На сите со вишак килажа а под вишак килажа не мислам на 5 кила плус туку на огромнине женишта на наша возраст со сало од сегде што извира ги прашува директно, како сакаш да забремениш со 100+ кила? На таквите не IVF, да им ставиш оперативно фетус во осми месец и да мораат да го поносат само еден месец, ќе умре и фетусот и тие. И баш таквите се жалат, јбг, кога зборат докторите по контактни емисии да се пази на исхраната како канта да тропа, после проблем има, епа ќе има.
Исто вака памтам татко ми му даде упат на негов пациент да извади заб оперативно на клиника и го прати кај еден исто ваков како Лазаревски. Хирург што со три реченици ќе ти каже се и додека те оперира ништо не прави муабет ама за 10 минути е изваден забот па макар со 200 корења да е уклештен внатре. Се јавува пациентов во 22 вечерта, на татко ми 200 сценарија му се свртеа во главата, овој му вика абе докторе се топ, одма излезе забот, дури ни болки немам ама ова хирургов, зошто не збори ич?
Конкретно за IVF-то кадар имаме предобар во државава, освен Лазаревски знам дека и жената што е ембриолог, што нели лабораториски го изведува оплодувањето на клетката мислам дека е единствена во државава со такви квалификации па и на Балканов тешко да и има некој рамен, апаратурата е најсовремена и за такво нешто 2000 евра е навистина малку. Проблем е што ние сме утепани и дегени како овој Орце удружени со сите можни власти го користат тоа.