Jimmy
Организатор
Од понеделник стартува К-15 телевизија
Ребрендираната МС телевизија (сега со логото на „К-15“), пред се', ќе понуди забавна програма
Најавите за стартување на новата телевизиска куќа во сопственост на „К-15 продукција“ и нејзините заштитни ликови Бубо Каров (Цацко Конопишки), Бранко Огњановски (Миле Паника) и Васко Тодоров (Тошо Малерот) од понеделник, 12 мај, стануваат реалност. По подолги подготовки, ребрендираната МС телевизија од почетокот на наредната недела ќе стартува со логото на „К-15“.
„Станува збор за телевизија во чија основа ќе биде забавната програма, која ќе се базира на кратки ТВ-форми, кои нема да го оптоваруваат гледачот, туку ќе му понудат мигови во кои ќе може да се релаксира“, ни изјави Бубо Каров. „Ќе има многу музика, хумор, сатира... Програмската шема веќе е формирана, но вистинската физиономија ќе ја добие наесен“, објаснува Каров.
Идејата на првите луѓе на „К-15“ е да се одвојат од другите ТВ-куќи во земјава со тоа што во својата програма ќе доминира слободата на израз, личниот печат, ќе има голема минутажа посветена на гледачите, разни анкети, специјални емисии... „Најдолгата емисија има седум-осумминутен тајминг. ’К-15‘ ќе им даде шанса на нови луѓе кои сами ќе се изборот за свој простор во етерот“, додава Каров.
Главен програмски продуцент е Бистра Георгиева, а како дел од шемата во текот на летото се очекува да стартуваат и повеќе аудиции што ќе се одвиваат во Скопје и во другите градови во земјава. „Ќе има секакви аудиции - за водители, пејачи, металостругари... На пример, ќе направиме топ-листа на металостругари. Па, зошто да не прикажеме некој што струга добро метал? Преку овие аудиции ќе им се даде можност на оние што знаат и умеат нешто и да го покажат тоа, а на тој начин, секако, ќе добиеме и нови таленти“, вели Каров.
К-15 телевизија, чие студио се наоѓа во новоизградените простории во населбата Тафталиџе, во фабриката „Алумина“, кои се простираат на над 600 квадратни метри, не е сателитски канал. За разлика од него, другите два канала на „К-15“ - К-15 мјузик и BOM (Best of Macedonia) веќе се ставени во функција и се наменети, пред се', за нашите иселеници во странство. На првиот доминираат забавни македонски музички видеоспотови и постари скечови на „К-15“, додека на вториот канал се реемитува програма од повеќе македонски ТВ-куќи и продукции, како и забавна и народна македонска музика. (К.Ш.)
Утрински весник, среда 07 Мај 2008