Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За возење по асфалт тури до кај 60-70 км дали е подобар хибрид или МТБ со монтирани максимално тесни гуми?
 
За возење по асфалт тури до кај 60-70 км дали е подобар хибрид или МТБ со монтирани максимално тесни гуми?
ако се држиш само на асфалт би требало да е хибрирот, бат нот шур. нека кажат поискусниве
 
@Баженце или и било кој ама го тагирав него зошто еднаш ме упати кај точкарот во Влае на автобуската. Да не знаеш од сабајле колку отвора и колку зема отприлика за нова надворешна гума?
 
@Баженце или и било кој ама го тагирав него зошто еднаш ме упати кај точкарот во Влае на автобуската. Да не знаеш од сабајле колку отвора и колку зема отприлика за нова надворешна гума?
точкарот не менува гуми од кола само од точак :D
 
точкарот не менува гуми од кола само од точак :D
Хаха како бродолом да го снашло е мојов. Го оставив дома сам на две недели и сега не можам да го препознаам :D
 
За возење по асфалт тури до кај 60-70 км дали е подобар хибрид или МТБ со монтирани максимално тесни гуми?
Подобро хибрид, полесен е од MTБ. Но само за по асфалт. Размисли добро, да не се премислиш по некое време, да посакаш да возиш offroad. Со хибридот нема да може.
 
За возење по асфалт тури до кај 60-70 км дали е подобар хибрид или МТБ со монтирани максимално тесни гуми?
Дефинитивно хибридот е далеку подобра опција него ли мтб за асфалт. Како шо спомна Зоц, целокупната тежина на точакот е полесна, фиксна и лесна виљушка, има лесни и големи бандажи со гуми наменети за асфалт шо значит дек овозможвит поголема брзина со помалку напор и одлична тракција со асфлатот, геометријата е различна него ли мтб а е доста покомфортна за на асфалт.
Исто имаш опција на хибриди со нефиксна виљушка напред, со мали измени околу деловите и нормално поинакви гуми друга димензија со поинаква шара на нив, шо значит дек истиот ќе е потежок него ли прво споменатиот со та разлика шо ќе можиш да возиш и благ офроуд.(Но не е наменет за поагресивно офроуд возење)
Крај краева, можиш и МТБ да возиш по асфалт и пак ќе стигниш од точка А до точка Б, но ќе вложиш повеќе напор и ќе ти биде понекомотна вожњата. Макар и со потенки гуми немат кизнајт каква измена, ипак е минимална а тежината на точакот е речиси иста шо немат ни да осетиш разлика. Потежок е, има потешка виљушка, различни бандажи, повеќе опрема, скроз различна и поагресивна геометрија на рамка намената за офроуд возење а не за асфалт.
Шо значит по мое ако си цепаш асфалт тогаш хибрид со вибрејк и ништо повеќе, ако одиш на асфалт со благ офроуд тогаш од овој тип на велосипед (истиот можит и со диској механика/хидраулика твој избор), а на крај ако одлучиш дека повеќе од времето ќе си офроуд тогаш мтб.
Поздрав.
 
Последно уредено:
Дали ти е битно брендот на велосипедот да е истакнат? Има многу подобри понуди од овие што ги наведе, особено во поглед на амортизер. Би ти предложил да погледнеш велосипеди што се НАД твојот буџет од 35000-43000 затоа што секој дилер дава извесна сума на попуст.

Иначе, ако сакаш да ти посочиме кој е најдобар избор од понудените тука, тоа е дефинитивно Specialized. Дури има и воздушен амортизер, не ни знаев до сега дека има XCR воздушен. Браво!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom