Уништен сон

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
сите имаме некој сон уште од мали...некоја желба која се стремиме да ја оствариме....правиме се што е возможно да се оствари,се радуваме и на најмалиот успех....гледате како вашиот сон(да станете глумец/глумица,пеач/пеачка...балерина,фудбалер....да запознаете некого....)полека почнува да се реализира....и наеднаш се се руши...секоја илузија...секоја надеж паѓа во вода...сто ни останува тогаш...
дали сте се нашле во ситуација да ви се сруши целиот свет???како сте продолжиле...што понатака....?
или можеби ова ви се случило на љубовен план?
ајде искуства...

Сечиј живот се руши и се изградува повторно врз основа на тие сонови, тоа е она што не прави посилни и способни да преживееме.Моите сонови секој ден се рушат и се сонуваат одново, моментално сум во ситуација да се откажам од кариерата за која што буквално сонував за сметка на подобра матријална состојба неколку години покасно.
Но тоа е она што ни се случува, тоа е животот, додека љубовните „сонувања“ ми завршија некаде во шесто-седмо одделение, љубовта секогаш ми била многу повеќе реалност која што можам да ја доживеам и градам, него сон кој што треба да го сонувам и да очекувам дека еден ден ќе се оствари.
:plet:
 
Сонот е она што ме тера да заспијам :pos::pos:
 
Za mene ostanuva istiot son i ponataka ,jas kazav deka sega za sega seto otide vo voda sto ne znaci deka utre nema da se smeni seto toa :jaj::baeh:
 
Хммм...имав сона да станам фидбалер,но прекасно почнав и немав доволно време да ги стигнам...се помирив со тоа,беше тешко да не го следиш својот сон но издржав...сега ми останува само рекреативно да се занимавам и на некој друг начин да се доближам до тоа :toe:
 
Хех сонот како мала ми беше да сум астроном..Ја обожавав астрономијата..Но сепак сонот си исчезна полека..И сега сонот ми е многу подруг..А астрономијата уште ме интересира ама не представува веќе никаква моја животна желба..
 
Сега видов ШТО ПОНАТАМУ?
Епа помина тоа со гимназијата и уметничко...некако завршив гимназија туркав трокирав каснев ко дизел...битно завршив.
Се запишав на графички дизајн, и еве скоро завршувам. Па ваљда сонот е до негде остварен, го пишува моето име во Adobe, и среќен сум:)
Ваљда некој ден овие 3000евра ќе се исплатат:)
 
Заебано е како што кажа TheBestTipster сакав астрономија а сега ќе морам да се задоволам со медицина. :nenene::nenene:

Никогаш не прави го тоа што не те прави среќен. Јас учам медицина сеа ќе сум 3 година али што кога не се запишав по моја волја ?

Али сонот да бидам тоа што сакам никогаш нема да ми се сруши, зошто уште сум 17 години, пред мене е цел живот да го остварам, а тоа дали ќе го остварам ? И ТОА КАКО. :wink:

Бидете оптимисти во животот, заебете го поимот "касно е"
 
Не сум сонувал невозможни работи, па немам и уништени и неостварени сништа.
Се што сум наумил остварувам...
Можеби нешто поспоро, нешто побрзо, но работам на случаите...
 
Уништен сон паа
ако збориме како мали што сме сакале да бидеме ќе кажам актер, но не зборам за во филмови туку за во театар каде нема грешки и втор пат или филозоф. Предизвик ми се тие две работи, ама изгледа и ќе си останат како такви и како хоби за читање драми и филозофски статии.
 
Ако не ме примат на фаултет,незнам шо ке правам!Немам втора опција за факултет,ништо друго несакам,не ми се свиѓа друг ниеден,а + дали ке има и место во вториот круг!!!!незнам план б -НЕМА
 
имав огромна желба, а и реални шанси да играм фудбал во некој светски познат клуб. тренирав, учев и живеев за фудбалот. животот ми беше едноставно перфектен на секое поле.

но сето тоа се сруши. се разболев од доста непријатна болест, која не ми даваше да мрднам. понекогаш нема сила ни да стојам, а не па фудбал да играм. бев во огромна депресија, а бев само 7 одделение.

не само што ми се уништи желбата, туку ми се уништи целиот живот. детството ми помина по болници. немав веќе детство, немав веќе желби, немав веќе волја за живот. како да беше се против мене.

и после 6 години, болеста сеуште ме мачи. се трудам да сум позитивен за да ја добијам битката со неа, но таа постојано и постојано се враќа.

свесен сум дека мојот сон, мојата најголема желба никогаш нема да се оствари...
 
Во стилот на Сатори, кога бев млада... :icon_lol:
Искрено, вака кога ќе се навратам, соништата од времето кога сум била копиљ и подобро што не ми се оствариле. :) Пример, сакав да станам пејачка. Замисли ме сега во некое радовишко богу иза леџа село во локалната биртија на маса со микрофонот. :icon_eek: Сега имам поинтелектуални соништа од тогаш. :icon_lol:
Или манекенка. Кога ги облекував штиклите на мајка ми што ми клапаа и шетав пред огледало и глумев фото-сесија. :icon_lol: Замисли да се оствареше тоа и сега да бев празноглава лутка са насловне стране. Што омилена книга и е Ана Карењина. Да се дружев со Врчак, Елвир и Џеј Џеј и да ме даваа на Ексклузив. :nesvest:

Будали соништа од детството.

Малце кога потпораснав, имав еден сон да студирам надвор. Ама тој сон си остана само сон и си го закопав со тек на време, зошто уште од старт знаев дека нема да се оствари.
И што после? Ништо, се упишав на факс во Скопје.
И си најдов нов(и) сон(ишта), поприземни и со повеќе шанси да се остварат.

Ако ги тргнеме на страна соништата од егзистенцијален карактер и се осврнеме кон оние од љубовно поле- во најголем дел од случаите ми се оствариле. Ама тоа не биле некои соништа во права смисла на зборот, туку поситни планови и желби, па и затоа биле полесни за остварување.
 
Уште од предшколска возраст на секој начин сакав да бидам поврзана со музиката. И многу сакав да пеам. Филмот ми го скрши наставникот по музичко во четврто или петто одделение кога ми кажа дека немам глас.
После една или две години се најдов со гитарата и сега со сајзерот, а тоа дека не можам да пеам, сега не би рекла баш така.

Ова не е ништо, имам пострашни скршени сонови кои радо би си ги чувала само за себе.
 
Одсекогаш сакав да свирам виолина, појдов да се запишам и ми рекоа дека сум голема за да почнам (а имав само 8 години :()
Ми се уништи најголемата желба во животот и од шо бев разочарана не пробав да се запишам за друг инструмент. :toe:
Znam tipka so na 14 godini pocnala i denes predava na Muzickata akademija vo Sk etno instrumenti mislam,taka neso.
 
Требаше да продолжам средно музичко образование.
Во основното буквално ми наредија да земам 2 години наеднаш за да успеам да се запишам.

Шо бе уништен, уште си свиркам у памет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom