MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Да, во црквата секој може да изнесе свое мислење, но ако тоа мислење е поблиско до реалноста, т.е. подалеку од мислењата и ставовите на црквата, да биде третиран како еретик и слично?
Прво и основно, за да можеш да коментираш за логиката од постоењето на религијата, пред се мислам на хрисијанската, треба да имаш барем азбучно познвање од истата па дури тогаш да ја ставиш на кантар и да ја споредуваш со науките и нивната цел и улога во овој свет и овој живот. Очигледно дека твоето познавање од христијанството е речиси никакво а и да го имаш, бо требало да бидеш верник па за истото да кажеш афирмативни зборови. Суровото познавње на некоја вера незначи дека истата ја прифаќаш, туку само дека ја познаваш.Кога се` заедно ќе сумираш, ќе дојдеш до заклучок дека во црквата никој неможе да искаже, а и да има, свое мислење за работите околу него, спротивно на тоа од црквата.
А што ако црквата прави проблеми, и прави проблеми, кои неможат да се толерираат?
Тоа е доказ за моето дека неможе секој да има различни мислења во црквата.
Знаеш ли ти воопшто што претставува теорија?
Или незнаеш, или се однесуваш како да незнаеш.
Теорија претставува ЕСКПЕРИМЕНТАЛНО докажана и потврдена хипотеза!!!!
Си слушнал или прочитал за гравитационата сонда, која експериментално ја докажа хипотезата на ајнштајн, и ја направи теорија, или ја потврди таа теорија?
Теоријата на Ајнштајн ( таа Е=м*ц*ц ) е докажана во нуклеарните централи, и мн други научни установи!
Не е само тој!!!
Значи, ќе се сменат. Ова е докажано од контрадикторноста на твојот пост.
Целта на православието е нереална, и измислена ( кој докажал дека постои живот после смртта? ).
Кои се резултатите од постоењето на религијата ( воедно и православието ) во реалниот свет?
Вече ја кажав.Тоа што ти несакаш да ја видиш, и што не размислуваш и живееш ( т.е. живееш во виртуелен свет, кој е измислен од некој друг ) во реалниот свет, е друга работа.
А какви се оние умови, кои живеат во свој замислен свет?
Кои што ја изменуваат реалноста во нивните умови?
Кои веруваат во што сакаат, и за нив тоа претставува реалност?
Кои веруваат дека постои задгробен живот?
Кои имзислуваат ( во нивниот ум и фантазии ) некој „креатор“ на човекот, и веруваат дека постои?
Ова не е фантазија?!?
Барем дел од она што го замислиле „научните умови“ е реалност ( пример:компјутерите, авионите, спејс шатлите, забрзувачите на лестички, нуклеарните реакотри ), е секој ден се повеќе и повеќе научната фантастика станува реалност.
Што е со тоа што го замислила религијата?
Тоа никогаш не било, не е, и нема ни да биде реалност!!!
Твојот антихристос сака да дојде во свет во кој сите се среќи, живеат реално среќен живот...т.е. сака да дојде во „розов свет“?
Напредок е она што е реално, и е се поблиско до целите кои сакаме да го постигнеме ( т.е. целта на науката, да го направи светот подобро место за живеење за сите кои живеат во овој универзум, без разлика на раса, нација и слично.. ).
Кој е реалниот напредок од постоењето на религиите ( воедно и христијанството )?
Тоа што ни се заканува трета светска војна?
Тоа што многу луѓе страдаат поради религиите?
Тоа што религијата претставува опасност за човештвото, и може да го истреби човекот?
Тоа што го овозможува и олеснува манипулирањето со луѓето?
Кој е напредокот во реалниот свет од постоењето на религиите ( и православието )???
Ај да одиме со ред, т.е. со краток коментар кон твојот пост.
- Тоа со гравитационата сонда ти е ептен јак доказ, нема што. Како одат работите во науката/науките, прашање е на моментот кога Албертовата теорија ќе треба да се измени, дополни и сл. а не допрва да се докажува она кое е само апстракција и кое, барем засега, со постојните научни методи и средства, невозможно е да се докаже. Добар пример за тоа е Стивен Хокинг, кој тековно, САМИОТ (!) ја модивицира СВОЈАТА (!) теорија за настанокот на Вселената.
- Велиш, „ќе се сменат„? Кога? Многу ја сакам иднината....особено онаа недочеканата...
- целта на православието е РЕАЛНА а резултатите од нејзиното постоење се МЕРЛИВИ на ЛИЧЕН ни на КОЛЕКТИВЕН план! На личен план, тоа е комплетната промена ВО УМОТ од верникот, кој конечно (!) ја сфатил смислата на постоењето во ОВОЈ свет, а ја сфатил оти ПОВЕРУВАЛ во својот ТВОРЕЦ! Таа проемна на умот значи и комплетна промена во начинот на живеење, работење и однесување, односно значи лично „одлешување„ од ЗЛОТО и „прилепување„ кон ДОБРОТО на три основи: добра помисла, добар збор и добро дело! Само со таквиот начин на живеење верникот може да се надева на вечен живот во Рајот. На колективен план, резултатите се МЕРЛИВИ преку намалувањето на СИТЕ зла кои владета во едно општество. На пример, со воведувањето на веронауката, во поразвиените земји, статистиката од тие земји го МЕРИ намалувањето на сите видови ПОРОЦИ и КРИМИНАЛ во нивното оптштество. Ти текнува!? А за животот после смртта, постојат СВЕДОШТВА од поедицни кои имаат комуницирано со дучите од упокоените. Не се работи за никаков демонизам, туку токму спротивното. За тоа веќе иам пишувано.
- Тие умови не живеат во замислен свет, туку обратно: онике кои не веруваат, се занимаваат со утописки зафат, сакајќи овој РАСИПАН и ОТПАДНАТ свет да го претворат во Рај, притоа не избирајќи методи и средства како тој Рај НАСИЛА да ни го наметнат! Комунизмот, во кој живеевме извесен дел од животот, е најдобар пример за тоа! Ама комунизмот пропадна, оти беше ЧОВЕЧКИ обид, т.е. човечки напор на направо Рај, во кој самиот човек би бил бог сам за себе!
- верниците не го измислија својот Творец оти Он РЕАЛНО постои! Толку е Бог реален, што пред 2000 г се спушти и одеше по Земјава!
- тоа што научната фантастика станува ставрност е уште еден доказ дека целите од религијата и науките не се исти!!! Религијата не нуди ИЛУЗИИ дека овој свет е добар за живеење туку ни ја кажува ОБЈЕКТИВНАТА ( а не утописката!) ВИСТИНА дека живееме во РАСПАДЛИВ свет, кој е само една минливост во нашиот живот.
- Религијата НИШТО не ЗАМИСЛУВА. Таа нуди алтернативен начин на живеење, наспроти она кое го нуди световниот живот, Религијата (христијанска, разбира се) нуди: покајание, мир, радост во Бога, смисла на постоењето, цел на постењето, љубов, смирение, мудрост, добар совет....А светот ни нуди: пропадливост, гнилежност, минливост (богатсва кои ги јаде молецот и рѓата, како вели Христос!), бесцелност, гордост, надуваност, себичност, индивидуал.ост, омраза, гнев, бес, војни, кражби, убиства, прељубодејства.....ај доста беше..
- „мојот„ антихрист не е мој, не дај Боже! Тој антихрист ќе биде реалност во многу блиска иднина, оти многуте знаци на (пред)последните времиња, ОЧИГЧЕДНО е дека се исполнуваат пред нашите очи (па кој има очи-нека види!) а науките онака добороволно, го подготвуваат патот за неговото скоро доаѓање. Ама тогаш ќе биде тешко на тие кои ќе живеат под неговото робство!
- во науките, поимот „напредок„ НЕМА никаква ЦЕЛ ниту СМИСЛА! Тоа подджувачите на еволуционистичката религија најдоборо го кажуваат: евлицијата делува слепо, бесцелно, непредвидливо...нема што , јака ми е таа смисла на животот!
- третата светска војан ќе се случи сигурно, а таа воедно ќе биде оправдување за појавата на антихристот, како што по втората светска а војна ( и после секоја „револуција„!!!!) власта беше исклучително сурова кон народот, особено кон оние поединци кои не МИСЛЕА како власта!
- луѓето не страдаат од религиите, туку страдаат од својата ГЛУПОСТ!
- ниедна религија не го истребила човекот! Геноцидот/етноцидот го вршат мали групи на поединци, кои е сепак доволно јаки и чии умови се ПОМРАЧЕНИ со од човекот измислените ИДЕОЛОГИИ!!!
- манипулацијата со луѓето е НАЈМАСОВНА и НАЈЛЕСНА токму денес, во времето кое вели дека има наједуцирани и најписмени луѓе. Па тоа е толку очигледно...
- во православието, под поимот „напредок„ не се подразбира купувањето најнов комјутер од „х„ гига тера херци, туку под „напредок„ се подразбира колку поединецот-верник се ОЧИСТИЛ од ЗЛОТО и колку верникот станал СЛИЧЕН со Христа Бога! Е ТОА е христијанскиот напредок, а не трчањто и купувањето најнови комјутери и мобиљки!
Дали сега барем малку ти е јасна разликата на логиките од науките у религиите!?