Паркети

  • Креатор на темата Креатор на темата Нинович
  • Време на започнување Време на започнување
Епа ако бендот имал своја идеологија, ќе се трудел да ја применува!
Не знам како на паркети гледа онаа мала публика која одела паралелно со нивните подеми и падови.
Ги знам од концертот на Бладхаунд Генг па наваму, така да не можам да се пофалам како нивен стар фан, сепак успеав да надокнадам на музички план и имам скоро се што тие имаат снимено во студио. Ќе продолжам подолу...
Не е проблемот дека јас или било кој, ќе го смениме мислењето само заради тоа што отишле на евровизија, туку, како сега гледаме на нивната музика! Делува разочарувачки!
На нивниот спејс имаше некои песни кои им беа во подготовка за следниот албум.
Секој бенд еволуира на музички план, а Паркети се трудат да бидат нови и свежи постојано, е сеа се приметува влијанието на Марија, ама и таа е член нели, Тетка Паркетка.
Што се однесува до нивните настапи, тие се горе доле шаблонски, така да ако си бил на 4-5 можеш да претпоставиш какви ќе бидат 7-8-9 ти настап :)
Бидејќи им немам ојдено на свирка веќе година дена со радост ќе ги слушам на Пиво Ленд.

А во врска со идеологијата, вие металчугите многу мрчите на таа тема. Јас не сакам такви работи, се додека личат на себе Паркети ќе бидат Паркети.
Излетот со евровизија им беше обид за да дознаат за нив поголем број на луѓе. Имаат голема желба да свират на EXIT па се обидуваат да им покажат на луѓето дека се добар бенд. За нивна несреќа критериумите на оние што бираат бендови за на Ексит се поинакви, па си се враќаат Паркети на она со што си се бават редовно.


Сепак „“ е песна која може да ја направи само млад панк бенд. Некои моменти не може да се вратат. Смена на членови, созревање на членовите...
 
Ама по која основа се чувствуваат предадено? Тоа што сакаа да пробаат а знаеја дека сето тоа е една местенка? Ете, филм им било да се појават на Евровизија. Си го напраја филмот, и си продолжуваат да си бидат она што се.

По основата (која е погрешна) дека некој бенд ти должи нешто доколку ти се допаѓа неговата музика.
 
Ај бе среди се!! Кој го спомна Елвир?


Ама седи сега, не пријавувај бес.
Онака го спомнав јас, чисто да видам како ќе изреагираш. Шотуку се распалваш?

По основата (која е погрешна) дека некој бенд ти должи нешто доколку ти се допаѓа неговата музика.

Е да, и ти си во право тука. :)
 
Ама седи сега, не пријавувај бес.
Онака го спомнав јас, чисто да видам како ќе изреагираш. Шотуку се распалваш?



Е да, и ти си во право тука. :)


Абе глеј, темава не е отворена за пројавување бес, се знае ќе си кажеш мислење и крај. А не ти мене ми спомнуваш елвири и некој квази потрчковци.
Ако сакаш да ми провериш реакција, не се труди!
 
Абе глеј, темава не е отворена за пројавување бес, се знае ќе си кажеш мислење и крај. А не ти мене ми спомнуваш елвири и некој квази потрчковци.
Ако сакаш да ми провериш реакција, не се труди!

Ама јас не пријавив бес, ти ми рече: „Среди се“. Значи ти пријавуваш.
А зошто да се средам?
И ете, проверив реакција и видов.
 
А на кој музиката според тебе не делува разочарувачки? На Елвир, на Јован? И всушност, зошто јас ти реплицирам не знам ни сама, се работи за вкусови.:wink:


Значи мал рифреш, ако немаш да ми реплицираш ЗА ТЕМАВА, без вакви испади!! Тука се виде и се осети дрскоста, гет ит?
И без повеќе офф топици!!
 
страшно тргнаа, страшно скренаа, страшно се изменија, и предвидувам страшно пропаѓање


СТРАШНО
 
страшно тргнаа, страшно скренаа, страшно се изменија, и предвидувам страшно пропаѓање


СТРАШНО
Аааа ќе гориш во пеколот музички неписмен човекууу :pos:
Младо момче, кога Паркети почнаа да прават музика ти уште слушаше Златно Славејче.
Бај д веј коа ќе ти ги видам другите постови во подфорумот Музика, сфаќам дека твоето мислење е сосема ирелевантно.

Паркети се бенд кој сам се обидува да се протурка низ музичката сцена. Нема никој позади себе што на широките народни маси им вика „Еј овие се Паркети, добри се“. Како што се случај со старите ју-рок бендови.

А кога нешто се прави од срце толку долго време, значи дека навистина се будалетинки, и просто ги обожавам. Се острам на ПивоЛенд да ги видам пак после година и нешто пауза.

Топло би ти препорачал да дојдеш и да ги видиш во живо какви се.

Ако мрчиш и после тоа, скар :pos:
 
Најлудиот wow каков епитет...незнам ги слушав за Евровизија...интересен настап и песна но се ова ми наликува на Ноне...па кој пее на дијалект бе...со можи и слични други зборови и фрази на дијалект

Е тоа малку смета!Мислам,во песните ако,интересно е да има некој дел на Битолски,ама на ТВ,барем кога го прашуваат,емисија,тие работи,треба да се потруди малце литературно,ипак се што е претерано е лошо.

Значи алергична сум на вакви коментари.На националана телевизија водителите зборуваат на чист скопски дијалект.Тоа е секојдневие.Па ако си се најдат пријатели во емисија тогаш веќе нема крај:само скопски се зборува.И кога едни новинари,водители,кои се појавуваат на национална телевизија,не се трудат да говорат на литературен македонски јазик,зошто би се труделе Паркети?
Или тоа е веќе прејдено во навика,па сега ако некој друг проговори на својот дијалект одма е претерано и лошо?
Ви се молам.
Инаку дечките се баш оргинални,прават одлична забава и конечно освежување на македонската сцена.:olee:
 
Патетизирање.

Разграничете сценски настап и музички квалитет.
Газов ми е подуен од коментарите кои гласат дека е Македонско и треба да се почитува.
Тоа е исто како затуцаните патриоти кои не се способни да диференцираат национална припадност со религиозна, па ве осудуваат ако не се сметате себеси за христијанин.
Извитоперено и егоцентрично (не)музичко срање произлезено од Битола.
Два-три едноставни рифа, тематика за гомна, електрични фризури, месечини, шеќерчиња и мармалади, и имиџ кој го користат за лична рекламација.
Друга неспособност за разграничување е онаа која треба да биде направена кога е прашање сценскиот настап, кој очигледно мнозинството го поистоветува и со музичкиот квалитет.
Уринирање на сцената, стриптиз, јавен приказ на анатомните одлики додека напалените тинејџери лудуваат и си дишат во врат пред сцената и се замислуваат колку луд бенд гледаат, а притоа се гордет шо бендот произлегува од нашиве простори.
Значи од инструментална гледна точка, нула, од идеолошка, катастрофа а од модна, може да се каже просечна, пошто се јавува еден баланс.
Глупиот и кловновски имиџ соодветсвува со глупата музика и со целата таа компактност која се сведува на срање.
Шо ако започнале да прават музика кога некои кои коментираат слушале Златно Славејче?
Многу погрешна проценка.
Постојат бендови кои продуцираат маестрален музички квалитет, а испаднале пред два часа, па растуриле со својата музика.
Квантитетот во никој случај нема компатибилност со квалитетот.
И, испадот на Евровизија се базираше на нивната желба да постигнат просперитет на сцената, а воедно и помеѓу масата тука.
Доказ за нивната егоцентричност која ја наведов како карактеристика горе.
Кога веќе не беа способни да се афирмираат прописно на начинот на кој претходно се обидуваа, нормално дека ќе следи Евровизија.
А, следно е можеби дует со Елвир.
Екцесите на сцената во никој случај нема да го потврдат музичкиот квалитет на бендот, пошто го нема.
Квалитетни се на тоа поле не можам да негирам. Сценски настап, преку кој и успеаа да ја апсорбираат онаа маса на фанови која ја поседуваат.
Значи на нивните приврзаници далеку поважен им е сценскиот настап.

Не сакам да бидам глуп и не сакам да слушам Паркети.
 
Леле Unholy, од што толку не знам од кај да почнам да ти одговарам, нема ни да почнам.
Не дека ги сакам Паркети или пак сум запознаена со нивната музика подлабоко, можам да гарантирам дека барем од тоа што го имам чуено од нив, 200х подобро звучат од “твоиве“ [види си потпис].
Кога ти го прочитав постов мислев дека имаш попрефинет вкус за музика ама, го видов банерчето на крајот од постот и...
 
Леле Unholy, од што толку не знам од кај да почнам да ти одговарам, нема ни да почнам.
Не дека ги сакам Паркети или пак сум запознаена со нивната музика подлабоко, можам да гарантирам дека барем од тоа што го имам чуено од нив, 200х подобро звучат од “твоиве“ [види си потпис].
Кога ти го прочитав постов мислев дека имаш попрефинет вкус за музика ама, го видов банерчето на крајот од постот и...

Типичен пример за ограниченост и предрасуда.
Започни од фактот дека ни минимално не си спознаена за музиката која јас ја слушам, а се сметаш себеси за доволно компетентна да одредуваш чија музика е поквалитетна.
Да не детализирам и одам во подробности, накратко ќе кажам, дека тоа шо јас го слушам не е ни достојно да се споредува со Паркети, ни па да се тврди дека се они подобри.
Ти најверојатно по гледањето на банерите во мојот пост си зацртала во главата дека сум ограничен стриктно на еден жанр и плукам наоколу по се шо не е ускладено со моето.
Многу погрешна проценка.
Кога ќе го согледам музичкиот квалитет на еден бенд колку и да не е по мој вкус музичкиот правец, ќе го потврдам како таков(квалитетен), ама тоа не случајот и со Паркети.
И, уште да напоменам не сакам да одам во детали и да започнам да ти објаснувам зошто оноа шо ја го слушам е поквалитетно од Паркети.
 
Не мораш, можам сама да замислам.
Едема?
Полипи?:jaj:
 
Не мораш, можам сама да замислам.
Едема?
Полипи?:jaj:

Не тропај сеа медицински изрази тука,имаш подфорум Здравје, па дискутирај таму.
Тука приложи барем еден сопствен аргумент околу дискутабилното прашање тука и направи една споредба и од инструментален и од идеолошки аспект.
Пошто гледам дека се сметаш за доволно компетентна за напаѓање и лепење на етикети на безвредност врз музички правци кои не се по твој вкус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom