Што знаеме за Ѓoрѓија Кастриот од Кроја?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ама многу на форумов помакедонец и од Александар и од Карпош и од Делчев го прават. Што кур барал во Круја да крева востание и да ослободува албански градови (и дел од Македонија, мал). А родословно стебло и ја можам да си направам и ќе докажам дека Гилгамеш ми е зет за сестра по братучед од бабата на пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра пра дедоми кој имал вонбрачно дете со женаму на Цезар чиј дедо служел во војска со внуците на Гилгамеш. Пак ќе повторам не може со сигурност да се каже (а за кој може?) што бил Скендербег. Сето приказни од типот на бајките на Горан Стоименов, а докази и извори ноу вер ин сајт.

Секогаш имало изроди и ќе има....

2lwukq1.jpg

2cyrybb.jpg



Gledas, nekoj se potrudil pred poveke od 100 god. da socuva spomen od Georgija Kastriot!

Ti mozes da si napravis da si stavis kece i da opnes nekoja mongolska ovca,a zet neka ti bide nekoj shqip.

Eеве ти некои книги да видиш кој се живеел таму:

1. ИНИ, А. Стојановски и Д. Ѓоргиев, “Населби и население во Македонија - од XV и XVI век”, Скопје 2001.
2. ИНИ, списание "Историја", год.XXXX, Скопје 2004, број 1-2.
3. ИНИ, "Историја на македонскиот народ", том II, Скопје 1998.
4. ИНИ, проф. д-р Глигор Тодоровски, "Малореканскиот предел", Скопје 1970.
5. ИНИ, Александар Стојановски, "Раја со специјални задолженија во Македонија", Скопје 1990.

Побарај за турскиот попис од 1583 год. во тие области. Еве ти дел од тој попис,од некој кој се потрудил да прикаже податоци за Мијачијата:

СПИСОК НА СЕЛАТА ОД РЕКАНСКАТА НАХИЈА ПРЕСТАВЕНИ ВО ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИ ОД XV ДО XVI ВЕК

1. БЕЛИЧИЦА, христијанско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467 година – пусто (ненаселено);
1536-39 година имало 18 семејства и 2 неженети;
1583 година – 30 семејства и 26 неженети;

2. БИТУШЕ, христијанско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 4 семејства;
1536-39г. – 26 семејства, 3 неженети и 2 вдовци;
1583г. 12 семејства и 8 неженети;

3. БОГДЕВО, христијанско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 3 семејства;
1536-39г. 16 семејства и 1 неженет;
1583г. 10 семејства и 18 неженети;

4. БОЛЕТИН, христијанско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 5 семејства;
1583г. 3 семејства;

5. БОЛТАН, неубдицирано, претежно муслиманско село во нахијата Река.
1536-39г. имало 3 христијански и 3 муслимански семејства;
1583г. 5 муслимански и 3 христијански семејства;

6. БРОДЕЦ, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 4 семејства;
1536-39г. 27 семејства и 3 неженети;
1583г. 20 семејства и 13 неженети;

7. ВИДУШЕ, претежно христијанско село севороисточно од Дебар, во нахијата Река. Се до втората половина на XVI век било христијанско: во 1467г. имало 4 семејства;
1536-39г. 14 семејства и 1 неженет (христијански семејства);
1583г. во селото живееле само муслимани: 10 семејства и 6 неженети;

8. ВОЛКОВИЈА, дервен, христијанско село, во нахијата Река.
1467г. имало 6 семејства;
1536г-39г. 13 семејства и 1 неженет;
1583г. 40 семејства и 5 неженети;.

9. ВРБЕН, претежно христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река. 1467г. имало 9 христијански семејства;
1536-39г. 93 христијански семејства – 5 неженети и 1 вдовиц, како и едно муслиманско семејство;
1583г. 120 христијански семејства и 37 неженети, како и 3 муслимански семејства;

10. ВРБЈАНИ, претежно христијанско село севороисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 16 христијански семејства;
1536-39г. 55 христијански семејства и 7 неженети, но и 1 муслиманско семејство;
1583г. бројот на хрисијаните изнесувал 50 семејства и 12 неженети, а на муслиманите 20 семејства и 2 неженети;

11. ГАЛИЧНИК, дервен, христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. било пусто-ненаселено;
1536-39г. имало 32 семејства и 3 неженети;
1583г. 32 семејства и 19 неженети; (СПОРЕДИ ГО СО ОДНОСОТ НА СЕМЕЈСТВАТА И НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ГАРИ И ЛАЗАРОПОЛЕ – БРОЈКА НА НЕЖЕНЕТИ)

12. ГАРИ, дервен, христијанско село југоисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. пусто-ненаселено;
1536-39г. имало 62 семејства и 10 неженети;
1583г. 40 семејства и 47 неженети; (СПОРЕДИ ГО СО ОДНОСОТ НА СЕМЕЈСТВАТА И НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ГАЛИЧНИК И ЛАЗАРОПОЛЕ – БРОЈКА НА НЕЖЕНЕТИ)

13. ГИРЌАНИ, подоцна ГРЕКАЈ, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1536-39г. имало 11 семејства и 1 неженет;
1583г. 20семејства и 8 неженети;

14. ГЛАВИНО (вака е записшано само како Главино), Главино Село, исчезнато христијанско село во реонот на с. Лазарополе, источно од Дебар, во нахијата Река. Во 1467 година селото било пусто-ненаселено. НЕ СЕ ЈАВУВА ВО ПОДОЦНЕЖНИТЕ ПОПИСИ.

15. Д‘БОВО, исчезнато христијанско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 2 семејства;
1536-39г. имало 25 семејства и 3 неженети;
1583г. имало 10 семејства и 12 неженети;

16. ДИРИМИНИНЦИ, неубдицирано христијанско село во нахијата Река. Во 1467 година било пусто-ненаселено. Во подоцнежните пописи не се јавува.

17. ЖИРОВНИЦА, до средината на XVI век претежно христијанско село, а потоа претежно муслиманско село, североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 22 христистијански семејства;
1536-39г. – 69 христијански семејства и 7 неженети, но овој пат и 3 муслимански семејства и 2 неженети муслимани;
1583г. бројот на христијаните изнесува 20 семејства и 11 неженети, додка бојот на муслиманите се качил на 69 семејства и 15 неженети;
***
Забележан е податокот дека во 1538година “името на прворегистрираниот муслиманин во пописот на ова село гласи: МУСТАФА ЖУПАН” (Историја, год.XXXX, Скопје 2004, број 1-2, стр. 76).
Овој назив (жупан) упатува на претпоставка дека ова лице или било старешина на селото или, пак, било влијателна личност, чија исламизација влијаела врз другите христијани од селото да го прифатат исламот.
***
18. ЖУЖЛЕ, подоцна ЖУЖЊЕ, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 9 семејства;
1536-39г. имало 14 семејства и 1 неженет;
1583г. – 20 семејства и 7 неженети;

19. ЈАГУРИЦА (Јагорица); НЕИДЕНТИФИКУВАНО СЕЛО ВО НАХИЈАТА РЕКА; МОЖЕБИ ТРЕБА ДА СЕ БАРА ВО МЕСНОСТА ЈАВОРИЦА ИСТОЧНО ОД ЛАЗАРОПОЛЕ, КОЕ ВО 1467 година БИЛО ПУСТО НЕНАСЕЛЕНО. ПО СЕ ИЗГЛЕДА ДЕКА И НИКОГАШ И НЕ БИЛО ОБНОВЕНО, БИДЕЈЌИ ГО НЕМА ВО НАРЕДНИТЕ ПОПИСИ.

20. ЈАНЧЕ, христијанко село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 1 семејство (Ѓерѓ Илиевиќ);
1536-39г. – 6 семејства;
1583г. - 8 семјства и 3 неженети;

21. КИЧИНИЦА, дервен, претежно христијанско село евероисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. пусто-ненаселено;
1563-69г. – 8 семејства и 1 неженет;
1583г. – 6 семејства и 6 неженети;

22. КОСОВРАСТИ, ГОРНО, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 12 семејства;
1536-39г. – 36 семејства и 4 неженети;
1583г. - 10 семејства и 8 неженети, како и 1 муслиманско семејство;

23. КОСОВРАСТИ, ДОЛНО, дервен, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имао 20 семејства;
1536-39г. – 64 семејства и 9 неженети, како и 1 муслиманско семејство;
1583г. – 70 семејства и 23 неженети;

24. КРАКОРНИЦА, христијанско село североисточн од Дебар, во нахијата Река.
1467г. имало 3 семејства;
1536-39г. 12 семејства и 1 неженет;
1583г. 20 семејства и 12 неженети, како и 1 муслиманско семејство;

25. ЛАЗАРОПОЛЕ, дервен, христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река.
1536-39г. – 84 семејства и 16 неженети;
1583г. – 60 семејства и 44 неженети; (СПОРЕДИ ГО СООДНОСОТ НА СЕМЕЈСТВАТА И НЕЖЕНЕТИТЕ ВО ГАРИ И ГАЛИЧНИК – БРОЈКА НА НЕЖЕНЕТИ)

26. ЛОПУШНИК, дервен, исчезнато христијанско село во близина на с. Лазарополе, во Кичевската нахија.
1467/68г. – 18 семејства и 2 неженети;
1519г. – 51 семејство, 1 неженет и 1 вдовец;
1528/29г. – 15 семејства, 3 неженети и 2 вдовици;
1544/45г. – 33 семејства и 2 неженети;
1568/69г. – 28 семејства и 12 неженети;

27. МЕЛНИЧАНИ, ГОРНО, христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. – 9 семејства;
1536/39г. – 16 семејства, 2 неженети и 1 вдовица;
1583г. – 33 семејства и 8 неженети;

28. МЕЛНИЧАНИ, ДОЛНО, претежно христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. – 5 христијански семејства;
1536/39г. – 15 христијански семејства, 1 неженет и 1 вдовец;
1583г. – 10 христијански семејства и 16 неженети, како и 2 муслимански семејства;

29. МОГОРЧЕ, христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река. Во 1467 година запишано (погрешно?) како ХОВИРЧЕ (?).
1467г. – 5 семејства;
1536/39г. – 35 семејства и 3 неженети;
1583г. – 60 семејства и 15 неженети, но и 2 муслимански семејства и 2 неженети муслимани;

30. НИСТРОВО, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. – 11 семејства;
1536/39г. 36 семејства и 3 неженети;
1583г. 70 семејства и 13 неженети ;

31. НИЧПУР, христијанско село североисточно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. – 9 семејства;
1536/39г. 16 семејства и а неженети;
1583г. – 20семејства и 8 неженети;

32. ОРАХОВО (Рахово), неубдицирано христијанско село во нахијата Река.
1467г. – 6 семејства;
1536/39г. – 12 семејства и 1 неженет;
1583г. – 4 христијански и 1 муслиманско семејство;

33. ОСОЈ, христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река.
1467г. пусто-ненаселено;
1536/39г. – 19 семејства, 2 нженеи и 1 вдовица;
1583г. – 40 семејства и 11 неженети, но овој пат и 1 муслиманско семејство;

34. ПЕСЈА ГОРИЦА, исчезнато христијанско во десниот агол од сливот на р. Мала Река во р. Радика, село во нахијата Река.
1467г. – пусто-ненаселено;
1536/39г. – 17 семејства и 1 неженет;
1583г. – 10 семејства и 3 неженети, но и 1 муслиманско семејство;
автор Мојсо Поповски




Изрод невиден...

.
 
СПИСОК НА СЕЛАТА ОД РЕКАНСКАТА НАХИЈА ПРЕСТАВЕНИ ВО ТУРСКИТЕ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИ ОД XV ДО XVI ВЕК
.....
автор Мојсо Поповски

Не го навеле Тресонче...
Леле.

Влезот во село Тресонче води од Бошков Мост кон исток, по Мала Река и таа е единствениот пат што води низ кањонот во кој се наоѓаат уште и селата Росоки и Селце.
Од северната страна Тресонче е заградено со врвовите Брзовец и Пешкопеја, од исток со Шкрка (Дајдовец) и од југ со ридовите кои почнуваат со Думостол и завршуваат со карпата Соколица. На југ од Тресонче се наоѓа селото Лазарополе. Во самото подножје, речиси на самото дно на кањонот, е сместено Тресонче, засолнето од сите страни со шуми и од погледите на било кој намерник.
Тресонче за првпат се споменува во еден попис од 1467 година, и нешто подоцна во Тахрир дефтер бр. 4 од 1474 – 1476 година, каде се наведува како дервенџиско село. Првите зачувани записи за селото датираат откако на територијата на Македонија се зацврстила отоманската империја. Веројатноста и пред тоа да постоело селото се доста големи, но поради борбите што во тоа време се воделе на Бистра меѓу Османлиите и нивните противници придонело времено раселување на населението од регионот на Радика.
 
Ќе каже некој зошто 90% од авторите, го нарекуваат Албанец и Крал на Албанците, и крал на албанија итн.?

