A sto e so ova? Francija vo Juni go prevzema rakovodenjeto so EU, i ke ne pritiska, za da moze da dobieme datum za pregovori...Mislis nasite ke im kazat "da si odat vo p.m?"
Грција сака Саркози да посредува во спорот со Македонија
сабота, 05 април 2008
Грција однапред смета на француската дипломатија при натамошните активности за решавање на спорот со Скопје за името на Македонија пишува денеска грчкиот весник Та неа
Според весникот за тоа има две причини: прво затоа што САД и Македонија влегуваат во предизборен период и согласно на тоа не се очекува да преземат нови иницијативи за прашањето на името и второ затоа што Франција го презема претседателството со ЕУ од 1 јули и може да биде соочена пред можно вето од страна на Грција во врска со македонското барање за започнување предпристапни преговори меѓу Брисел и Скопје.
Весникот објавува дека Париз за разлика од Вашингтон располага со искусна и флексибилна дипломатија, но според нив сепак многу нешта ќе зависат од позицијата на Скопје.
Дипломатите стравуваат дека е можно да ексалираат националистичките страсти откако во Букурешт Грција ја сопре Македонија на патот кон НАТО.
Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека Грција е подготвена веднаш да продолжи со преговорите со Македонија за решавање на спорот за името. Тој рече дека не забележал промена во односот на САД кон Грција по наложеното вето ниту пак сигнали за дестабилизација на ситуацијата во регионот.
На 10 април во грчкиот парламент ќе сеодржи дебата на ниво на лидери на политички партии за прашањето за името на Македонија. Дебатата ја побара националистичката формација Народен православен збор ЛАОС наЈоргос Караџаферис.