city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37
Кина, најверојатно, ќе набави 100 до 300 тони македонски мед за потребите на спортистите на претстојните Олимписки игри, кои ќе се одржат во август, во Пекинг, дознаваме од македонските пчеларски здруженија. Македонскиот мед влегол во потесен избор за снабдување на Олимписките игри, откако лани летото, преку кинеската амбасада во Скопје, во Пекинг биле испратени примероци за дегустација и проверка на неговиот квалитет.
Дефинитивниот избор на снабдувачот на Олимписките игри со мед ќе биде извршен во мај, по што треба да се потпишат официјални договори. Пчеларите се уште не знаат по која цена ќе го извезуваат медот, но за нив е прифатлива и просечната цена на светската берза. Голема придобивка ќе биде тоа што етикетите на медот ќе бидат единствени и на нив јасно ќе стои дека медот е од Македонија. Во овој многу значаен извоз, со кој ќе се „бетонира“ брендот на македонскиот мед, се планира да бидат вклучени околу илјада искусни пчелари од речиси сите краишта на земјава. - На крајот на неделава во Велес ќе се состанеме сите пчеларски здруженија за да бидеме подготвени, штом добиеме зелено светло од Пекинг, веднаш да почнеме со производство за да можеме на време да ја испорачаме барана количина - вели Љубомир Ракиџиев, еден од организаторите на домашните пчеларски здруженија и производител на медТој вели дека Кинезите, освен за медот, многу биле заинтересирани и за пчелните тинктури, односно за смесите на мед и на млеч, како и на мед и на прополис, кои натпреварувачите би ги консумирале во своите хотелски оброци.
Паралелно со плановите за извоз во Кина, македонските пчелари се обидуваат преку Македонскиот олимписки комитет да се поврзат со комитетите од регионот за да им понудат мед за спортистите во подготвителниот период.
Извор