За возење по асфалт тури до кај 60-70 км дали е подобар хибрид или МТБ со монтирани максимално тесни гуми?
Дефинитивно хибридот е далеку подобра опција него ли мтб за асфалт. Како шо спомна Зоц, целокупната тежина на точакот е полесна, фиксна и лесна виљушка, има лесни и големи бандажи со гуми наменети за асфалт шо значит дек овозможвит поголема брзина со помалку напор и одлична тракција со асфлатот, геометријата е различна него ли мтб а е доста покомфортна за на асфалт.
Исто имаш опција на хибриди со нефиксна виљушка напред, со мали измени околу деловите и нормално поинакви гуми друга димензија со поинаква шара на нив, шо значит дек истиот ќе е потежок него ли прво споменатиот со та разлика шо ќе можиш да возиш и благ офроуд.(Но не е наменет за поагресивно офроуд возење)
Крај краева, можиш и МТБ да возиш по асфалт и пак ќе стигниш од точка А до точка Б, но ќе вложиш повеќе напор и ќе ти биде понекомотна вожњата. Макар и со потенки гуми немат кизнајт каква измена, ипак е минимална а тежината на точакот е речиси иста шо немат ни да осетиш разлика. Потежок е, има потешка виљушка, различни бандажи, повеќе опрема, скроз различна и поагресивна геометрија на рамка намената за офроуд возење а не за асфалт.
Шо значит по мое ако си цепаш асфалт тогаш хибрид со вибрејк и ништо повеќе, ако одиш на асфалт со благ офроуд тогаш од овој
тип на велосипед (истиот можит и со диској механика/хидраулика твој избор), а на крај ако одлучиш дека повеќе од времето ќе си офроуд тогаш мтб.
Поздрав.