Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Не е баш за тоа темава ама ај ќе ми се прости.:)

Може некој одприлика да ми каже колку пари се трите дела од трилогијата на Толкиен LOTR, и дали ја има на македонски?

Другар, во Охрид во една книжарница (Просвета) во издание на ТРИ се продаваат по цена од 800 денари. Би требало да е толку и во кафе-книжарницата ТРИ. Поздрав! :smir:
Околу преводот, оригинал си е оригинал, ама мислам дека ТРИ имаат направено солиден превод, споредено со досегашните нивни изданија на странските автори.
 
Барам Schritte International 2,Lehrerhandbuch

Значи ми треба овој учебник,т.е.книгата за учители(Lehrerhandbuch).Поточно ми требаат страните од 126-139,транскрипциите од лекциите.
Се работи за оваа книга.

Мој e-mail:comic_94@yahoo.com

Фала однапред.
 
Ај малце оф топик...
Ако би можеле да ми кажете од каде можам да најдам на интернет различни книги(лектири) и да ги читам.Ми треба моментално Вујко Вања.Благодарам однапред.:smir:

http://www.baneprevoz.com/knjige.html

Moже малко е касно, ама се надевам дека ќе ти се најде во иднина ;)
 
Ако може некој да ми препорача некои книги од Зигмунд Фројд ?
 
Од која книжара можам да ја купам книгата на Лао Це - Тао Те Кинг ?...Ако знае некој, нека пиши податоци за контакт, од каде што можам да ја набавам. Тнх
 
Јоаким Крчовски!!!! плс хелп миии

Луѓе ќе ве молам ако има некој нешто за Јоаким Крчовски нека пиши зошто ми треба за семинарска :S :S Се надевам има некој што ќе ми помогни...tnx in advance ...
 
Ми треба помош од област од латински јазик поточно превод на следната реченица:
Eventus - stultorum magister.

eventus, us m. - случај, настан (N. sg)
stultorum (G. pl) - глупав,а,о
magister, tri m. - учител (N. sg)

и што е тоа абакус? ..."Во училиштата покрај маса за учителот и столчиња за децата, имало и табла, мијалник и абакус." Кој се разбира од латински се надевам ќе ми помогне.:smir:
 
Ми треба помош од област од латински јазик поточно превод на следната реченица:
Eventus - stultorum magister.


Одамна го немам како предмет латинскиот , ама може да пробам, па ако има логика... :pipi:

Настан/от - учител на глупавите :toe:

и што е тоа абакус? ...

abacus.jpg










 
:helou:
Нов член сум на форумов и ме интересираше дали некој може да ме упати каде да ја најдам "Љубена" од Тони Морисон ?? (Toni Morrison - Beloved)
 
:helou:
Нов член сум на форумов и ме интересираше дали некој може да ме упати каде да ја најдам "Љубена" од Тони Морисон ?? (Toni Morrison - Beloved)


На YouTube книга да бара?

Инаку Артисту, книгата ја има во издание на Детска радост од 1993 година и во Микена (Битола) од 2009 година. :)
 
:pos2::pos2::pos2: за youtube бар пријатно се изнасмеав, во секој слуцај Фала за информација walker girl, го пребарав цел интернет и никаде немозев да најдам податоци за книгава, знаев дека ова е правото место :icon_lol: :)
 
плззз хелп

луѓе ке ве молам ако има некој нешто за Јоаким Крчовски нека пастира оти ми треба за семинарска.....ве молааааааммм....фала
 
луѓе ке ве молам ако има некој нешто за Јоаким Крчовски нека пастира оти ми треба за семинарска.....ве молааааааммм....фала

Јоаким Крчовски (1750-1820) е првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата.
[уреди]Живот

Науката сѐ уште нема сигурни податоци за местото на раѓање на Крчовски. Се смета дека се родил во Кичево (попради совпаѓањето на турското име - Крчово - за овој македонски град, со неговото презиме) или во Кратово (поради совпаѓањето на кратовскиот говор со говорот во неговите текстови). Крчовски завршил манастирски училишта во Кратовскиот манастир, а потоа бил црковен проповедник и учител. Престојувал во манастирот Свети Јован Бигорски. Податоците за овој престој се искомбинирани и со фактот дека Крчовски бил аџија, што значи дека ги посетил светите места на христијанската религија - Христовиот гроб, Ерусалим, Витлеем.
[уреди]Работен век и дела на Јоаким Крчовски

Крчовски во својот работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој употребувал црковнословенски елементи. Во неговото творештво се забележува продолжување на средновековната книжевна традиција, иако тој бил и под влијание на европското (пред се француското) просветителство, кои дошле преку влијанијата на Достиеј Обрадовиќ од Србија. Неговите дела се отпечатени во печатницата во Будим, а поради опасноста од елинизација тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф.
Прво дело на Јоаким Крчовски е „Слово заради свјато исповедание на сички христијани, на мужи и на жени“ (1814) кое е мало по обем и содржи две беседи со практична намена - свештениците да ги придобијат верниците за христијанската вера. Второто дело на Крчовски е „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“ (1814) кое било напишано на народен јазик (препростејшиј јазик болгарскиј) и наменето за народот и во кое се зборува за второто Христово пришествие. Третата книга на Крчовски „Сија книга глаголемаја Митарства“ (1817) ги опишува „митниците“ (царинските премини) низ кои поминува душата на праведникот за да дојде во рајот. Четвртото дело се нарекува „Чудеса пресвјатија Богородици“. МАНУ оваа книга ја смета за прв превод на македонски јазик, бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во Република Македонија. БАН, пак, книгата ја смета за превод на бугарски јазик, бидејќи на корицата пишува дека е преведена на болгарскиј јазик и „иждивением же православних христиан штипских и прочих градов болгарских”. Сепак, Крчовски пишува дека книгата е напишана ради ползи и поучениа, и спасенија рода христианскаго, односно за ползување на христијаните по род. Петотото и последно дело на Крчовски е „Различна поучителна наставленија“ (1819), кое е негово најобемно и најоригинално дело во кое се зборува за важноста на образованието и практикувањето на христијанската вера.
Крчовски е автор на пет книги кои се пред сè со религиозна содржина:
1814 - „Слово исказаное заради умирание"
1814 - „Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова"
1817 - „Митарства"
1817 - „Чудеса пресвјатија Богородици"
1819 - „Различна поучителна наставленија"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom