Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам да е секој ден, во зависност од тоа колку време имам. Кога ми е кнап гледам по 2-3 км да провозам чисто да се одморам а кога имам доста време на располагање се вози и те како по 20тина километри па и повеќе.
 
Имаа ли и женско друштво? Досега немам чуено, затоа и прашувам а имам желба да го завртам цело езеро.
Незнам зошто во сите групи нема жени велосипедисти:(
Две или три девојки имаше на турата. Искрено од Струга кон Ќафасан патот е тежок, но после македонско-албанска граница имаш спуст во кој можеш да достигнеш и 45/50km/h. Интересна тура беше со поголема пауза во Поградец и Св.Наум. Ја оценувам како тешка но преубава 95км. :)[DOUBLEPOST=1495888661][/DOUBLEPOST]
Турата е мање-више 100 километри, и иако ја немам возено, би ја категоризирал во тешки. Искрено не ми се гине на точак, а околу езеро е или удав жешко без сенки или корне ветер.
Како и да е, за авантуристичките души е перфекција, секоја голема водна површина го загасува уморот :)
Зошто да се гине ? Напротив перфектна беше и безбедна. Возиш во група каде што не можеш да останеш сам (освен ако не возиш 2km/h :) ) Велосипедистите се коректни доколку има некој потреба од пауза се групираат тие што треба да застанат и тоа е тоа. Силен спуст имаш само после Ќафасан каде може да се достигне брзина од 45/50/55 km/h, тоа е единствено најопасниот дел од турата.
 
Времево килаво и денес, па да не го јадам по дожд на подалеку, тркнав до Пантелеј :)

IMG_2186.JPG

Охридско ми е во план да го свртам летово.

Утре ако не врне, можеме да се организираме да извозиме некоја.
 
Drugari za covek so visina 183 cm podobro li e da zeme hardtail ramka XL so 29ki trkala ili L ramka isto so 29ki?
 
180 cm висина е како некоја граница помеѓу големини на рам. Ама не е само висината во прашање, туку пропорциите на твоето тело (нозе, торзо, раце). Правилен избор ќе направиш кога ќе пробаш ист модел на точак со двете големини на рам, ќе си осетиш на кој ти е поудобно возењето. Кога ќе пробуваш извози ги убаво, не кругче од 10 метри :) Јас на пример сум висок 180 cm, двата точаци кога ги купував поудобно се чувствував на поголем.
 
Каде може да најдам навлака за седиште по Ск, барав во Џамбо Веро ама ги потрошиле. И во локалните бајк шопови не најдов.

ПС. Не ми го спомнувајте Златко
 
Drugari za covek so visina 183 cm podobro li e da zeme hardtail ramka XL so 29ki trkala ili L ramka isto so 29ki?

Отвори на страницата на производителот, си имаат за секој модел табела на големини :) Јас би одел на помалиот, полесно е на помал рам да сместиш повисок човек, отколку на поголем рам понизок човек.

Зошто да се гине ? Напротив перфектна беше и безбедна. Возиш во група каде што не можеш да останеш сам (освен ако не возиш 2km/h :) ) Велосипедистите се коректни доколку има некој потреба од пауза се групираат тие што треба да застанат и тоа е тоа. Силен спуст имаш само после Ќафасан каде може да се достигне брзина од 45/50/55 km/h, тоа е единствено најопасниот дел од турата.

Си зборев субјективно, за себе со MTB со 2.2 mtb гуми. Да е со road, задоволство ќе ми биде, ама со оваа постава сега ми е гинење без потреба.
 
Си зборев субјективно, за себе со MTB со 2.2 mtb гуми. Да е со road, задоволство ќе ми биде, ама со оваа постава сега ми е гинење без потреба.
Еве фала му на Бог, јас со 29х2.1 ја извозив :) Ништо страшно.
 
Каде може да најдам навлака за седиште по Ск, барав во Џамбо Веро ама ги потрошиле. И во локалните бајк шопови не најдов.

ПС. Не ми го спомнувајте Златко
Од Aliexpress. Јас имам од таму.
 
Каде може да најдам навлака за седиште по Ск, барав во Џамбо Веро ама ги потрошиле. И во локалните бајк шопови не најдов.

ПС. Не ми го спомнувајте Златко
Од Aliexpress. Јас имам од таму.
 
Некој да препорача некој евтин и солиден degreaser? Гледав по страниве и се што најдов е Joe's Bicycle Bio-Degreaser во Outdoor. Дали можам со него да извадам се што се собрало во ролерите и пиновите?

И дали има некој што користел Zefal dry lube? Колку трае и на колку време се нанесува пак?
 
Електролити во форма на шумливи таблети имате сретнато некаде низ продавнициве за суплементи ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom