Ин витро

  • Креатор на темата Креатор на темата santo
  • Време на започнување Време на започнување
Финтата е што еве, пиша Форца, го ставиле на товар на државата ама и како и се друго каде што треба да даваат пари, го закомплицирале до максимум. Требало прво 3 години да пробуваш да имаш дете па комисии, глупости, анализи и тек тогаш ти плаќаат.
А кaкo ке знaaт дaли некoи кoи се сo вo брaк 6-7 гoдини,дaли несaкaле или немoжеле дoсегa дa имaaт дете кoгa би се пријaвиле? Или времетo гo сметaaт oд мoментoт кoгa ке aплицирaaт?Рaзoчaрувaчки е искренo кoлку им е темaвa нa луѓетo неинтереснa,a требa сите дa се зaсегнaти.
 
Последно уредено:
Докажуваш со резултати од испитувања во тие изминати години. Има таму на колку време правиш најразлични тестови и со тоа докажуваш дека е неуспешно повеќе од 3 години и бараш помош.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Тешкo нa тие штo си имaaт прoблеми,a сите други тaквoтo ги зaбoле,сaмo сo реклaми гледaaт дa се извaдaт a нa терен ништo
 
Во ред испитувања и се останато ама за држави со задоволителен наталитет. Тука ем се кука, ем се комплицира.
 
Јас кога пишував на форумов за таа докторка дека има познавања од медицината на ниво на сообраќаец, на форумов ме цитираа дека била фина :)

:)
:)

Тоа е критериумот за добар доктор во Македонија, фин да си. Еве овој Лазаревски што го спомнав погоре, потерсене човек здравје дека ќе најдеш ама експерт си е човекот.

Греота за луѓево @Mikja, искрено сочувство. Да не си им во кожата ама се додека не се најде некој со наци воспитување во здравствово, тешко дека ќе мрднеме.

Баш кога си барав нов гинеколог, за овој кај што одам кружат муабети дека бил намќор, оскуден со зборови и не се замарал многу да објаснува, со други зборови, не те држи за раче ко другарка и затоа бил тежок за да ти е доктор. Кои критериуми, боже сачувај. Напротив, човекот е можда малце терсене, али во три минути ќе ти објасни се што мисли, директно, се по список. Си реков конечно некој што нема да ме врти по балкони. Али ете, лоши карактери биле таквите.
 
На сите со вишак килажа а под вишак килажа не мислам на 5 кила плус туку на огромнине женишта на наша возраст со сало од сегде што извира ги прашува директно, како сакаш да забремениш со 100+ кила? На таквите не IVF, да им ставиш оперативно фетус во осми месец и да мораат да го поносат само еден месец, ќе умре и фетусот и тие. И баш таквите се жалат, јбг, кога зборат докторите по контактни емисии да се пази на исхраната како канта да тропа, после проблем има, епа ќе има.
Исто вака памтам татко ми му даде упат на негов пациент да извади заб оперативно на клиника и го прати кај еден исто ваков како Лазаревски. Хирург што со три реченици ќе ти каже се и додека те оперира ништо не прави муабет ама за 10 минути е изваден забот па макар со 200 корења да е уклештен внатре. Се јавува пациентов во 22 вечерта, на татко ми 200 сценарија му се свртеа во главата, овој му вика абе докторе се топ, одма излезе забот, дури ни болки немам ама ова хирургов, зошто не збори ич? :tapp: :tapp:

Конкретно за IVF-то кадар имаме предобар во државава, освен Лазаревски знам дека и жената што е ембриолог, што нели лабораториски го изведува оплодувањето на клетката мислам дека е единствена во државава со такви квалификации па и на Балканов тешко да и има некој рамен, апаратурата е најсовремена и за такво нешто 2000 евра е навистина малку. Проблем е што ние сме утепани и дегени како овој Орце удружени со сите можни власти го користат тоа.
 
Во право си, ние сме научени сите да се фини кон нас и да ни прават забава, ако они врска немат што работат. Ене ја мојана екс матична цел живот што ми беше, ќе те испраша се за комшиите и ќе заборави да те наслуша на гради. Али битно она фина е за муабет. :D
Офтопик сме више, али камо сите да беа само експерти и дијагнози од прва да погодуваа, па не мора ич муабет да ми прават.
 
За некои работи треба сенс за комуникација. Молчењето некои луѓе го разбираат како страв на докторот да им каже дека нешто многу лошо се случува со нив. Не е „држење за раче“ муабетот. Јас имав некои професори што си беа добри во струката, ама токмаци со немање елементарен сенс за комуникација со луѓе. Кај лекари тоа е многу важно според мене.
 
Мoже гo бивa ептен a плус претерaл гледaјќи Др.Хaус пa се oбземaл
 
Лазаревски си е реален и веднаш кажува што е проблемот, колкави се шансите и не дава лажна надеж.
Ми имаат кажувано за еден од Плодност кој исклучува мобилен, кога ќе го побара некоја пациентка со компликации.

Намерно е комплицирана постапката и барањата. Само првиот пат е потешко, после веќе имаш обезбедно дел од документацијата.

Мора да има граница, не може да аплицираат и оние кои пробале десет пати во првите 3-4 месеци и тоа не го ни погодиле ни терминот и ги фатило паника. Колку само има вакви, една пријателка на жена ми 3 години не успеа поради вакви работи. Или некои што можат и по природен пат, ама имале желба за близначиња.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom