Дали си сигурен дека си возел таму ?? Мене пак до детското ми е лесно, од таму па до врв почнуваат заебанциите т.е. има 3-4 нагорнини кои се ѕид.
За гуми би ти препорачал Maxxis, ѕирни ги
Crossmark или
Ikon моделите и гледај да се folding, мислам дека тие највеќе ќе ти одговараат според тоа што бараш и според сликата која си ја атачирал. Може да ги најдеш во Пробајк кај Стара рампа, мислам дека беа по 1.500 ден.
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 01:55 ---
Види не дека нема разлика од пренос до пренос, но се е тоа минимално (не зборам за квалитет), но ако човек нема кондиција и со најјаката конфигурација на делови нема да се качи. Па нема само XT преносот 22-32-44 ѕвезди. Ако ти беше само за маркетинг, тогаш длабоко се извинувам.
Aпсолутно се сложувам за преносите.Знам дека нема само хт преносот таква комбинација на Sвезди,но членот погоре напомена дека голем му бил преносот,а јас го кажав мојот со кој го имам поминато водно.Така да нема реклама иако и не сватив за што точно се мисли со ова рекламава.
Се сложувам и за кондицијата дефинитивно!Јас многупати го имам поминато Водно,неможејќи од обврски да појдам некаде подалеку,секогаш сум се одлучувал/м за водно бидејќи најблиску ми било.Искрено кај мене неможат да дојдат преку ден резултатите и кондицијата.Најмногу се чувввсствува ако не возам подолго време.После долго време ми треба да дојдам во добра форма.Едноставно неможам наеднаш да седнам и да го искачам водно без мака.Си имам кризи и тоа на многу лесни места.За разлика од мене повеќето многу брзо доаѓаат до форма.Пример за тоа се некои братучеди и другари со кои кога ќе одам на Водно,од прва мака немаат воопшто.Јас се држам некако,но немам сила да запнам појако или пак да поминам некого.Но доколку во две недели отидам 4-5 пати,болките во нозе воопшто и ги немам,и едноставно делува како да летам нагоре.Годинава пак одам преку козјото патче над ЈСП и од таму започнувам за разлика од порано кога си одев од државна.
мерено од асфалтот над козјата патека каде и започнувам до средно водно за рок од три недели постојано бележам се подобри времиња и брзини.Водам постојана евиденција и еве ги времињата:
5 Мај (над козја-Средно водно)
-време 18мин:48сек
-просек брз. 10,6км
-макс.брз. 17,0км
10 Мај (над козја-Средно водно)
-време 18мин:17сек
-просек брз. 10,9км
-макс.брз. 17,1км
19 Мај (над козја-Средно водно)
-време 18мин:05сек
-просек брз. 11,км
-макс.брз. 17,6км
24 Мај (над козја-Средно водно)
-време 18мин:42сек
-просек брз. 10,6км
-макс.брз. 18,1км
1 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 17мин:38сек
-просек брз. 11,3км
-макс.брз. 17,3км
9 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 17мин:30сек
-просек брз. 11,3км
-макс.брз. 18,км
15 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 16мин:57сек
-просек брз. 11,9км
-макс.брз. 17,8км
21 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 16мин:27сек
-просек брз. 12,5км
-макс.брз. 18,2км
23 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 15мин:54сек
-просек брз. 13,1км
-макс.брз. 18,7км
25 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 15мин:34сек
-просек брз. 13,5км
-макс.брз. 18,6км
28 Јуни (над козја-Средно водно)
-време 14мин:49сек
-просек брз. 14,3км
-макс.брз. 19,4км
Последниот пат сметав дека имам сили и запнав малку појако:Така моја цел која си ја поставив е да дојдам до средно водно за помалку од 14 минути.Ако неможам со овие тогаш најверојатно со други гуми,убеден сум ќе дојдам под 14мин.
Ги разгледав моделите и се мислам помеѓу maxxis Cross Ларсен тт,ridgeline,kenda seven pro,kenda kozmik,small block eight pro и slant six.Во изборот може ќе вклучам и некоја мишелин гума.па ете давајте ги вашите предлози.