Позајмување облека

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Возраст
39
Една случка ме инспирира да ја отворам темата.Што мислите за позајмувањето облека?
1.Дали му ја позајмувате вашата облеката на пријатели?
2.Дали вие позајмувате облека од пријателите?

Јас кога бев основно скоро сите другарки земаа моја облека за излегување,посебно кога ќе одевме на екскурзија.Јас таков обичај никогаш сум немала.Многу многу ретко да позајмам облека од друг.
Кај позајмувањето облека ме иритира тоа што познавам луѓе што позајмуваат облека од некој а нивна не даваат.Или пак ако позајмат облека ќе заборават да ти ја вратат на време,кога ќе ја вратат ќе ја вратат извалкана,неиспрана,а можно е и скината или со флека што не се вади.Кога веќе некој позајмува облека би требало да ја врати онаква каква што ја зел.Тоа е моето мислење.
А вие?

п.с. Мислам дека спаѓа во Мода и Убавина.Ако не префрлете ја во Општи муабети или кај и да му е местото:)
 
Не позајмувам и не барам да ми позајмуваат. Многу ретко се случува тоа, на пример, јакна ако ми е ладно па да не одам до дома земам од кај другарка ми што живее блиску. Глупости сега позајмувам ремени, марами, накит нешто ама се се сведува на тоа. Немам таква навика и не сакам да ја имам, зашто еве сега другарка ми една од толку позајмување незнае која облека кај кого и е и обично и ја враќаат лош направена.
 
Никогаш не сум позајмувала облека никому и од никого. За мене е тоа глупаво, со мојата облека јас ќе се дотерувам и излегувам, а не да ја дадам на некоја моја другарка па да не ми ја врати, или ако ми ја врати да и биде веќе носена и јас ако се појавам во неа нема да бидам интересна...:)
Ако веќе носи еднаш моја облека, и ја подарувам, мада никогаш не сум дала некому моја облека и не ни планирам да дадам. Исто така највеќе мрзам чепкање по мојот плакар. За да си одбере која облека сака да и ја позајмам треба да чепка по мојот плакар, нели?
А тоа го мразам највеќе од се. Можеби звучам себично, но јас не сакам да делам (среќа што немам сестра:icon_lol:), сакам мојот стил и облека да се само мои и ниту на најдобра другарка не би дала да се намачка макар еднаш со моето карминче. :pos:
Можеби сум material girl, ама кога ќе позајмам некогаш било што некому, се чувствувам како да ми фали дел од себе и затоа не позајмувам. :icon_lol:
А мене ако ми треба нешто што го немам во својот плакар, би си купила, па не сум до толку, ќе позајмувам сеа, како да не. :pos:
 
Во средно имав една другарка што нон-стоп ми бараше облека која забораваше да ми ја врати. И не знаев како да ја откачам. Ми дојде преку глава и и’ реков дека појќе не можам да и’ давам облека. Од тогаш престана да ми бара. И најтрагично беше шо ми ја враќаше неиспрана. А ништо чудно и на други да ја даваше. :uvo:
Сега не позајмувам на никого и од никого не барам облека, освен со брачеда шо ми е како сестра. Уствари од ко заминав на факултет и со неа ретко си позајмуваме. И искрено мило ми е шо е така зошто понекогаш и таа знаеше да претера и да го зафрли тоа што сум и’ го дала во некој плакар и да ми го врати после 1 година.
 
Леле отсекогаш тоа сум го мразела да се позајмуваат работи, никогаш не сум зимала гардароба освен може само за едно излегување да се сличи да позајмам чанта или ланче и нараквица ако немам во таа боја (зашто до сега памтам само тоа сум позајмила) а и никогач не сум давала гардароба иако постојано ми барале.
Е сега единствено се си менувам со сестра ми али нормално е тоа :pipi:
 
никогаш не сум давала облека на другарки ниту пак сум барала.едноставно мислам дека тоа некако е..да речам нехигиенско.не викам дека другарките не ми се бањаат:pos:туку едноставно не ми е пријатно некој да ја носи мојата облека.се случува да дадам обетки или ташничка ама само на најблиските другарки затоа што еднаш ми се случи на една познаничка да и позајмам..не ми текнува што и не ми го врати.така да решив да не давам работи на некој што не ми е близок.не сум навикната да позајмувам, глупо ми е, како да се гребам и едноставно го носам тоа што го имам, ама сепак, менувам ствари само со сестра ми што е нормално:)
 
Очигледно е дека таквата појава на позајмување облека помеѓу женската популација е неспоредлива со таа на машката популација каде што и да не постои пракса на позајмување облека. Ова може лесно да се објасни со преокупираноста на женската популација со мода и дотерување. За споредба, машката популација особено помладата е повеќе заинтересирана за автомобили, техника и игри, но освен игир и по нешто малку и многу ретко техника нема никаква пракса на размена.
 
Не, никогаш не сум барала ниту позајмувала. Сум немала потреба, се носам во широко и ретко кој има ист стил како мене па затоа и немам проблеми од таков тип. :)

Сведок сум на многу случаи кога облеката им беше враќана испокината, извалкана или проширена па и самите не можеа повторно да си ја облечат. Затоа не практикувам такви работи. Единствено мислам дека може понекогаш меѓу сестри или браќа ама да нема кавги заради тоа.

Многупати другарки се караат за такви работи, на пример кога низ град пред друштво онаа што позајмила ќе и рече на другата: Еј, ама добро ти стои мојата блуза/маичка ватевер. Потенцирајќи дека е нејзина и тотално засрамувачки делува за другата.

Кој што има тоа нека си носи и чиста сметка. :)
 
Не сакам да делам облека со другите (сестра ми не влегува во групата „другите“) ако ми побараат ќе им дадам ама не ми е многу мило. Еднаш само земав маичка од една другарка и 5 минути пред излегување се пресоблеков :) срце јуначко не се дава така лесно :):):)Сестра ми има таква другарка која често ни зема облеката и чевли ама фала богу чиста е и на време ја враќа. Сепак, носам тоа што имам,ако ми фали нешто го ставам на листата за купување или шиење.
 
Ако сум машко, сепак ќе коментирам. Мразам позајмување на облека, било од мене да позајме некој било он на мене да ми позајме нешто. Никојпат до сега ми се нема случено да облечам туѓа облека. А има ми се случено неколку пати да побара некој другар маичка или слично, ама после коо ми ги враќат никој пат не ги облечувам незнам зш.. :toe:
 
Позајмување облека - сељачка работа.

Како што кажа Гаго, кај мажите речиси воопшто не е застапена оваа појава. Кај жените е многу повеќе застапена, најверојатно затоа што жените се многу поопседнати со тоа што ќе облечат. Ќе позајмат, ќе дадат на заем, а после тоа ќе мрчат за својата другарка како тоа она не и ја вратила 7 месеци, или и ја уништила облеката. Па после она „за инат“ не и ја враќа маичката од Теранова.

Ко прво не е хигиенски, ко второ не сакам да употребувам туѓи работи и предмети, ко трето ефтини се маичките во Еко...
 
Ауу, оваа појава ме нервира најмногу.
Девојчињата од моето одделение се луди по оваа работа, во ранецот го полнат секој ден со облека, па се менуваат со други.
Глупости...
 
Дадов, ми упропастија, нема појќе.

Шо ми е глупо па тоа. Носиш некои панталони, ги носиш и носиш, значи општо познато е дека панталоните што ги носиш се твои, и утредента другарка ти со истите. Прво, женско забележува таква работа. У тоалет само да влезеш од муабетите што ги слушаш одма знаеш кој чиј долен веш носи. Второ, не ретко се случува таа што дала парче облека на заем, да отвори уста и џанам на несакајќи да откачи "утре да ми го вратиш".

Шема било да мењаш алишта... А шо не се само алишта, то е друго.
На школо... Пошто часовите служат за некој да си се нашминка, додека у меѓу време слуша предавањето, нели... Има, еден несесер со шминки. И тој несесер со шминки ги поминува сите можни клупи на кои седи барем едно женско. И цело село има исти сјај, иста сенка, исти молив, иста наранџаста пудра...

На страна што не е хигиенски користење туѓа козметика, туѓ прибор за лична хигиена, туѓа облека... И така... :pipi:
 
Колку работи ми биле упропастени од тоа позајмување..Затоа и не позајмувам облека. Иако знам дека е нехигиенски сепак не сум можела да кажам не кога ми побарале нешто за позајмување. Откако ми уништија доста работи веќе сето тоа престана.

Единствено можам да позајмам облека во екстра вонредни ситуации, ако е ладно да не оди до дома, или ако накиснала надвор, или пак ако се исфлека од нешто...Инаку не:pipi:
 
Позајмувам само на една другарка, што има скоро иста конституција како мојата. Порано позајмував на повеќе (јебига, кога сите се спремаме кај мене, а плакарот е отворен, мами погледи :icon_lol: ), aма не ми ги враќаа работите на време.

А со другаркава, мислам дека само уште долна облека ни фали да мењаме (скраја да е :)), и си имаме обичај кога некоја од нас ќе купи ново парче облека да си речеме „Ај со здравје да си го носиме.“:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom