ANIME (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата HCL
  • Време на започнување Време на започнување
За фановите на Hayao Miyazaki, после година дена почна да се врти торент од The Boy and the Heron, а во кратки црти :

По загубата на својата мајка за време на војната, младиот Махито се преселува на имот на село. Таму Махито доживува серија мистериозни настани кои го водат до една затскриена и древна кула, дом на сивата чапја. Кога ќе исчезне и маќеата на Махито, тој ја следи сивата чапја во кулата и влегува во мистериозен свет, нешто како свет на мртви и живи суштества или задгробен живот. Попатно се спријателува со сивата чапја која му е заштитник и водич низ тој мистериозен свет, а трагаајќи по својата маќеа попатно трага и по самиот себе.

Горе доле, успешен проект но со повисоки очекувања од Hayao Miyazaki, пред се поради стандардите кои ги постави со Spirited Away ... успешно но сепак очекував поголема длабочина во приказната.

MV5BZjE1MzJlNjYtNDI3ZS00MzRkLTlhMDYtNDU5YWU3YTI3Yzg0XkEyXkFqcGdeQXVyMTUzMTg2ODkz._V1_.jpg
 
успешно но сепак очекував поголема длабочина во приказната.

90% од коментарите што ги прочитав на различни места се сведуваат горе доле на ова. Сепак, ќе се гледа.
 
90% од коментарите што ги прочитав на различни места се сведуваат горе доле на ова. Сепак, ќе се гледа.
таман работа сепак е masterpiece, подобро е од 95% од се што има излезено последниве неколку години.
 
Delicious in Dungeon ми е просечно аниме. Анимацијата е прекрасна, фокусот е да ја најдат Фалин, и дур ја бараат убиваат чудовишта, ги готват и јадат итн. Имаше нешто и со Златното Кралство, не се сеќавам. Најавена е и сезона 2. Можно е да ја гледам онака само.

Најдоброто аниме со зандани е Соло левелинг според мене.
 
Последно уредено:

Да Корејците одсекогаш имале добри адаптации, не се промашиле досега ниедно аниме.
 
Уште не сум го прегледал Solo Leveling, мангата беше врв. Знам дека авторот почина пред некоја година, не знам кој и како продолжи со издавање на нови поглавја, а излагаат се уште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom