. Така да, дали е наместена титулата? Не би рекол баш така, ама дека добиле они ветар во грб од наша клупа во клучни моменти е очигледно по дешавките после натпреварот...
 
 
Се очекува многу од Чупич, јас верувам дека штом Вардар загриза толку многу за него дури плати и оштета значи стварно веруваат дека е вистинскиот тренер за Вардар.
 
По мене требаше да се оди со попроверен тренер. Голем ризик е некој да учи тренерски занает на екипа која има шампионски амбиции, па колку сака нека бил квалитетен ракометар. Публиката сака резултати и така притисокот е многу поголем отколку да се учиш во клуб како Метковиќ.
Избрзан потег, иако бев за да му дадат некаква улога како спортски директор, со цел да привлекуваме играчи од балканот. Милано секако беше зрел за менување, од старт не ми направи ќеиф, ама требаше да се оди со посигурно решение. Вака, може ќе го биде, може не. Особено лошо е што доаѓа на состав кој друг го направил, а не со играчи кои сам ги има бирано.
 
Според мене идеално ќе беше да се проба со Чупко-Столе како што беа едно време Сердарушиќ-Штефан Олсон во ПСЖ, двајцата први тренери да нема помошен меѓу нив, можеби ќе кликнеа… Инаку и Јиха директно почна со Кил со една неполна сезона како асистент и уште ред други играчи што станаа тренери па се многу успешни, плус Чупко од секогаш имал лидерски карактеристики, мислам дека ќе искочи добро неговиот ангажман само добро би било да остане и Столе иако сега за сега тешко…
 
Кој проверен тренер? Зар има таков.Еве Еурофарм се уште е без тренер,иако игра ЛШ.Единствено Дејвис може да дојде кај нив зошто тој сака само ЛШ.Алонсо беше проверено тренер но да не беа нашите глупости на клоци ќе го истераа.Еве дајте пример.Колку што јас знам Раул Гонзалез пред да дојде во Вардар бил помошен тренер во два шпански клуба .Чупиќ беше помошен тренер во Загреб и тренер во Метковиќ кој го спаси од испаѓање.Па зарем ние сме од времето на Самс па да бираме кого сакаме а не играме ЛШ.За Столе е подобро не со Чупиќ ќе дојде неговото време.Не сега ,да не изгори .Очекувам поголем авторитет и хемија меѓу играчите публиката да направи тренерот,па со тоа и резултатите.
 
1752951488915.png
59 минута, со гол Вардар има реми што значи титула. Срдановиќ ја погодува стативата.
Aко беше наместенa и ако навистина сакаше да промаши, ќе ја закачеше топката над голот, а не да ризикува долу десно.
Но, оставам простор дека можеби дел од стручниот штаб имал вмешано прсти.
Од Столе не се слушна ниту збор на ниеден тајмаут, цело време мртов ладен на клупата, иако обично е активен, дели совети и ги мотивира играчите.
Играњето на Танкоски исто така отвора многу прашалници, особено на халф во одбрана, каде што го пробиваа како што сакаа.
 
Ovaa sezona
Прегледај го приврзокот 451124
59 минута, со гол Вардар има реми што значи титула. Срдановиќ ја погодува стативата.
Aко беше наместенa и ако навистина сакаше да промаши, ќе ја закачеше топката над голот, а не да ризикува долу десно.
Но, оставам простор дека можеби дел од стручниот штаб имал вмешано прсти.
Од Столе не се слушна ниту збор на ниеден тајмаут, цело време мртов ладен на клупата, иако обично е активен, дели совети и ги мотивира играчите.
Играњето на Танкоски исто така отвора многу прашалници, особено на халф во одбрана, каде што го пробиваа како што сакаа.
Plus kakvi greški praveše tipot dur beše na teren, ne beše realno za gledanje.
 
Скоро никогаш не пишам на оваа тема но сега морав да си кажам мислење чекајте бе ,,другари" ако е местена и дадена тогаш е страмот за вас како клуб шо вика кенгурот јојо и уште поголема страмота за вашата НГ да му се дај решавачка утакмица на најголемиот ривал па тоа да се денешен кај нас ќе гореше градот и ќе летаат глави не знам шо друго да ви речам да тврдите тука 90 % од членовите дека е дадена тогаш уште поголем резил шо ништо не сте направиле пред тоа а сте знаеле и ништо не сте направиле после тоа а сте знаеле не знам како да ви речам мене вака да ми се деси се ќе му ебам на сите во клубот и околу него или никогаш нема да стапнам поќе всала
Дека имало порано во фудбалот три за три нати дајми знам нешто и сам се тргна даваа автоголови итн...во ракометот имаше сумлива ко мандалиниќ на дваесет секунди до крај му ја даде враце на вашите и изгубивме но искрено не верувам дека беше дадена и местена само имаа блокада тие ракометари и немаа лидер но за оваа утакмица во Скопје шо решаваше се праеше атмосвера на се или ништо дека мора да тепаме но немаше инфо инаку ќе си дојдев и јас да го гледам тој секс всала дека сите се надеваа да но дека имало муабети нема врска чисто за инает и политка како секогаш шо се и сешто се збора без разлика пеналите , во очите на никучот се виде дека гори од желба и дека ќе тепаме но дека нешто има чудно е тоа шо кога победивме и заврши утакмицата на преносот убаво се гледа дека нашата управа како да не се израдува како играчите и навивачите дури збунети изненадени како да не сакаа ни да победиме се гледат на крајот само едно честитање меѓусебе и без некоја посебна емоција за разлика од играчите и крај краева ако знаеја играчите немаше така и толку да се радуваат три дена на местена утакмица ако дале нешто вашите то е ваш проблем и таму да си го решите но со бркањето на тренерот голема грешка направивте шо нас ни оди во корист и оваа сезона да земиме четврта титула со ред ,туку да прашам имаше еден со теории на заговор а дека фитиљот потпишал странство само не ни кажале сега шо прајме пак остана капитенот а видовме дека ги знај песните излгеда му се погоди пак ќе ви пеј всала како шо оди работата и наместо да си го решите дворот цело време и уште за нас зборувате шо значи многу ве боли овај пораз шо ја прави уште по слатка победата и титулата без разлика дали била дадена или не ваш е страмот !

P.S.Јас пак не разбрав Борко ни ја дал со дел од ракометарите ваши и тренерот а столе и михајло биле против? Па тогаш шо чекате бркајте се од таму шо прајте уште тука на форумот !
 
Никогаш не сум поддржувал теории на заговор без да ја знам позадината.

Чиста местенка. Да не ставам скриншоти од колеги битолчани што ми пишуваа на месинџер ден пред утакмица. Има болни луѓе по темиве, ќе ги злоупотребат разговорите. Луѓе што врска немаат од ракомет, што не им значи ништо, знаеја дека работата е наредена. Сите беа спремни за славје уште од претходно во Битола. На наш собир, постари членови кои имаат контакти со Чкембоси викаа дека ќе изгубиме точно со два разлика.

Следи им го наративот на нивните фан страни. Сите имаа кренато раце, караа, плукаа по Фитиљот, од гомно подоле го правеа дека на куп финалето ги вреѓаше сите соиграчи. И одеднаш, преку ноќ сите станаа убедени во титулата. Лаганица, ќе славиме во Скопје, ово оно.
И се тоа без Абутовиќ ;)
Така полумртви лагано го тепаат Алкалоид на гости и после ја вртат кај нас од -5. Сосема случајно цело второ полувреме играме со македонска постава, со Танкосен 30 минути во напад и одбрана. Сто странски бекови, сите на клупа во решавачки моменти. Жутиот не може да истрча контра. И секако главниот, Јагуриновски од мвп на финале, до послаб од Мишевски, без никаков жар за борба. Гогов цело полувремее 0 одбрани. Па со Металург кога се кршеше резултат, ако губевме ќе се задавеа, 5 саати ќе траеше утакмицата. Сега ни бунење, ни ништо, ќутенката до крај.

Јас очекував барем еден да си признае од нив, особено од Горан :D Ама ајде, ќе се правиме наудрени.

Вечерта пред утакмица, цела екипа беа на Македонија-Белгија, до 11 вечерта гледаа фудбал на стадион, цела екипа насмеани. Баш карантински пред решавачка утакмица за титула. Изгледа им помогнало за подобрување атмосфера :D

По мене, нашите многу изгубија со ова меѓу фановите. Мислам дека многумина нема да им опростат. Нека изгубеа 100 разлика, ама во фер натпревар. Мислам дека тука се крие и тајната во губењето на Столе.
Nie budali sme sto zborime za ova, taka si izmislivme deka e mestenka. Ne deka imame info.
Tocno e deka Mihajlo bil protiv. I Stole bil protiv.
Nemoj ne im zbori taka, eve zaboravete deka sme vi pisale neso vaka, ne im go rusi pesocniot zamok i na ednive i na drugive.
Za dobroto na makedonskiot rakomet :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom