Авто новости

Toa e Japoncite ja ukradoa od Germancite boxer tehnologijata koja e primeneta vo VW buba za prvpat i porsche... pozz
Моторот е конструиран од Karl Benz во 1896 година и се вградува во тогашните негови возила. VW не ни постоеше во тоа време. Па за прв пат од него го превзема BMW во 1926 и го прави познатиот 500 кубици 2 цилиндричен мотор што и ден денес се вградува во моторциклите на BMW. Потоа Porche со првиот модел 356 во почетокот на педесеттите и на крај технологијата ја превзема и VW и го вградува моторот во Буба, Карман, Транспортер и Варијант. Исто така и Citroen го вградува во моделот 2CV (спачак), и GS/GA/CX.

Па во 80-тите го користи и Alfa Romeo, Honda за моделот Goldwing, па последниве 15 години се јапончиштата за кои викаш дека ја украдија технологијата.

VW одамна ја напушти технологијата. Ако не е Porѕche и Subaru, оваа технологија ке изумре исто како Ванкел моторите.

Видиш не биле први VW/Porsche со кои почнале со вградување на бокс машини, ниту пак ја измислиле технологијата.
 
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

VW стана број 1 во светот
volksvagen-eden.jpg
Кога станува збор за бројот на произведени возила, последните извештаи говорат дека германската групација...
... "Volkswagen" стана најголем производител на возила во светот, надминувајќи ја "Toyota" која две години беше на врвот.
Последните пресметки потврдуваат дека "Volkswagen" групацијата произвела 4.4 милиони возила во првите 9 месеци од годинава, додека Тојота стигнала само до 4 милиони возила.
Форд е на третото место со 3.7, додека некогаш водечкиот "General Motors" е на четврто место со 3.6 милиони произведени возила.
Германците уште од поодамна прогнозираа дека титулата ќе заврши во нивни раце, меѓутоа тие се надеваа дека тоа ќе се случи дури 2018 година.
Причина за ваквиот развој е големата криза која ја погоди Тојота, додека Европскиот пазар во последните месеци константно бележеше раст - посебно поради државните "инекции" за автомобилската индустрија.
 
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

VW стана број 1 во светот
volksvagen-eden.jpg
Кога станува збор за бројот на произведени возила, последните извештаи говорат дека германската групација...
... "Volkswagen" стана најголем производител на возила во светот, надминувајќи ја "Toyota" која две години беше на врвот.
Последните пресметки потврдуваат дека "Volkswagen" групацијата произвела 4.4 милиони возила во првите 9 месеци од годинава, додека Тојота стигнала само до 4 милиони возила.
Форд е на третото место со 3.7, додека некогаш водечкиот "General Motors" е на четврто место со 3.6 милиони произведени возила.
Германците уште од поодамна прогнозираа дека титулата ќе заврши во нивни раце, меѓутоа тие се надеваа дека тоа ќе се случи дури 2018 година.
Причина за ваквиот развој е големата криза која ја погоди Тојота, додека Европскиот пазар во последните месеци константно бележеше раст - посебно поради државните "инекции" за автомобилската индустрија.
Со оглед дека поседуваат еден тон производители, а Toyota е сам... јасно е дека ќе ја надминат.
 
Не јас не мислам дека ке се зафркнет пошто за наш стандард не е скапо, немат голема потрошувачка, доволно брзо е за нашиве патишта, и не е скапо за оджавање...сеа зависит од љуѓево дали му се допаѓа каросериски или слично.

Како и да е мислам јапонцкиве коли неможет да се споредет со германскиво од која и да сакаш гледна точка пошто германците ги произведвет најпознатите автомобили. На пример јас за вистински автомобили ги сметам: Мерцедес, Ауди, Опел и Голф.:helou::wink:

mercedes-cls-class-cls320-cdi-saloon-diesel_616755.jpg


audi_q7_4122.jpg


Ми треба еден совет, колку ли би се појачало југо корал 55 со моментална јачина на мотор 1400 кубици и 65 коња ( фабрички мотор )...колку јачина би добило кога би му ставил само спортски филтер и спортски аусплук ???

Да кажеш дека Минито е поубаво од Фиат...тоа е...смешно...
Земи кој сакаш ФИАТ од 60-ти споредено со таквите шпорети...ќе видиш споредба на шпорет со скулптура на четири тркала.

П.С.
Напрај го Аудито на 250 КС, а јас со делови од отпад ќе склопам нешто интересно, и ќе ми гледаш штоповите :)
Ќе има и понекое ново делче де...


Имам едно прашање за вас: дали сте заинтересирани за опел кадет 2000 кубици 250 коња од Швајцарија е днонесен ??? Колата е сон воодушевен сум до брзинана...
 
Ми треба еден совет, колку ли би се појачало југо корал 55 со моментална јачина на мотор 1400 кубици и 65 коња ( фабрички мотор )...колку јачина би добило кога би му ставил само спортски филтер и спортски аусплук ???
1 коњ и 2 магариња...

Кој ти знае ти шо имаш намера да ставиш? Од филтер, нема да добиеш никакво подобрување. Од издувот, има шанса да добиеш зголемена сила, сепак зависи колку си спремен да искешираш за издув. Патем, ова прашај го во темата за Југо, има дечки што се заинтересирани за тјунинг на Југовци, ќе ти објаснат постручно.

Патем, темава е за НОВОСТИ а не за твоите прашања од типот на погоре наведеното и Кадет кој што развива 250 коња.
 
Пошто темата е за авто новости да пишам за една тазе новост која е многу исплатива и цел свет ке се моли оваа можност да влезе во сериско производство на сите мотори.Пред некој ден прочитав дека некоја тјунинг куќа направила мотрол кој развива 163 коњски сили а со притискање на копче силата се намалува на 61 коњска сила а со тоа и потрошувачката.Шо значи на автопат може да се излудуваш со 163 коњски сили а за градска вожња да си намалиш на 61 и помалку да ти троши.:vozbud::vozbud::vozbud:

1 коњ и 2 магариња...

Кој ти знае ти шо имаш намера да ставиш? Од филтер, нема да добиеш никакво подобрување. Од издувот, има шанса да добиеш зголемена сила, сепак зависи колку си спремен да искешираш за издув. Патем, ова прашај го во темата за Југо, има дечки што се заинтересирани за тјунинг на Југовци, ќе ти објаснат постручно.

Патем, темава е за НОВОСТИ а не за твоите прашања од типот на погоре наведеното и Кадет кој што развива 250 коња.

Добро...фала на советот :)
 
Fiat се враќа на двата цилиндра



Со впечатлив штанд и мноштво иновации, меѓу кои најзначајна беше револуционерниот двоцилиндричен бензински мотор, Fiat на 80-от меѓународен салон на автомобилите во Женева ја потцрта својата улога на европската автомобилска сцена
213165%20copy+.jpg

Новиот суперекономичен агрегат на Fiat кој дебитираше на автосалонот во Женева, ќе располага со три моќности, со 65, 85 и 105 KS и од есенва ќе започне да се вградува во повеќе модели на италијанскиот производител.

Наречен TwinAir, новиот мотор со зафатнина од 0,9 литри ќе се произведува во три варијанти, со 65, 85 или 105 конски сили и ќе има за 30% помала потрошувачка на гориво во споредба со другите мотори со аналогна моќност. Заслугата за ова ја има MultiAir технологијата на Fiat, која комбинира директно вбризгување на горивото, турбо компресор и променливи фази на работа на вентилите. Првото појавување на новиот мотор на Fiat ќе биде во моделот 500. Во моментов ниту еден автомобил во Европа не се продава со мотор со два цилиндра.


http://www.avtoplus.com.mk/?pid=1972
 
Hennessey Venom GT со 1200 KS

Hennessey Venom GT со 1200 KS

Тјунерите од Тексас се дофатија на најмалиот модел на Lotus и наместо серискиот мотор со 260 KS, му подарија монструозен атмосферски 6,2 литарски V8. Hennessey Performance се прослави со тјунирање на јаките американски возила, а нивниот најнов проект се однесува на сосема друга класа автомобили.
31-venom-gt-1.jpg
Во малиот Lotus Elise, трансплантирано е срце од Corvette ZR1 – 6,2-литарски V8 LS9 мотор со сила од 640 KS. Купувачите на Venom GT, можат да избираат entry-level ниво на сила од 730 KS или две twinturbo изведби со сила од 1000, односно 1200 KS.
31-venom-gt-2.jpg
Силата се пренесува преку шестстепенски Ricardo менувач и тоа на задните тркала, опремени со Michelin high-performance гуми. И покрај тоа што во него е вграден масивен V8 мотор, вкупната маса на возилото изнесува 1071 кг, а сето тоа е постигнато благодарение на карбонската каросерија и тркалата.

Петнаесет инчните керамички кочници исто така дава свој придонес, додека за аеродинамиката се грижи активниот аеро-систем со подесувачки заден спојлер и систем на суспензија со регулација во сите параметри.
31-venom-gt-3.jpg
Дали е ова чиста лудост или пак поставување сосема нови стандарди на гледање на соодносот сила/маса, процените сами, но дефинитивно станува збор за своевидно потврдување на изреката дека отровите се чуваат во мали шишенца.
31-venom-gt-4.jpg
Производството на Venoma GT е ограничено на 10 примероци годишно, четири веќе се нарачани, а цената за верзијата со најслан мотор од 730 KS изнесува 450.000 евра.

##
 
Комплетно нова Р-класа на Мерцедес...

Темелно обновена R-класа
Пред претстојниот саем во Њу Јорк, прикажани се првите службени фотографии на освежената R класа, моделот кој патеше од блага диспропорција и хронично слаб пазарен успех....

R класата немаше лесна задача. Со необичниот стајлинг, тешко се наоѓаше на изборот на купувачот, а со тоа остваруваше ниски стапки на продажба. Обратно на службената делкарација sports-tourer, R класата беше сепак чуден семеен караван, но од 2011 тоа нема да биде така!
Редизајнот кој го доби и го продолжува животниот век. Подарено и е повеќе стил, а складно е градена од предниот дел, па се до крајот. Новите светла, исправената положба на предната маска и дуплите магленки, ја чинат многу по атрактивна, додека промената на задниот дел, иако е минимална сепак изгледа многу попривлечно од претходникот.

Внатрешноста остана недопрена, а и немаше потреба од тоа. Типична Mercedes-Benz технологија и стил, со AMG седишта и карактеристични детали во окружувањето на патниците. Што се однесува до моторизацијата, се очекува стандардните V6 бензински и дизел мотори, а потајно се надеваме на враќање на моделот R63 AMG.

Повеќе детали би требало да се дознае утре, кога саемот во Њу Јорк ги отвара своите врати!
mercedes_r-class-2010-(3).jpg

mercedes_r-class-2010-(7).jpg

mercedes_r-class-2010-(6).jpg

mercedes_r-class-2010-(4).jpg

mercedes_r-class-2010-(2).jpg
 
Што се однесува до моторизацијата, се очекува стандардните V6 бензински и дизел мотори, а потајно се надеваме на враќање на моделот R63 AMG.


mercedes_r-class-2010-%284%29.jpg

Ова нема мењач WTF :vozbud:

Инаку некое инфо за цените како би се движеле?
 
mercedesrclass20104.jpg

:vozbud: Ова е мењачот оохо, сеа го приметив
а цени незнам пошо треба од 2011 да излезе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom