Читање книги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan14
  • Време на започнување Време на започнување
Сега од саем си ги купив од Виолета Ачковска „Најголемите предавства и атентати во Македонија“, патеписот од Евлија Челеби „За Македонија“ и од младиот Жарко Кујунџиски романот „Америка“,во која имам и посвета од од авторот. Младо човече, секоја му чест.

Луѓе, ОДЕТЕ НА САЕМ!
 
Што беше тоа книга??:pos::pos::pos:
 
Искрено, мое омилено хоби. Но сега со учењево, матурава и слично, го запоставив по малку, се свртев само на лектирските дела. Оваа година, не ми се пружи шанса да одам на саем, и ептен ми е мака. Сепак, се почастив со "Москва не им верува на солзите" и "Пурпурен хибискус" од книжара.
 
Ако читање стручна литература го ставаме како хоби, тогаш да.
 
Го читам само она што ми е зададено како лектира во школо, а онака да ми текне да седнам да читам некоја книга ептен тешко... :)
 
Го читам само она што ми е зададено како лектира во школо, а онака да ми текне да седнам да читам некоја книга ептен тешко... :)

А ја па баш тие у школо што ни ги даваа не ги читав. Многу досадни беа. Ќе се најдеше по некоја интересна, ама многу ретко.
 
А ја па баш тие у школо што ни ги даваа не ги читав. Многу досадни беа. Ќе се најдеше по некоја интересна, ама многу ретко.

Е и јас. Ги читав лектирите само тие што морав иначем и мене ми беа досадни. Секогаш кога ќе ни дадеја некоја лектира јас три други книги ќе прочитав ама лектирата не дај боже :pos::pos:.
А сега пак откако завршив средно, сега ги читам и оние книги кои ми биле за лектири и сега ми се мн. интересни ама тогаш :kesa:
 
Од Агата Кристи ми се убај книгите и општо на лето сакам да читам лесна литература,нешто како „Кој го здипли моето сирење„ ,„Човек и дете„ и сл. Доволно ми е преку годината читање на класици.
 
Ги обожавам Хари Потер... Ги имам петте прочитано, сеа треба да ја почнам шестата али некако ме мрзи :) Иначе сакам најмногу тинејџерски книги и такви како Хари Потер :)
 
Последната книга (слободна) ја прочитав пред 3-4 месеци, а сега читам една книга (нешто ко прирачник) за електроника отприлика 150 страни. Од кога ќе завржам мислам да ја читам "Ангели и демони".
 
Највеќе ги сакам Хари Потер, ги обожавам, иако ги немам сите прочитано, сеа сакам да си ја купам и седмата, последната, и летово таа да ја прочитам. Сакам книги што не се многу филозофски, едноставно да не се замараш додека читаш туку да те остави книгата без здив од читање и постојано да се прашуваш што следува и да ти е тешко да ја оставиш и да одмориш. Е такви книги сакам, без разлика каков жанр е , ако книгата ме тера вака да се чуствувам додека читам тогаш сигурно ќе ми се свиѓа многу.
 
моментално ја читам "ние" од евгениј замјатин.книга која како што повеќе ја читам,така повеќе ме воодушевува.не е книга од типот на хари потер и остали,ама не верувам дека некој би се разочарал(Зборам за некој што не сака само лесна литература)читам споредби со 1984 од орвел.иако,оваа книга е напишана 1923(или издадена)не личи воопшто за книга од таа доба.доста современа е.пред некој ден ја завршив со читање "за гневот" од сенека.доста поучна книга,се работи за римскиот писател сенека,дава свое мислење и поука против гневот.книга што вреди да се прочита.
 
Jas knigi ne citam od ucilisteto sto gi davat ne pak hobi da mi se :pos2::uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom