Донекаде разбирливо. Сакале да признаеме или не, Кирца одлично се снаоѓа на тренерската позиција. Очекував да паднат бајаги после повредата на Марко, ама продолжија да играат одлично. Алкалоид е тим каде што ќе добиваат шанса помладите играчи и ќе бидат под палка на Кирца (безразлика што не се сложувам со проекти тим-репрезентација и што на некој начин ги условува играчите да играат во Алкалоид).За вториов е пробано, има контакт и желба ама треба чудо за да го пуштат, парите и оштетата не се проблем…
Муабетот ми е дека негов евентуален премин на оваа возраст во Вардар ќе значи можна стагнација, дека тешко би добивал шанса каква што би ја добивал кај Кире. Не знам кон која позиција ќе се насочи, дали кон лев бек или среден како брат му. Како и да е, очекувам наредна година да биде топ во Алкалоид и ние треба да дадеме се' од себе да го собереме од понаредна сезона. Се надевам дека тогаш ќе имаме со што да го привлечеме, односно подобар тим, играње во ЛШ, подобар тренер итн.
Галец уште од сега може да ни биде прв голман, ама имам чувство дека никогаш не би потпишал за Вардар

Останатите се просечни играчи (нормално, Марко не го бројам).