Стрелец
El Mariachi
Нова дипломатска офанзива на Грција за името
Грција во нова фаза на дипломатски притисок врз Скопје, најавуваат денеска грчките медиуми по одлуката на Канада да го признае уставното име на Македонија.
Според провладиниот весник „Катимерини“, канадското признавање би можело да се користи како начин за притисок и претходи на некаков вид договарање со САД.
Наспроти тврдењето дека канадското признавање е координирано од Вашингтон, кој инсистира на договор за името пред поканата за НАТО догодина во април, Стејт Департментот денеска негираше каква било поврзаност.
„Не сум запознат со одлуката на канадската Влада, но тоа е нивна одлука. Има прашања, како што знаете, коишто се меѓу Македонија и Грција. Името е едно од најважните за двете земји“, рече Том Кејси, портпарол на Стејт Департмент на САД.
„Јас очекувам преговорите и разговорите за името да продолжат, но не можам да ви кажам дали одлуките на други влади ќе влијаат на преговорите. Сепак, се работи за одлука на канадската Влада“, додаде Кејси.
Покрај паничните реакции на владејачката Неа демократија, чијшто министер за надворешни работи Бакојани упати протест до канадскиот колега, остри тонови и од вообичаено умерениот Папандреу, според кого Грција нема никогаш да прифати Скопје да не се придржува кон меѓународните обврски.
Грчките медиуми денеска лицитираат со два старо-нови предлози за компромисно име. Просоцијалистичкиот весник „Та неа“ предлага земјава да се вика Република Македонска.
Доколку оваа варијанта биде прифатена, Грција нема да мора да става вето за влез во НАТО и ќе ги избегне конфронтациите со своите партнери во Брисел, тврди весникот.
Вториот предлог е близок до последниот предлог на Метју Нимиц. Според „Та неа“, на уставното име Република Македонија би била додадена и латинична транскрипција на македонски јазик.