Не ми верглајте, вакви пописи, такви пописи, преку куро ако живееле таму Македонци, дошло време ги набркале, исто како и Македонците при нивните походи некогаш во историјата кога биле слободни, некогаш во антиката бркале и гонеле некои народи од нивните огништа!

Не ми верглајте, вакви такви пописи, еве пример ЗОШТО ВИВАЛДИ ВО СВОЈАТА ОПЕРА ГО НАРЕКУВА РЕГНУМ АЛБАНИЈЕ, И НИКАДЕ НЕ СПОМИЊА НИ ЕМАТИЈА, НИ МАКЕДОНИЈА, НИ СРБИЈА НИ НИШТО?
 
Јас имам едно прашање за тебе!! Можеш ли да ми објасниш како е можно Муслиман (Албанциве од Македонија) да слави лик кој целиот живот го посветил на борбата против Муслиманството?

Веројатно знаеш дека Скендербег не се борел за Албанците, ниту пак за Македонците или Грците. Он се борел за Христијанството против неверниците и окупаторите, Муслимани.

Е сега како може Муслиман да го прави Скендербег негов херој? По контрадикторно здравје.:toe:
 
Ќе каже некој зошто 90% од авторите, го нарекуваат Албанец и Крал на Албанците, и крал на албанија итн.?

Не ми верглајте, вакви пописи, такви пописи, преку куро ако живееле таму Македонци, дошло време ги набркале, исто како и Македонците при нивните походи некогаш во историјата кога биле слободни, некогаш во антиката бркале и гонеле некои народи од нивните огништа!

Не ми верглајте, вакви такви пописи, еве пример ЗОШТО ВИВАЛДИ ВО СВОЈАТА ОПЕРА ГО НАРЕКУВА РЕГНУМ АЛБАНИЈЕ, И НИКАДЕ НЕ СПОМИЊА НИ ЕМАТИЈА, НИ МАКЕДОНИЈА, НИ СРБИЈА НИ НИШТО?


А што е Вивалди?

Историчар? Современик на Скендербег? Му свирел на свадба?

Ако се повикуваме на Оперски дела многу ќе докажеме.
 
Па кога може некој да се повикува на христијанско име, зашто да не се повикува на човек кој живеел во време на анационалност, без никаква корист да го нарекува Скендербег како албански крал?
 
Името сведочи за потеклото, а не операта создадена 300 години после неговата смрт.

Ќе му речам на Самарџиев да искомпонира нова балада за Кастриот и тоа ќе биде доказ за неговото македонско потекло.

Или историчарите треба да се водат според песната на Ајрон Мејден за Александар Велики.

Ако ти се дискутира со историски аргументи тука сме, ако идејата е да импровизираме аргументи тогаш џабе дискутираме.
 
Епа ајде де..кои историски аргументи? Зашто немаш ист аршин кон другите кои покрај тоа што постираат секакви небулози, згора на тоа и навредуваат?

Кои историски аргументи? Имал христијанско име? Има.
Тоа го прави македонец? НЕ.
Се борел за слободна Албанија? Да.
Му пишува на шлемот Крал на Албанија? Да.
Имал мајка по потекло од Полог? Да.
Лигата на Лежа ја основа за соединување на албанските семејства за една единствена цел, слободна Албанија? Да.


Каде е тука македонскиот елемент за тој да биде македонец? Аргументи? Повели.
 
Ниту бил Албанец, ниту потекнувал од Албанска фамилија, ниту се борел за слободна Албанија.

Тоа што бил крал на Албанија не го прави Албанец, како што кралот на Грција Ото од Баварија не бил Грк, како што Душан цар македонски не бил Македонец, како што Елизабета Кралицата на Англија не потекнува од Нов Зеланд.

Еве сега ќе ги цитирам аргументите кои се правите дека не ги гледате.
 
Па кои се тие аргументи дека не бил албанец? Христијанското име? Па СИТЕ албанци биле христијани пред да дојдат турците. Не ти се верува?

Зашто ги собрал САМО албанските семејства за соединување?
Зашто после повлекувањето во Италија, неговото семејство е почестено со замокот, кој што и ден денеска постои, и ден денеска се вика албански замок?
Зашто неговите наследници, живи наследници, се нарекуваат себеси албанци?
 
