П
Паган-др
Гостин
Здраво луѓе, ме интересира каде има да се купи облека ( сеа дали е тоа точниот израз ? ) за возење точак. Поточно ми треба маичка и шорцеви, а се мислам и за кацига. Има ли некаде во Македонијава и какви се од прилика цените?
За дрес и шорцеви кај нас во продавнициве од околу 2000 негде па нагоре ти се движат цените за еден дел. Зависи каде ќе начекаш. Поевтина опција ти е да нарачаш од aliexpress, јас од таму земав за 1500 комплет, за квалитетот не знам да ти споредам со овие поскапите кај нас, ама поприлично задоволен сум. Само проблем е чекањето, околу месец дена треба додека ти стигне, а веќе средина на август ќе те фати. Ако имаш пари за давање или не ти се чека, прошетај во outdoor на Рекорд, Bike Stop, pro-sport позади 7ца кај грчка амбасада, pro bike кај рампа во Кисела Вода, уште една не знам како се вика во новите згради позади Расадник во Кисела Вода, и уште една што е по скали надоле на главната улица што оди од Влада до фонтана во парк. На последново место можеш и поевтина кацига да најдеш, од 1800 до 2400 мислам беа. Скоро на сите продавници ќе им најдеш фејсбук профил или сајт, прогуглај само.
*ова за Скопје.
Последно уредено од модератор: