Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Концепт за тема по Македонски јазик :D

Имам една тема на која треба да се пишува..:icon_conf:icon_conf:icon_conf:icon_conf.. "Луѓето не се гладни само за леб,туку и за љубов":music5:


ваљда знаете за шо се зборува...мир,толеранција,љубов итн.

Но незнам од кај да почнам.....:toe:

Малце помош ..... :se_ molam
 
лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.
Нешто за ова??? :helou:
 
Ми треба совет во која книжарница во Скопје ги има следниве книги:
"Трчај дома" - Лори Ленсис
"Белата Масаи", не го знам авторот, и
"Крвна слика" од Синди Шелдон.

Извинете ако мислењево е во грешна тема, ако не припаѓа тука нека го премести модераторот. Благодарам за информацијата:smir:
 
Ми треба совет во која книжарница во Скопје ги има следниве книги:
"Трчај дома" - Лори Ленсис
"Белата Масаи", не го знам авторот, и
"Крвна слика" од Синди Шелдон.

Извинете ако мислењево е во грешна тема, ако не припаѓа тука нека го премести модераторот. Благодарам за информацијата:smir:
Првите две во Матица. Од Шелдон мислам дека се вика Крвна врска книгата, ама не знам кај може да ја надеш.
 
Венецијанска беседа-Беседа против тријазичниците свв. Кирил и Методиј

Може ли некој да ми помогне во врска со ова? на интернет има премалку па ако некој се смилува и ми помогне ке му бидам вечно благодарна :D
 
Ќе си земеш Панонски легенди и таму има буквално се што ти треба. И да бараш на интернет подобро барај за Панонски легенди од колку за беседата, така мислам дека полесно ќе најдеш.
 
есеј на тема: Хуморот и сатирата во расказите на Гогољ
 
Би бил благодарен, доколку некој ми најде некаков состав, околу делото „Парите се отепувачка“. Ми треба за најдоцна утре на полноќ. Уште еднаш, однапред благодарам. :)
 
се што имате за сердарот.. и т'гa за југ :tapp:
 
Класицизам

Ако има некој било што за класицизам и за претставниците на класицизмот.
 
Ми треба биографија од Теодосиј Синаитски, само да не е од википедиа.

Воедно и кај можам да ја најдам книгата "Предисловие кон утешение грешним"? Од истиот автор.
 
Обработка на Смртта на Иван Илич фала
 
Итно ми треба есеј за престиж, моќ или богатсво! Благодарам однапред
 
лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.
Нешто за ова??? :helou:

Никој не помогна, и еве напишав, на кој му треба нека се послужи. :pipi:






Лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Судирот меѓу вистината и лагата прозлегува низ лицемерието.Лагата, измамата, сите нечесни работи собрани на едно место предизвикуваат кочница кон подобар свет.
Лицемерието би го дефинирал како искажување на добрина и скоривање на зло.Во него скриена е дволичноста која преку побожната добрина успева да се проникне и да го шири своето семе на зло.Тоа се срца исполнети со злоба и завист, кои газат по човечките вредности служејќи се со измамата и лагата.Нивната пракса е измамата, лукавството, сеењето на неред, непријателството кое се повеќе изобилува низ човештвото.Градејќи еден подобар свет, свет на на љубов и разбирање, полека се уриваат поставените темили, секојпат кога победуваат злонамерните.Се движиме кон изгубени вредности, немоќни да го спречиме и последниот зрак на вистинска вредност.Лицемерието се повикува на Бога, правејќи го гревот, но не верува.Не сомнено, лик кој претставува олицетворение на лицемерието е Тартиф, а токму тоа олицетворение го има насекаде денес, па затоа е како вечна составка на човештвото, а вечна затоа што од секогаш го имало и ќе го има.Тартиф – типичен лик на лицемер со маскирана подлост, ненаситен, дволичен. Лик кој до ден дешен претставува синоним на лицемерството и лажна набожност.Иако лицемерието е мистериозна, таинствена невидлива епидемија која се крие во градите на дволичните, за помалку среќните правдата ги стигнува порано или подоцна.
Но , не сите луѓе се лицемерни, потонати во зло.Има и такви кои се добри и чесни.Но сето ова е суштината и вистинското лице на лицемерноста и лицемерните и конечниот исход на идниот свет.И се што треба да направиме е добро да ги отвориме очите.
 
Па твое размислување треба да изнесеш во врска со темата

Сега од тепка ќе пишувам мое размислување некој мал guide

Воведот нека ти биде за она што ти мислиш дека е поважно во животот
дали е тоа материјалната или духовната среќа.

Продолжи со тоа и изнеси твое размислување во врска со тоа,зошто мислиш дека е поважно тоа и тоа,како да се пренесе порака до останатиот дел од светот да го практикува,да ја пренесеш твојата идеја на другите.

И на крај можеш да донесеш некој заклучок,демек што мислиш ти колку и како светот би бил подобро место на база на твоите размислувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom