Македонскиот мед ќе ги освои Олимписките игри

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Кина, најверојатно, ќе набави 100 до 300 тони македонски мед за потребите на спортистите на претстојните Олимписки игри, кои ќе се одржат во август, во Пекинг, дознаваме од македонските пчеларски здруженија. Македонскиот мед влегол во потесен избор за снабдување на Олимписките игри, откако лани летото, преку кинеската амбасада во Скопје, во Пекинг биле испратени примероци за дегустација и проверка на неговиот квалитет.



Дефинитивниот избор на снабдувачот на Олимписките игри со мед ќе биде извршен во мај, по што треба да се потпишат официјални договори. Пчеларите се уште не знаат по која цена ќе го извезуваат медот, но за нив е прифатлива и просечната цена на светската берза. Голема придобивка ќе биде тоа што етикетите на медот ќе бидат единствени и на нив јасно ќе стои дека медот е од Македонија. Во овој многу значаен извоз, со кој ќе се „бетонира“ брендот на македонскиот мед, се планира да бидат вклучени околу илјада искусни пчелари од речиси сите краишта на земјава. - На крајот на неделава во Велес ќе се состанеме сите пчеларски здруженија за да бидеме подготвени, штом добиеме зелено светло од Пекинг, веднаш да почнеме со производство за да можеме на време да ја испорачаме барана количина - вели Љубомир Ракиџиев, еден од организаторите на домашните пчеларски здруженија и производител на медТој вели дека Кинезите, освен за медот, многу биле заинтересирани и за пчелните тинктури, односно за смесите на мед и на млеч, како и на мед и на прополис, кои натпреварувачите би ги консумирале во своите хотелски оброци.



Паралелно со плановите за извоз во Кина, македонските пчелари се обидуваат преку Македонскиот олимписки комитет да се поврзат со комитетите од регионот за да им понудат мед за спортистите во подготвителниот период.


Извор
 
докажано најдобри медари во целиот свет, Македонија :baeh:
 
Супер за медот, ако се за менување на населението (два милиона Македонци за два милиона Кинези) уште подобро.Во понудата оди гратис и македонското џаволебарство, еби ветар муабетите, како и способноста да се испокрадеме и се да испродадеме само за пари.
Во секој случај браво за медот... Супер, да профитираат и некои луѓе на кои им е работата навистина макотрпна и тешка во држава каква што е оваа, позната и како Monkeydonia.
 
Секоја чест! Им посакувам успех, многу профит и освојување не се повеќе пазари. :smir::bravo:
 
^ да не мислат дека и во Ванкувер јадат од нашиот мед ? :)
 
А да не мислат на ваков мед:
Медарството како движење

Медарството во Македонија како урбано хедонистичко движење нема конкретно дефиниран почеток ниту пак основач. Во својот најран развој се јавува како уличен термин за роба.
пр: "Бачкоооо, имаш од тоа медот? Дај ми да се залепам, да се напраам еклер."

Подоцна се стекнува со други значења, но во главно означува состојба на душевен мир и спокојство, дистанцирање од секојдневните обврски и грижи, како и израз на екстремно задоволство. Со ширењето на медарството, сè повеќе и повеќе значења се придаваат на медот во зависност од конотацијата.
"Ај да се медариме."
Ајде да општиме сексуално.
Ајде да извршиме дејство кое обајцата духовно ќе не исполни.
"Мед ми е."
Се чуствувам прекрасно.
Опуштен сум, зошто се е опуштено.
"Медарење!"
Моменталната состојба е исклучително задоволителна.
Оргија на медари.

Тињарство

Како олицетворение на Анти-медарите се јавуваат тињарите. Тие свесно, но понекогаш и потсвесно делуваат негативно на ситуацијата, и го принудуваат медарот да јаде бед, наместо мед. Се додека постојат медари, ќе постојат и тињари.

Извор: http://mk.wikipedia.org/wiki/Мед
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom