Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Можда не е право место овде но ајде...

Во филмот Frankie and Johnny со Ал Пачино и Мишел Фајфер, Пачино секој ден учи по еден нов збор од како да го наречам, ај секојдневен-речник-за-учење-по-еден-нов-збор. Е сеа прашањетоа ми е дали некој знае дали такво нешто постои, и ако постои кај може да се купи (сеедно тука или во страство).

Ова е пошо неам намера да отварам Вујаклија секој ден додека мијам заби, туку да закачам мало "тефтерче" со нови зборови.

Фала однапред
 
:pos: Ама е смешен целиот тој концепт на учење збор во денот. Ако знаеш зборови тоа нема да те напраи чоек, но, твоја работа. Помини по книжарниците низ Скопје, сосема е можно да имаат. Икона има странски глупости, провери во неа. Рамстор и карши Мекдоналдс.
 
Историскиот развиток на македонскиот јазик... Ми треба текст, страници од интернет каде ќе има информации за тоа како се` развивал македонскиот јазик од Кирил и Методиј, па се до кодификацијата во 1944 или 1945 беше?:kesa:Некој да поможи, ќе му купам тост...?:back:
 
Историскиот развиток на македонскиот јазик... Ми треба текст, страници од интернет каде ќе има информации за тоа како се` развивал македонскиот јазик од Кирил и Методиј, па се до кодификацијата во 1944 или 1945 беше?:kesa:Некој да поможи, ќе му купам тост...?:back:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Историја_на_македонскиот_јазик
види овде...ако ти е од помош некаква...
имам книги за ова ама премногу има пишано... :toe:
 
Можда не е право место овде но ајде...

Во филмот Frankie and Johnny со Ал Пачино и Мишел Фајфер, Пачино секој ден учи по еден нов збор од како да го наречам, ај секојдневен-речник-за-учење-по-еден-нов-збор. Е сеа прашањетоа ми е дали некој знае дали такво нешто постои, и ако постои кај може да се купи (сеедно тука или во страство).

Ова е пошо неам намера да отварам Вујаклија секој ден додека мијам заби, туку да закачам мало "тефтерче" со нови зборови.

Фала однапред

Земи си "Современ лексикон на странски зборови и изрази" од Љубо Миќуновиќ 700 ден е :smir:
 
moze nekoj da mi preporaca kniga kako harry potter ama da ja ima vo makedonijasekako prevedena na makedonski
 
neznam dali vo ovaa tema da baram pomos ali ke si gi probam silite.Na sestra mi i treba esei za bilo sto ne e bitno za ljubov za drugarstvo zabilo sto pa ako nekoj ima nesto neka pomaga.
 
Ми треба тема за средновековен театар.Кој има било каков материјал,нека ми прати.Хитно!:)
 
Итно

Луѓе го превртив цел интернет и не најдов тоа што ми требаше...
Инаку доколку некој има кратка содржина од делата на Габриел Гарсија Маркес ``На полковникот нема кој да му пишува`` или ``100 години самотија`` би му бил вечно благодарен за билокаква помош...:smir:
 
„Сто години самотија“ е култна книга и ти ја препорачувам, ќе ти го смени светогледот, т.е очи ќе ти отвори. Кратка содржина:
Во книгата се проследува подемот и падот на семејството Буендија. Првиот во лозата, Хозе Буендија со својата жена Урсула и група млади брачни парови тргнуваат да бараат попросперитетно место за живот, на брегот на морето. Една од причините за преселба е тоа што тие се подалечни роднини, па ги следи суеверието дека ќе имаат деца со свински оповчиња.По неколкугодишно скитање низ планините, се откажуваат од потрагата по морскиот брег и го основаат Макондо.
Макондо се издигнува според строгите и правични критериуми на Хозе Буендија, а животот во него е митски, живеат небаре во рај, растоварени од секакви грижи, од трудот на своите раце.
Единствен допир на Макондо со другиот дел од светот е патувачката трупа Цигани на чело со Мелкијадес, вонвременски мудрец кому Хозе му се восхитува. По секое нивно доаѓање, Хозе останува маѓепсан од некој пронајдок кој Мелкијадес им го презентирал, и посветен да ја разоткрие тајната на чудото, а секогаш погрешно ги интерпретира овие чуда на науката.
Во меѓувреме, неговата прагматична жена Урсула работи и ги одгледува децата. Им се раѓаат повеќе деца, а двајцата први синови, Хозе Аркадио и Хозе Аурелијано и нивните потомци остануваат континуирано во фокусот на основната наративна линија.
Хозе Аркадио носи бујна, речиси животинска телесна страст во себе, и полов орган со митски димензии.
Хозе Аурелијано е исткаен од соништа, потонат во себе и во светот на науката. Тој е златар.
Еднаш во Макондо доаѓаат некои други Цигани, без Мелкијадес. Хозе Аркадио, воден од страста, го напушта Макондо.
Урсула тргнува да го бара, и се враќа по неколку месеца. Наместо Хозе Аркадио, таа ја нашла цивилизацијата, а научила и занает, па почнува семеен бизнис на изработка на шеќерни животинки и добро заработува.
Пристигањето на другите луѓе во Макондо означува нова етапа во животот на жителите на Макондо.
Во Макондо пристигнува цивилизацијата со сите предности и недостатоци. Така жителите на Макондо стануваат жртви на чумата на несоницата, не можат да спијат, но постепено забораваат се. Ги спасува Мелкијадес. Тој, остарен и пропаднат останува во домот на Буендија за да умре таму. Напишана на санскрит и неразбирлива, зад него останува и историјата, поточно пророштвото за лозата на Буендија, според кое првиот е врзан за дрво, а последниот го јадат мравите.
Со семејството Буендија нераскинливо е врзана и Пилар Тенера, локална гледачка и курва. Таа му раѓа копилиња на браќата Буендија, а Урсула ги прифаќа и одгледува во својот дом.
Хозе Аркадио се враќа и се жени со својата посестра Ребека поради што е отфрлен од семејството.
Во Макондо стигнуваат и претставници на власта, и куќите, кои по законите на Хозе Буендија биле бело варосани стануваат ту црвени, ту сини.
Хозе Аурелијано се жени со Ремедиос, најмалата ќерка на управникот (има само 12 години).Таа умира на пораѓај, а повлечениот Аурелијано бидува повлечен и вовлечен во бурните политички настани. Тој , по игра на случајот, станува прочуен герилец и револуционер, полковник, па генерал, жива легенда.
.......( има ли некој друг кој би сакал да продолжи?)
 
Едно прашање..
Хитно ми треба лектирата „Горски Венец“. Ако ја има некој... би му бил многу благодарен. :)

Фала. :D
 
хммм....некоја обработка на книгата "за кого бијат камбаните" да ми даде некој???
 
Имам едно прашање во врска со правописот и ми треба помош од некој што точно го знае одговорот.Дали откако ќе се почне една реченица во која сакаме да набројуваме, компонентите, деловите што ги набројуваме ги пишуваме секој од нив во нов ред, дали тие се пишуваат со голема или мала почетна буква?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom