Никогаш не сум поддржувал теории на заговор без да ја знам позадината.
Чиста местенка. Да не ставам скриншоти од колеги битолчани што ми пишуваа на месинџер ден пред утакмица. Има болни луѓе по темиве, ќе ги злоупотребат разговорите. Луѓе што врска немаат од ракомет, што не им значи ништо, знаеја дека работата е наредена. Сите беа спремни за славје уште од претходно во Битола. На наш собир, постари членови кои имаат контакти со Чкембоси викаа дека ќе изгубиме точно со два разлика.
Следи им го наративот на нивните фан страни. Сите имаа кренато раце, караа, плукаа по Фитиљот, од гомно подоле го правеа дека на куп финалето ги вреѓаше сите соиграчи. И одеднаш, преку ноќ сите станаа убедени во титулата. Лаганица, ќе славиме во Скопје, ово оно.
И се тоа без Абутовиќ

Така полумртви лагано го тепаат Алкалоид на гости и после ја вртат кај нас од -5. Сосема случајно цело второ полувреме играме со македонска постава, со Танкосен 30 минути во напад и одбрана. Сто странски бекови, сите на клупа во решавачки моменти. Жутиот не може да истрча контра. И секако главниот, Јагуриновски од мвп на финале, до послаб од Мишевски, без никаков жар за борба. Гогов цело полувремее 0 одбрани. Па со Металург кога се кршеше резултат, ако губевме ќе се задавеа, 5 саати ќе траеше утакмицата. Сега ни бунење, ни ништо, ќутенката до крај.
Јас очекував барем еден да си признае од нив, особено од Горан

Ама ајде, ќе се правиме наудрени.
Вечерта пред утакмица, цела екипа беа на Македонија-Белгија, до 11 вечерта гледаа фудбал на стадион, цела екипа насмеани. Баш карантински пред решавачка утакмица за титула. Изгледа им помогнало за подобрување атмосфера
По мене, нашите многу изгубија со ова меѓу фановите. Мислам дека многумина нема да им опростат. Нека изгубеа 100 разлика, ама во фер натпревар. Мислам дека тука се крие и тајната во губењето на Столе.