Павле Анѓелчиќ за прв пат пишува книга (превод од латински) на албански јазик в 1462 година. Иако Црногорец него денес Албанците го присвојиа како Пал Енѓули

Иван Бузук, во 1555 ја пушува книгата на Албански “Книга на мислите“, ја објавува во Црна Гора. Хрват но Албанците го присвојуваат како Ѓон Бузуку

Доситеј Обрадовиќ, Србин, го отвора првото училиште на Албански јазик

Петар Буди, Македонец е првиот издавач во Албанија (1566-1622)

Јован Кукузел, Македонец писател роден во Драч во 11сти век, кога немаше уште Албанци во Драч, денес е присвоен од страна на Албанците како Јан Кукузели

Наим Фрашери, “Албански“ национален поет е Влав

Теофанос Мавроматис, писател по националност Грк или како го викаат денес Албанците Фан Ноли

Петар Богдан, Србин станал Богдани - Албанец архиепископ скопски

Александар Мојсиу (1879-1935) Познат театарски актер во Германија, “Албанец“ иако всушност Влав од Каваја,

Јован Кастриот, му го менуваат името во Јан, па во ”поалбански” Ѓон, Тој е таткото на Ѓураѓ, на кој му го смениле во Ѓерѓ, а мајка му Воислава во ”поалбански” Војс. Инаку брат му Репош умрел како монах во православен манастир на Хиландар, не би рекол дека се некои баш звучни и типични Албански имиња. Мислам стварно.... шо е следното дека се Албанците наследници на Илири !!!???, дека Дукаѓини е албански назив ??? дека Драч бил древен Албански град??? дека Никола Бериша еден од осумте капетани на Скендербег кој е фатен и одран жив од Туците е Албанец??? дека Хасан Приштина е од Албанско семејство??? дека Косовраст има некое Албанско значение?? дека Дарданија е албански збор?? .....

http://www.sardimpex.com/FILES/CASTRIOTA E BRANAI.htm

Прво Албанците не се Илири ниту се со илирско потекло, Илирите зборуваа со друг јазик, пониаку ги викаа своите реки, планини, потоци, со Илирски романизирани називи. Шќипетарите пак се дојдени овде спрема разни тврдења околу 10сети век од новата ера (др. Еќрем Чабеј - Албански академик, Тпкова-Заимова - Бугарски Академик, др.Хера Вранувис - Грчки академик, Норберт Јокл - Австриски академик.....)
Во 8ми век од новата ера постоеше еден документ - законик на Византија (инаку многу проблеми на некои квази научници им преставуваат Византиците бидејќи педантно и редовно запишувале се што се случувало на овие простори) HOMOS GEORGIKOS (Аграрен законик) кој дава попис на сите племиња и народи кои живееле на овие простори, но нигде не се спомнуваат Албанците. Тие се спомнуваат прв пат во 1043 година од Михаил Аталиат и 1081 од Јан Скилица и Ана Комнен.
И претседателот на Академијата на науки на Албанија Шабан Демирај признава дека има сомнеж како и докази дека Албанците не се наследници на Илирите (Gjuha Shqipe dhe historia e saj). а земајќи ги во предвид 12те аргументи на Вајганд за не-Илирското потекло на Албанците.

Сегашниот Албански јазик не е романизиран и тој е најблизок до Литванскиот јазик кој нема врска со овие територии како ни со римјаните. Тоа е за разлика од Илирскиот јазик САТЕМ јазик и и припаѓа на групата на индоевропски јазици а не романски (КАТЕМ). За неИлирското потекло на Албанците се слагаат и др Ардиан Клоси, проф.др. Хасан Калеши. академик др. Винченц Голети - Бафа, др. Исуф Љузај, академик АЛуан Старова, Аурел Пласари, Еди Рама, Адриан Вехбиу, проф Алекс Буда
(Ilirët e jugut si problem i historiografisë)

Склоноста за “поалбанизирање“ на имиња и презимиња не е пример само со Кастриот, дали знаиш дека во 1998 година Митат Враница (зборот Враница инаку своите корени ги има во српскиот јазик) го смени вои ДАРДАНИА, ваљда да “докажи“ дека е автохтон со прапрапрадедовско потекло од Дарданија, Меафил Зендели, ваљда од желба да биди автофтохтон се сменал во ЕПИРОТИ . Гореспоменатите Византијци со кои мака мачат квази научниците пдантно и уредно напишале дека Словените во 548 годфина го напаѓаат и завземаат Византискиот град Драч, Лаоник Халкокодилос вели (14сти век) за Албанците (Арванити) “Ги грабале и разорувале имотите на Грците и напаѓајќи ги им одзеле се што имале, стоката и товарните животни. Оваа народност (Арванити - Албанци) сите се номади и ни на едно место немаат нивно постојано место на живеење“ (Burime tregimtare Bizantine për historinë e Shqipnisë) Тоа го подржуваат и Албанските историчари Божори и Личо кои забележуваат “помасовна емиграција во 14сти век во времето на Стефан Душан“.
Албанците кои денес живеат на Косово, Црна Гора, Македонија , Грција се доселени некаде од 17-сти век. (Historia e Shqipërise), Само Худавери паша за потребите на своите чифлици населил на косово 278 семејства со над 2000 жители, а слично правеле и другите бегови и паши на своите чифлици.
Фамилиите од племињата Бериша, Битичи, Гаши, Хоти, Кабаши, Келменди, Красниќи, Сопи, Шаља, Шкрељи, Шоши, и Тачи чие појдовно место (курии) биле во Северна Албанија се раселиле во околните земји и или го задржале презимето на племето или го носат на селото од каде се дојдени, и го зборуваат истиот дијалект на Албанците од северна Албанија од каде се и доселени.
Исто така доста презимиња се накнадно албанизирани и нивниот корен нема никаква или многу тенка основа во Албанскиот јазик (Најдени, Буди, Чеграни, Богдан(и), Храсница, Дукаѓини, Приштина (тие најрано се презивале Шишковиќ, па Бериша, па Вучитрни и на крај Приштина), Ковачи, Брајовиќ(и), Матановиќ, Шиљеговиќ, Четри, Поповиќ, Марковиќ, Топлица .... Црногорскиот книжевник Марко Миљанов “станал“ Албанец МАРК МИЛАНИ. И самиот академик Чабеј вели дека областа на која денес живеат Албанците е терторија на Експанзија (ширење) .
Ни со какви егзебиции ниту теории не може денес селото ЛИВАДА во кое живеат Албанци 100% да се доведи со некое автохтоно население Албанско, Косово кое ги мачи квази научниците се обидуваат да го доведат во врска со Албанскиот збор kos = кисело млеко?!! А во 12сти век ПРИЗРЕН бил Српска престолнина!?!?, во Албанија се наоѓаат многу населби и топоними со изразито словенски називи КОСОВРАСТ, во 17сти век селото БЕРИША се викало (по документи) Алишќе додека неселението го викало БЕЛИША, во близина били и БЕЛИГРАД, кај Скадар се Белај и Белтоја, Белш кај Елбасан, Белова и Блице кај Пешкопеја, Беловод кај Корча, Белина и Белишова кај Фиера, реката Белица кај Ѓирокастра сите извадени од Словенскиот збор БЕЛ(о)
Квази научниците “сонуваат“ дека две третини население во Грција се Албанци, 4 милиони во Турција како и граници на Албанија над Далмација, Херцеговина, Македонија, па и Босна, Санџак, па дури и со „албанските“ Лесковац и Пирот.... Неритан Цека претендира дека Рим го изградиле Албанците, како и Акрополот в Атина. Кога во 1913 е прогласенанезависна Албанија, во неа Албанци имало нешто над 50%, додека денес се тврди дека се 97%. Бранко Мерџани, во 1935 во изјавува дека Албанците не е чист и неизмешан народ затоа што во своите вени имаат “словенска, грчка, турска, арапска, черкеска, италијанска, француска, германска и друга крв.“
Еве не се баш Ватикански извори али има доста Албански.

"Skanderbegus... vias patentes inter manipulos antesignariorum Dibranis suis et Macedonicis explevit (ea levis armatura erat)"


Па кои се тие аргументи дека не бил албанец? Христијанското име? Па СИТЕ албанци биле христијани пред да дојдат турците. Не ти се верува?

Зашто ги собрал САМО албанските семејства за соединување?
Зашто после повлекувањето во Италија, неговото семејство е почестено со замокот, кој што и ден денеска постои, и ден денеска се вика албански замок?
Зашто неговите наследници, живи наследници, се нарекуваат себеси албанци?


Податоци за поважните личности од
лозата на Кастриотите:
- Константин (1186-1247) властелин-
архонт. Владеел со територијата во
Сред на Матија, од градот Дрча (Dra
č) на
север, до под Јанина, на југ.
- Јован (1261-1327), познат како Ка-
нински, бил властелин.
Имотите на својот дедо Константин
ги проширил на север до над р. Дрим,
опфаќајќи ги градовите Кроја, Дајин,
Кукуш (Kuks), Светиград и Дебар.
- Јован, син на Бранко, внук на Јован,
во периодот меѓу 1348 и 1357 г. бил
епископ во Драч.
- Методиј, син на Бране (+ 1411), бил
епископ на Кројската епархија.
- Александар, син на Павле (+ 1418)
бил војвода и пратеник во Светата сто-
лица во Рим.
- Репош, син на Иван ( + 1449), бил ди-
пломат и игумен на манастирот "Св. Ѓор-
ѓи", на Света Гора, каде што е по гребан.
- Бране, син на Репош ( + 1496), бил
дипломат и командант во одбраната на
градот Кроја од Османлиите.
- Славјани, син на Константин (+ 1503)
дипломат и командант во од бра ната на
градот Дебар од Османлиите.
- Гојко, син на Ангелина, амбасадор
на Епирското кралство во Венеција.
- Георгија, син на Иван, во 1444 г.
прогласен за крал на Епир и Македонија

и за Втор Александар Македонски.


Имаш потомци на Кастриот и во Русија и во Македонија и во Србија и во Италија, ниту сите се сметаат за Албанци, ниту семејното стебло на Кастриотите има нешто допирно со Албанските фамилии.

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce649.pdf/12_13_steblo.pdf


"Regno Epiro et Macodinia"
Кралство Епир и Македонија

 
МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХОЛАНДИЈА ЈА ПРЕИЗДАДЕ ПОШТЕНСКАТА МАРКИЧКА ЗА ГEОРГИЈА КАСТРИОТ, МАКЕДОНЕЦ ОД МИЈАЧКО ПОТЕКЛО, КОЈА ПРВПАТ ЈА ИЗДАДЕ НА 2 АВГУСТ 2003 ГОДИНА
pix.gif
Poshtenska%20marka%20za%20Gorgija%20kastriot.jpg
Поштенската маркичка со фреска на Георгија Кастриот издадена од Македонската заедница во Холандија по повод 600 години од неговото раѓање
pix.gif
25 април 2005 година, Амстердам, Кралство Холандија (Известува: Гоце Дуртаноски) - По повод 600 години од раѓањето на Георгија Кастриот и Велигденските празници, Македонската заедница во Холандија повторно ја издаде поштенска маркичка со номинална вредност од 39 евроценти со фреска на ликот на Георгија Кастриот, Македонец од мијачко потекло. Поштенската марка со ликот на Горгија Кастриот Македонската заедница во Холандија ја издаде на 2 август 2003 година.

Во денешното соопштение од претседателот на Македонската заедница во Холандија г.Џон Тодоровски се истакнува „значењето на оваа важна личност од македонската историја за кого Македонија како држава има морална и национална обврска да го заштити од присвојување од било когo”. Соопштението на Македонската заедница во Холандија понатаму ги цитира документите од таткото на Георгија, Иван Кастриот кој оставил повеќе пишани сведоштва во кој јасно се гледа македонскиот, мијачкиот карактер на лозата Кастриот. Затоа сосема неосновани се вестите во некои македонски медиуми кои Горгија Кастриот го претставуваат како “голем албански војсководец” во чијашто војска која се борела против Османлиите, се бореле многу Македонци.”

Патем, во Повелбата од Иван Кастриот до манастирот Хилендар на Света Гора од 1426 година, документ напишан на староцрковен (старомакедонски) јазик се вели:

„По неизреченому милосрдију владика моего Христа, ас грешен и недостоен, не смеју нарешти се раб Христа Бога моего, Иван Кастриот и со синови моими Станишом и Репошем и Константином и Георгием ... приложисмо Светом манастиру великом Пречистои владичице Лаври Холандарске и прложих село Ростуше и с црквом Св.Пречисом Богородицом, таже в том селе Радостуше и с селом Требиштем...„

Грамотата е потврдена со печат на кој стои името на Иван Кастриот, напишано на кирилско писмо.

Во кореспонденцијата со Дубровничката Република, со која Горгија Кастриот одржувал политички, воени и трговски врски се сочувани три писма, исто така напишани со кирилско (македонско) писмо. Неговиот македонско-христијански дух и карактер најизразен е во писмото од 25 февруари 1420 година испратено до властелинот Петар во Дубровник во кое стои:

„Верата моја Христова и на моите синови Репош, Станислав, Контантин и Георгија ... мојата земја Ѓорѓева, која се простира од Коњух (денешен Елбасан во Албанија) до Призрен, ја одржувам и обработуам јас, господин Иван и моите синови ...„

Со споменувањето на „мојата земја Ѓорѓева” Иван Кастриот земјата ја нарекува по името на неговиот прадедо Ѓорѓија од кого ја наследил. Овие погоре кажани податоци ги демантираат сите тези, измислици, фалсификати и шпекулации за наводниот гего-мирдитски (арнаутски), односно албански карактер на родот Кастриот.

Неговата вистинска именска додавка Искендер, што според источната традиција значи Александар (а не Скендербег), Георгија Кастриот ја добива во жестоката битка со Турците во 1455 година кога со своите соплеменици Мијаците по вторпат го зазеле градот Белград (денешен Берат во Албанија) од Турците. Тогаш од страна на Султанот Мухамед ИИ кој и самиот учествувал во оваа битка, бил наречен “Втор јунак Алекандар Македонски”, односно “Втор Александар Македонски”.
 

Неговата вистинска именска додавка Искендер, што според источната традиција значи Александар (а не Скендербег), Георгија Кастриот ја добива во жестоката битка со Турците во 1455 година кога со своите соплеменици Мијаците по вторпат го зазеле градот Белград (денешен Берат во Албанија) од Турците. Тогаш од страна на Султанот Мухамед ИИ кој и самиот учествувал во оваа битка, бил наречен “Втор јунак Алекандар Македонски”, односно “Втор Александар Македонски”.


Колку си грешка, ни самиот не си свесен :)

Како прво, името го добива дур бил јеничер во турската армија. Кога се борел ЗА турците.

А за тоа дека не било Скендербег само ќе го премолчам тоа, дека немаш никакво знаење од турскиот јазик, за да би знаел зашто турците користат И пред две согласки.

Uskup / Skupi
Istambul / Stambol
Iskender / Skenderbeg

Но нормално, не знаеш турски и затоа тврдиш таква небулоза.


И би било убаво, доколку е во можност да ти го најде ако може Пикасо писмото на Мехмед до Скендербег, или писмото на Лек Матренга, било кое, каде што многу ќе ти станат појасни некои работи.


Пал Енѓули, доколку би знаел нешто повеќе за него, не би го ни земал за пример, дека е смешно, не за друго. Неговите дела не се на друг јазик. Туку на албански.

Ѓон Бузуку би те запрашал дали знаеш чив син е? :) Знаеш како почнува книгата на мислите?? :) Знаеш на каков јазик е напишана?

Пјетр Богдани пак е личност која што и ден денеска се изучува во Ватикан и во католичката црква. Историјата на христијанството е негово дело. НА АЛБАНСКИ!

Наим Фрашери...тој што го нарекуваш влав...ги напишал стиховите "Oj Shqiperi oj nena ime" Aлбанијо...МАЈКО моја..

Смешно е, дека користиш иста методика што користат и србите/грците против Македонија..ИСТА!
Како што и Мајка Тереза е влаинка така? Затоа нејзините зборови се албанка по крв, рисјанин по вера...

Фан Ноли, кој што грците си го присвојуваат, е личноста која што го му посветува цела биографија на Скендербег како албански херој. Личност која што ја величи албанската култура и пишува на албански јазик..Личност која што нема збор напишано на грчки..

Ама ај..ок.
 
Дискутираме за потекло така?

:helou:


И Караманлис не е чист Грк па сепак... и првиот претседател на Грција бил Албанец...но пред се' Грк.

Што е проблемот со тие погоре, зошто би требало да бидат иземени од оваа практика?

Бидејќи не ви се допаѓа..бидејќи ви се гади... :toe:


И јас па, се заебав што ви дадов повод да скршнеме од темата.
 
Проблемот е што Наим Фрашери сам се изјаснил како албанец. Мајка Тереза исто. Фан Ноли исто. Ѓон Бузуку исто. Пјетр Богдани исто. Лек Матренга исто. Скендербег исто.

А да ми се гади, не. Јасно ми е дека мајка му имала словенско потекло. Не го негирам тоа. Но дека татко му имал словенско потекло, тоа е само измислица кои што некои така сакаат да си го негуваат. Демек мајка му зборела така, мајчин јазик зашто се вика а? Поради мајката о ти!

А дека неговите наследници директните негови наследници, а не од сестра му (која што е мажена за српски кнез) се албанци и живеат во Милано. Алесандро Кастриота кој што гостуваше за годишнина на независноста на Р. Албанија. Човек кој и ден денеска е жив. Опитај го, знае подобро. Ќе ти каже.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom